Македонска енциклопедија

Да дополнам за уште едно место каде што е објавен линк на јавен медиум. Сајтот на Он.нет
п.с. се работи за торент фајл.

Моментално 125 сидери и 404 личери.
 
За да биде согласно со правилата на форумот, наредниот линк што го имам поставено не е директен линк за симнување на енциклопедијата, туку линк до сајт каде што се поставени директните линкови за симнување на енциклопедијата.

http://ewarez.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2986&Itemid=1
 
DQkPM.png
 
Ристовски не дозволува новиот тим да ја менува Енциклопедијата

Новата редакција што ќе ја формира МАНУ може да направи нова енциклопедија, но не може да ги користи материјалите од првата, порача денеска главниот редактор Блаже Ристовски.


Редакцијата и понатаму смета дека нивното дело е сосема солидно, па затоа не планира да направи никакви отстапки. Ставот ќе го формализира утре на седница на редакцискиот одбор во проширен состав.


„Тие можат да си формираат своја редакција и да направат своја Енциклопедија, меѓутоа неможат да ги користат материјалите од оваа Енциклопедија. Оваа Енциклопедија е завршена работа. Вие знаете законите какви се, тука има авторски права кои се заштитени. Овие текстови неможат да ги користат некои други редактори, без посебен договор со авторите“, изјави Блаже Ристовски


Претседателството на МАНУ денеска ги разгледуваше записниците на одделенијата во Академијата, кои секоја во својата област минативе 2 недели даваа забелешки за одредниците. Општ заклучок од сите е дека се направен премногу грешки и пропусти во Енциклопедијата за таа да може да биде корегирана.


Академиците бараат сосема ново издание.
„Што повеќе ја гледаме оваа книга, заклучуваме дека таа не треба да оди вака кај читателите, бидејќи дава неадекватна претстава за сите тие работи кои во неа се опфатени. И главна дилема е да се прави нова енциклопедија, или оваа да се поправа. Според мене ова неможе да се поправи“, вели Милан Ѓурчинов.
МАНУ денеска одбра да молчи. Нема информации дали и какви заклучоци донело претседателството. Единствено е познато дека во четврток во 17 часот ќе продолжи вонредната седница на Собранието на МАНУ.
 
Браво за Блаже, ми се допаѓа цврстиот став. Фино што му текнало да ги јебе малку со авторските права.
 
Дали овој став на академикот ќе е издржан пошто нели е вработен во МАНУ и работата со енциклопедијата како што знам оди преку таа институција, а со буџет од државата. Според тоа дискутабилно е тоа, како вработен и на платен список од институцијата, со средства за истражувањата од истата институција... дали има право на сопственост врз овие материјали кои се досега користени.

Изгледа ќе следат нови епизоди од серијава.
 
Тие очекуваат да се извршат темелни корекции во повеќе спорни одредници посветени на историјата и идентитетот на Власите и маргинализирањето на значајни личности. Заради тоа, се залагаат за изработка на нова енциклопедија, а веќе еден месец работи координативно тело од доктори на науки, историчари и филозофи, кои се спремни да придонесат за надминување на влашкото обезличување во спорната енциклопедија,особено во одредниците за Власите на Балканот и во Македонија.
„Нашите забелешки во одредницата за историјата на влашкиот народ , каде што, навистина сме обезличени, или во одредниците каде што се спомнуваат значајни личности и настани , во кои одредници е за срам и жал на Македонија да го нема првиот претседател на привремената влада на Крушевската Република, господинот Вангел Дину, навистина е спорно“, рече на денешниот прес, професор д-р Никола Бабовски, претседател на ДС на Власите.
Покрај маргинализирањето на значајните историски имиња на Власите од илинденскиот период, на денешниот прес во Битола, беше речено, дека се прескокнува влашкото потекло на Тоше Проески и на Мајка Тереза.
 
Аман веќе, има некој од Марс, Венера...да си каже желба за у енциклопедија? Клингонци?
Се ми се чини, ако сите вака почнат со желби (ако ги прифатат) дека вторава ќе ја доупропастат начисто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom