Македонска енциклопедија

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Секое ново издание на секоја енциклопедија насекаде во светот предизвикува расправа, дискусија, дебати, но никаде досега таа расправа не завршила со тужба до издавачот на енциклопедијата, во македонскиот случај тужба на Демократската унија за интеграција (ДУИ) до Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Секаде таквата расправа завршува со ново издание на енциклопедијата, со дополнето издание, со научна потврда на промените, а не со политички притисок за неминовна ревизија и незадоволни амбасади. Сите наеднаш заборавија на значењето на ова издание за Македонија, за големиот издавачки потфат и за отвореноста за дополнувања и промени на секое вакво енциклопедиско издание. За ова нема расправа. Ама има демонстрации пред МАНУ од страна на квазиневладини организации и нивни членови што не прочитале ни дел од енциклопедијата, ама затоа кристално јасни им се политичките рамковни инструкции за ваквите протести.

- Првата македонска енциклопедија го загрозува уставниот мултиетнички карактер на Македонија, поттикнува меѓуетничка омраза, ја фалсификува историјата на албанскиот народ, тешко ги навредува чувствата на секој Албанец, им нанесува штета на односите со нашите американски и британски пријатели и со целиот цивилизиран свет. Бараме МАНУ што поскоро да ја повлече скандалозната енциклопедија, да ангажира албански експерти во подготовка на историјата на Албанците во Македонија, јавно да им се извини на албанскиот, американскиот и на британскиот народ и да ги осуди ставовите на Блаже Ристоски. Во спротивно, ќе сметаме дека истите ставови ги дели и МАНУ. Истото го бараме и од Владата, која е поддржувач на овој проект - изјави пред зградата на МАНУ Лимани Авдија, претставник на граѓанското движење „Разбуди се“. СПОРЕД ОВАА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗГРАДАТА НА МАНУ Е „МЕСТО НА ЗЛОСТОРОТ“, РЕДАКТОРОТ Е БЛАЖЕ РИСТОСКИ, А ЧЛЕНОВИТЕ НА МАНУ СЕ СЕНИЛНИ.
И други партии и невладини организации на Албанците во Македонија побараа МАНУ веднаш да ја повлече првата македонска енциклопедија и да им се извини на Албанците затоа што со тврдењата во енциклопедијата тешко ги повредила нивните чувства.

Мендух Тачи, претседателот на Демократската партија на Албанците, веќе најави и основање на паралелна академија на Албанците во Македонија, која ќе подготвела автентична енциклопедија на Албанците. Се најавуваат и протести и кампањи и по средните и основните училишта за бојкот на содржините што „на сличен начин ја фалсификуваат историјата“.

Албанците сметаат дека Енциклопедијата е фашизоидна, националистичка и навредлива за нив.

ДУИ најави дека ќе ја тужи МАНУ поради, според нив, лагите за доселувањето на Албанците на овие простори и за нивниот лидер Али Ахмети.

- Не требаше да дојде до оваа огромна грешка, за која почнуваме да мислиме дека е намерна. Во овој момент, кога на државата и треба целосен политички и етнички консензус, да се настапи со такви ниски удари врз другата најголема етничка заедница, треба или да не си нормален или намерно да преземаш чекори во полза на сопствената штета - изјави Џевад Адеми од ДУИ.

Тој најави дека ДУИ како дел од Владата пожестоко ќе бара кривична одговорност за тие што ги злоупотребуваат народните пари. Нова демократија (НД) бара премиерот Никола Груевски да се огради од напишаното во Енциклопедијата. ДПА ги повика членовите-Албанци во МАНУ (Алајдин Абази, Луан Старова и Али Алиу) да поднесат оставки од функциите.

МАНУ сé уште нема изграден став

Претседателот на МАНУ, академикот Георги Старделов, вчера не беше достапен за изјава. По лавината реакции што ги предизвика дел од содржината на новата македонска енциклопедија, особено меѓу албанскиот политички блок, Старделов викендов за дел од електронските медиуми изјави дека МАНУ ќе ги почека сите критички забелешки и дури потоа ќе го изгради својот став.

