Тоа е оној инстинктивен, базичен начин на селекција на партнер (порано тоа било најмускулестиот/најуспешен тип у племето, денес е оној со најдобра кола/други опипливи статусни симболи).
И тоа е онаа базична, "примитивна" моќ, која ја убедува жената дека тоа е партнер кој ќе овозможи сигурна иднина за нејзе и нивното потомство.
Пошо неговата моќ е опиплива, мерлива...кола, рачун у банка, број на "поданици".
Кај уметникот го немаш најчесто тоа.
Затоа и тој не се смета за моќен на таков начин. Тој има идеја, талент, способност...али тие не се јадат и не ранат деца.
Но, сепак, има моќ која е посуптилна и која знае да биде многу посуштинска(па, и поголема) од онаа на директор на некоја корпорација.