- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
Што пишува во Енциклопедија за Колишевски?
4 октомври 2009, 23:23
Напишаното за Лазар Колишевски во Македонскат енциклопедија на МАНУ која пред неколку дена беше повлечена, беше уште еден аргумент за слабостите на Енциклопедијата. Што точно е напишано за Колишевски? Еве шанса сами да оцените дали аргументите за него се во ред или не:
КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев (Свети Николе, 12. 02. 1914 - Скопје, 6. 07 2000) - металски работник, комунистички и национален деец, народен херој на Југославија и државник - претседател на првата влада на НРМ, организационен секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Го завршил Военозанаетчиското училиште на Военотехничкиот завод во Крагуевац и се вклучил во комунистичкото работничко движење како член на СКОЈ (1932) и на КПЈ (1935). Бил секретар на партискиот комитет во Военотехничкиот завод, каде што работел, организационен секретар на Окружниот комитет на КПЈ во Крагуевац и делегат на Петтата земска конференција
на КПЈ (Загреб, 1940).
Поради политичката активност повеќе пати бил апсен и прогонуван.
По одлука на ПК на КПЈ за Србија, заради формирање организација на КПЈ, бил испратен на партиска работа во Смедеревска Паланка (почетокот на 1941). Потоа, по одлука на ЦК на КПЈ, бил испратен за организационен секретар на ПК на КПЈ за Македонија (септември 1941), каде што дошол во отворен судир со ставовите на Методија Шаторов-Шарло.
Како раководител на Покраинскиот воен штаб, бил еден од организаторите на оруженото востание во Македонија, но наскоро бил уапсен од бугарската полиција (почеток на ноември 1941) и бугарскиот Воен преки суд во Охрид го осудил на смрт. Подоцна казната му била заменета со доживотна робија, а ја издржувал во Плевен (Бугарија) до капитулацијата на фашистичка Бугарија (8. 09 1944). Иако в затвор, во отсуство бил избран за секретар на новоформираниот ЦК на КПМ (19. 03. 1943 - јули 1963). Во отсуство бил избран и за делегат на Второто заседание на АВНОЈ (1943), за член на Президиумот на АВНОЈ и делегат за Првото заседание на АСНОМ. На Второто вонредно заседание на АСНОМ бил избран за претседател и кооптиран за претседател на Работното тело при Президиумот на АСНОМ.
По Ослободувањето бил претседател на првата Влада на НРМ (16. 04. 1946) и претседател на Извршниот совет на НРМ, член на ЦК на КПЈ/СКЈ, републички и сојузен пратеник, претседател на Народното собрание на НР Македонија, кандидат за член на Политбирото на ЦК на КПЈ, член на Извршниот комитет на ЦК на СКЈ, член на Претседателството на ЦК на СКЈ, член на Главниот и на Сојузниот одбор на Народниот фронт, претседател на Сојузниот одбор на ССРНЈ (1953-1967), претседател на Главниот одбор на ССРНМ, член на Претседателството на Сојузниот
одбор на ССРНЈ, член на Централниот одбор на Сојузот на борците од НОВЈ, секретар на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, член на Советот на Федерацијата (1967-1972), член на Претседателството на СКЈ, потпретседател и претседател на Претседателството на СФРЈ по смртта на Ј. Б. Тито (1972-1984), како и на други раководни должности.
Сиот работен век бил доследен спроводник на политиката на КПЈ, но водел сметка и за националните интереси на Македонија и македонскиот народ. По негова иницијатива и под негово раководство се формирани низа македонски национални научни и културни институции. Тој бил еден од ретките југословенски револуционери што имал храброст да му се спротистави на некои ставови на Ј. Б. Тито. На седницата на Извршниот комитет на СКЈ (18–19. 02. 1963), меѓу другото, се заложил за 'Лениновата дефиниција на рамноправноста на нациите: никаква привилегија ниту за една нација, ниту за еден јазик... Југословен (кога станува збор за јазикот) може да се смета оној што не е обременет со разни предрасуди кон македонската и словенечката нација и јазик, туку настојува да ги запознае културата и јазикот на тие нации. Владеењето на трите јазици, подвлеков: на трите јазици, една е од претпоставките за зацврстување на југословенството, а не обратно: инсистирањето на српскиот јазик како владејачки јазик! Впрочем, кога се работи за рамноправност и на нациите и на нивните јазици, бројот и големината на една нација не може да има никаква улога за поголемата од друга нација или помалку развиена нација.'
Почина како пензионер повлечен од јавниот живот. Автор е на историографски, политички и публицистички изданија. Целиот богат личен архив и својата библиотека пред смртта ги предал на Архивот на МАНУ. Носител е на Партизанска споменица 1941, Орден народен херој на Југославија, Орден на народното ослободување, Орден јунак на социјалистичкиот труд и други високи домашни и странски одликувања.
Автори на одредницата: Симо Младеновски и Светомир Шкариќ
http://kubura.com.mk/index.php?opti...21-32-12&catid=6:2008-09-05-14-12-33&Itemid=5
Еден партизан, колку војвода и гемиџија заедно
http://kubura.com.mk/index.php?opti...23-29-12&catid=6:2008-09-05-14-12-33&Itemid=5