На промоцијата на Енциклопедијата Старделов рече дека енциклопедијата произлегува од принципот на мултикултурализмот, а не од принципот на етноцентризмот.

- Ова е прва македонска енциклопедија ослободена од туѓи историски наслојки и толкувања, која резултира од принципот на мултикултурализмот, а не од етноцентризмот. Тоа не е само енциклопедија на македонскиот народ, туку и на македонската држава - рече Старделов на промоцијата на „Македонската енциклопедија“ минатата недела.

Албанците во енциклопедиите

Енциклопедијата „Википедија“ ги дефинира Албанците како етничка група што често се поврзува со Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.

„Друго име за Албанците е Албанци, термин што потекнува од нивното име на албански и кој во македонскиот јазик се смета за навредлив и омаловажувачки“, стои на „Википедија“. За Али Ахмети пишува дека одлежал две години затвор за противуставна дејност во РМ. „Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и за одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско, работниците на ГП „Маврово“, Карпалак, Вејце, исклучување на водата за пиење во Куманово од браната Глажња.

„Британика“ пишува дека потеклото на Албанците не е точно утврдено, но дека лингвистичките, археолошките и антрополошките проучувања водат до заклучок дека Албанците потекнуваат од античките Илири.

Спорните одредници

На стр. 32 под одредницата Албанците во Македонија стои:

„Најбројна етничка заедница во РМ, дел од албанскиот народ што ги населува западните простори на Балканскиот полуостров. Кај другите балкански народи се познати и како Арбанаси, Арнаути или Албанци (Планинци). По вероисповест се главно Муслимани. Доселувањата во Македонија се забележуваат главно по 16. век. Незабележително се доселувале веќе исламизирани... Биле користени качачки банди што го тероризирале македонското население и го присилувале да се иселува. Во македонските домови и села се населувале албански семејства...“ На стр. 104 под одредницата Али Ахмети е напишано:

„Азилант, врховен командант на ОНА, лидер на ДУИ, пратеник. Личност со контроверзна улога на внатрешен и на меѓународен план. Лидер на Студентското движење на Косово (1981-1983), по политичкиот азил добиен од Швајцарија (1986) координатор на косовските/албанските групи, лидер на студентско-рударските протести во „Трепча“ во Косовска Митровица против режимот на Милошевиќ и главен организатор на протестите на албанската дијаспора во Европа (1989-1990), командант во Ослободителната армија на Косово во Косовската војна (1999), врховен командант на ОНА (2001) која во јуни 2001 г. од САД официјално е прогласена за терористичка организација, а Ахмети ставен на црната листа на лицата со забранет влез во САД (подоцна и во Швајцарија и во други европски држави); обвинет од правосудните органи на РМ за сторени воени злосторства во РМ во 2001 г., претседател на Демократската унија за интеграција (од 2002); пратеник во Собранието на РМ (2002-2006; 2006-).“

Извор

Што мислите вие за ова издание на македонската енциклопедија?Треба ли да се печати ново, изменето издание или не?
 
Секое време имало свои мудреци, кои биле почитувани, учени и авторитативни...
Јас сакав да верувам дека МАНУ е место кое ги обединува мудреците и нивниот збор е поткрепен, издржан и неприкосновен.
Во каква заблуда бев...
Мизерија без граници...
 
Најпаметно ќе беше албанциве и ахмети ич да не се спомнуваат во енциклопедијава. Нека идат упм воопшто не знам што барале да ги ставаат македонска енциклопедија е не е албанска. Стварно е апсурдно што се лутат за албанец кога и самите така се нарекуваат исто ко ние да се лутиме ако не викаат македонци:uvo: а останативе термини арнаути, арбанаси итн. сите биле употребувани за албанците. Стварно не знам што му е само причина за кавга да се барало.
 
Мене ми се допаѓа како се прославивме и размрдавме со екциклопедијава.

САД и Британија не истепкаа по газето, Брисел исто не каwаше, Kосово се wути, Гелевски и Фрчко дебатираат, А1 брои редови и кажува за кој по колку е напишано...

Не знам дали треба да се печати...Знам дека ми се повраќа кога читам реакции за неа.
 
И саа некој од западо тва со се случува со енциклопедијата ке почне да говоре дека се нарушени меѓуетничките односи и некои слични с*ања, и после ке ни кажат да и кажеме чао на визната либеризација. само пратејте и гледајте...
 
Више не караат...Кревката стабилност на свети рамковен сме ја рушеле :(

Да не ме беснееше све ова, ќе ми беше интересно да гледам од страна у шо срање е увод галамава околу енциклопедијата.
 
МАНУ се покажаа како стари лузери, кои не можат да истрпат ни мал притисок, тоа е моето мислење. Луѓе без став.

Тотално лузерски потег е да се прават било какви преправки, кога веќе е издадена енциклопедијата. Или нека се држат на напишаното, или воопшто не требаше да ја издаваат енциклопедијата кога „не се баш сигурни“ дека требало да изгледа така како што е издадена. И сега што? Ќе се плеткаат до бескрај со мешовити мултиетнички (па дури и интернационални) „стручњаци“ кои ќе ја „ревидираат“ книгата за Македонија?

Сето ова во најмала рака ги прави академците смешни во очите на македонскиот народ.
 
Кога ке му покажеме на светот оти имаме balls? :jaj:
 
Настрана дечките од МАНУ...зошто воопшто да има потреба од ревизија?
Зошто треба да се јавуваат амбасади и други држави кои ќе не поучуваат?

Или треба да престанеме да се лажеме нарекувајќи се држава, и фино да си се пишеме протекторат?

Патем, што е следно? Ни романи више не ќе може да пишуваш без цела меѓународна и албанците од трите држави да ти ревидираат?

Срамно и страшно е ова.
 
"vec vidjeno"....ko i sekogas....kucinjata lajat....karvanite si vrvat...seiri...
 
зошто воопшто да има потреба од ревизија?
Затоа што вистината БОЛИ :toe:
А на нашиве "академици" им падна многу жал што ги увредиле со вистината и сеа ќе се печати ново издание,за кое повторно владата на РМ на чело со Н.Г ќе одвои ПАРИ.:tapp:
Зошто треба да се јавуваат амбасади и други држави кои ќе не поучуваат?
Па странците ја знаат многу повеќе историјата на Македонија,пошто они ни ја пишуваат.
Како ни свират,така си играме

Или треба да престанеме да се лажеме нарекувајќи се држава, и фино да си се пишеме протекторат?

Патем, што е следно? Ни романи више не ќе може да пишуваш без цела меѓународна и албанците од трите држави да ти ревидираат?

Срамно и страшно е ова.
Ако сме држава,тогаш треба да имаме ЦВРСТ СТАВ кој НЕМА ДА ГО МЕНУВАМЕ,а не при првиот притисок да спуштиме долен веш и да не e*e кој стигне.
И ако веќе академиците од МАНУ планираат да ја менуваат македонската енциклопедија,нека ја сменат.......КОРИЦАТА:toe:
Под насловот МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА нека стават слика од МАКЕДОНСКИОТ ЛАВ.
 
Хм, вака да дигнеа Брисел и Вашингтон прашина кога пишуваше во Британика за нас? Хм, пишуваше тикви, кога јадеа го*на за нас, за нашето потекло, за Самоил, Александар...него ајт, курвински земји се тоа, не ме ни чуди, но ме чуди кога некој истите ги става на највисок пиедестал. Шведска демокрација, Германи, Брисел...налет.

А за МАНУ појма немам, океј се, али ...цел свет ако јаде бубрези + Али со машинка ако се заканува...што друго :toe: како и за се, исти к.
А добро, нема академици албанци што учествувале у ова? Не мора академици, некои соодветно образовани и искусни лица-албанци кои ќе имаат придонес и сугестии за време на создавањето на Енциклопедијата? Или немало????

А на нашиве "академици" им падна многу жал што ги увредиле со вистината и сеа ќе се печати ново издание,за кое повторно владата на РМ на чело со Н.Г ќе одвои ПАРИ.:tapp:
ха, на момент и мене ми текна за ова, свежи пари...ммм :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom