Едно вредно парче гардароба или повеќе парчиња за истите тие пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Се имам многу пати заебано со тоа „пфф три пара ќе земам за тие пари“ .
На пример со фармерки. Видов едни фармерки кој ми се допаѓаа и коштаа 2300 ... а видов два слични пара (не до толку кејфски ) кој што коштаа по 1100 денари.
Секако ги земав тие од 1100 , меѓутоа после 1 месец носење ми се скинаа . Зашто ? Неквалитет. Затоа беа поевтини :).
Од друга страна пак пред 4 години си купив еден дуксер за цена од 3200 денари , ама до ден денес ништо не му е на дуксерот... Уште си го носам и ќе го носам. Не дека гледам фирма додека купувам ама некој фирми се поскапи со причина.
За патики признавам гледам фирма , бидејќи навистина прави разлика.
 
Секогаш кога купувам нешто тргнувам со намера да си купам повеќе поефтини парчиња,само во пракса ова никогаш не ми успева.А многу сакам,ама најчесто во око ми паѓа нешто скапо и морам тоа да го купам,оти сум сигурна дека и да купам илјада други поефтини тоа што ми се допаднало ќе го сонувам и ништо од тоа што ќе го купам нема да го носам со мерак.

Многу си ја мразам оваа слабост за скапи работи и ретко да ми се допадне нешто поефтино или немам среќа да налетам на нешто добро,а ефтино.Не гледам марки и затоа баш ми е чудно ова.Кога купувам со некого,одбирам нешто и пред да прашам за цената викам "пази сега,ова ти е најскапа чевла пр во продавницава",и најчесто следува потврда,а јас превртувам очи.:) Најтрагично е што ако имам толку пари го купувам.:uvo:
 
Па зависи за што. Некогаш некое парче облека ќе "ми влезе под кожа" и не можам да се смирам додека не ги купам не размислувајќи дали за истите пари може да купам повеќе работи, некогаш пак кога подобро ќе размислам и ако имам повеќе време за шетање или не ми се брза за да ја имам облеката, гледам да најдам за истите пари 2 или 3 работи.
Се' зависи од моментално расположение, од расположливото време за шетање и најважно од расположливи парични средства за трошење.:pipi:
 
јас едно парче би купил, дека ке се шинам од носење, а ако купам многу работи ке си ги изберам 2-3 што ми се свиѓаат најмногу и само нив ке ги носам, а другите ке фаќаат простор во шкаф....
 
Кој знае каде има некое гоолемо зимско капче(за глемо глави луѓе) во СК. Да бисе во поурбан стил нешто...?
 
Јас кога купувам гледам на средина , ниту многу скапо ниту ефтино.Но не купувам марка.
Преферирам да купувам повеќе парчина на гардероба за истите тие пари што ќе купиш едно парче(марка), можеш почесто да се менуваш.Нормално дека не може да си нон стоп со едно парче облека.А така ќе си се подновуваш често, и ќе имаш избор што да облечеш.
 
За патики не жалам пари, дефинитивно. Пред 4 години купив од Roxy и ги носам и ден денес, ни’ малку не се оштетени. Дури и на снег ги имам носено.
Ова важит стриктно за патики. Инаку кога се работит за други парчина алишта не се водам според ова „правило“, не гледам секогаш марка да е. Се десило да купам марка дуксерка или друг пат 2-3 такви ама квалитетни и во двата случаи сум била задоволна.
 
Зависи за што купувам. Маички наменети за одење на плажа - гледам да има повеќе и да се поевтини, и така обично траат по две сезони преку сила. Фустани, штикли, фармерки, убави блузички - гледам да се вредни.
 
Зависи. Ако видам нешто што стварно ми се свиѓа, и е ефтино, ќе го купам. Ако најдам нешто во што буквално ќе се заљубам на прв поглед, ќе го купам. Затоа што не заработувам, може и да се случи мајка ми да искоментира нешто за да ме предомисли, но во моја корист е тоа што паѓа на треп-треп. Но да купам нешто што не ми се свиѓа затоа што е ефтино, подобро ќе носам стара и искината гардероба се додека ми се свиѓа. Кај мене може да се најде и нешто премногу скапо и нешто за кое сеуште не ми се верува како е можно да било толку ефтино а преубаво. Во принцип, Скопје и не изобилува со премногу скапа гардероба.
 
Се што е квалитетно, е воедно и премногу скапо тука. Но, затоа ако ги знаеш деновите кога започнуваат попустите во поквалитетните продавници како Спрингфилд, Котон, Манго, Бата, тогаш може да си земеш преубава квалитетна облека за помалку пари. На пример, јас на попуст од 6700 јакна од спрингфилд ја земав 2600, а од бата чизми што беа 6600, ги земав 3300. Значи, само за цената на јакната ја сум ќарила и чизми :)
 
Јас како се имам зезнато со тоа "штедење" пари,гледам едни фармерки 2.500 мн јаки и си викам ај ќе прошетам па ќе видам може боље ќе најдам.И најдов едни 1000 ден :kesa: слични на тие јаките и си викам јессс уштедив и ги зае*ав тие за поефтини пари исти најдов. После се испостави дека не биле баш исти и верувале или не во задните џебови имаше како песок малце :tapp: :nesvest: Ова од една продавница во гтц карши пирамида (немој да сте се за*бале како мене) И од тогаш од 2.000-3.000 ден фармерки си земам ама знам дека вредат.
 
ако ефтино и ми се допаѓа ке го купам , а иа ко е скапо и ми се допаѓа ке го купам :)
 
Едно ама вредно.:toe:
Кога ќе купам купено да биде.Не 100 парчиња никакви, за џабе парите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom