Тие очекуваат да се извршат темелни корекции во повеќе спорни одредници посветени на историјата и идентитетот на Власите и маргинализирањето на значајни личности. Заради тоа, се залагаат за изработка на нова енциклопедија, а веќе еден месец работи координативно тело од доктори на науки, историчари и филозофи, кои се спремни да придонесат за надминување на влашкото обезличување во спорната енциклопедија,особено во одредниците за Власите на Балканот и во Македонија.
„Нашите забелешки во одредницата за историјата на влашкиот народ , каде што, навистина сме обезличени, или во одредниците каде што се спомнуваат значајни личности и настани , во кои одредници е за срам и жал на Македонија да го нема првиот претседател на привремената влада на Крушевската Република, господинот Вангел Дину, навистина е спорно“, рече на денешниот прес, професор д-р Никола Бабовски, претседател на ДС на Власите.
Покрај маргинализирањето на значајните историски имиња на Власите од илинденскиот период, на денешниот прес во Битола, беше речено, дека се прескокнува влашкото потекло на Тоше Проески и на Мајка Тереза.