Бон-тон

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
бон-тон автобус...бон-тон училиште пред професори,
секогаш пуштам место кон постари (машки-женски) па и девојки од моја генерација.... у школо или продавница...со зборорви повелете, фала, молам, пријатно трте мрте :XD:

Колку сметаш дека младите го почитуваат бон-тонот?
Јас верувам дека преееемалку.
А поголемиот број на форумов се тинејџери. Темава е пред се за нив.
Напишав дека културата оди со годините, мислам дека си и постар. Така да памтиш која култура си ја имал на твои 15/18/20 години и која ја имаш сега. Извини ако не си постар како што мислам :)

Така да очекувам пред се мислење на помладите на оваа тема. Кои немаат ни Б од бон-тон :smir:
па да не почитуваат...али јбг..јас кога ќе пуштам место на постар...другарми вика што се глупираш седи си...но ете непријатно ми е постар човек да стои пред мене а јас да седам...:toe:
 
Колку сметаш дека младите го почитуваат бон-тонот?
Јас верувам дека преееемалку.
А поголемиот број на форумов се тинејџери. Темава е пред се за нив.
Напишав дека културата оди со годините, мислам дека си и постар. Така да памтиш која култура си ја имал на твои 15/18/20 години и која ја имаш сега. Извини ако не си постар како што мислам :)

Така да очекувам пред се мислење на помладите на оваа тема. Кои немаат ни Б од бон-тон :smir:
Темата е во ред, но се фатив на твојот увод во кој ти предвреме како да наметна и одговор кој на сите ни е многу јасен. Значи повеќето не само што немаат ни Б од Бон-тон, туку и не знаат воопшто што е тоа, останатите знаат што е, но не се однесуваат според него. Е, а еден сосема мал дел се мисли дека се однесува но не 100%. Се на се недостаток кај сите нас како резултат на голем број на причини. За причините друг пат за да не се оддалечиме од темата. Инаку лично сметам дека и самото однесување по Бон- тон како култура на живеење бара исполнување на многу предуслови. Јас се однесувам по Бон- тон, онолку колку што дозволува нашиот амбиент и менталитет. Или речено со други зборови некои правила од Бон- тонот ги адаптирам според нашите услови.

П.С. Се извинувам ако бев груб при реплицирањето на твојата тема :smir:
 
Не почитувам бон-тон во автобус кон постари луѓе, дури еднаш го употребив вицот од К-15. :kesa:

:pos2::pos2::pos2::pos2: еднаш у 57мица,идев накај чаир... и немаше слободни места за седење, а влезе мајка со две мали деца... и некој нестанува,али една баба кога се развика на еден дечко...аиии комедии... стани бе ти! нели гледаш дека жената е со мали деца...:pos2::pos2: ова е вистинска случка...
 
За отстапување место во автобус ретко ја имам таа прилика, дека нема градски автобус во Струмица, а да го правам тоа на меѓуградски релации не планирам, освен во екстремни ситуации.

Понекогаш, намерно се заборава на бон-тонот поради тоа да се биде „кул“ во друштво.

За мене сметам дека почитувам некои правила на бон-тон...
Точно дека никој не е совршен, не сум ни јас. :toe:
 
Бон-тонот со други зборови е културата на живеење. Која ние тука многу малку ја имаме. Во други држави постојат книги, курсеви и луѓето се трудат да ја имаат таа култура.

Фино што ја отвори темава, само уште фали едукативниот аспект. Те молам, наведи ги конкретните правила на бонтонот, за различни ситуации, за да можеме да одредиме колку ги почитуваме. Вака како што е поставено испаѓа дека регулира само однесување во автобус.

Бледо се сеќавам дека како мала татко ми ми купи едно книже А5 формат „Бон тон за деца“. Ама јас некултурна све сум испозаборавила :)
 
Фино што ја отвори темава, само уште фали едукативниот аспект. Те молам, наведи ги конкретните правила на бонтонот, за различни ситуации, за да можеме да одредиме колку ги почитуваме. Вака како што е поставено испаѓа дека регулира само однесување во автобус.

Бледо се сеќавам дека како мала татко ми ми купи едно книже А5 формат „Бон тон за деца“. Ама јас некултурна све сум испозаборавила :)
Па не постојат официјални бон-тон правила. Бон тонот е непишано правило, култура на живеење. Може едно нешто во Македонија да се смета за бон-тон а во друга држава тоа да е сосема некултурно.
Ќе побарам деновиве некои правила на бон-тон за кај нас, а и јас ја имам читано таа книгичка Бон-тон за деца :)
Инаку сите се фатија за автобусот, но тука е персирањето на постари лица, џвакање на мастика е некултурно во училиште, манифестации, работа, кога збориш со некое лице, потоа бон-тон за облекување бидејќи секоја пригода и место си има посебен кодекс, потоа бон-тон во ресторан и непишано правило за културно јадење. Со технологијата се раѓаат и нови бон-тон правила. Пример сите знаеме каде не треба да ни биде вклучен нашиот мобилен телефон, али сепак ретко кој почитува. Или ред во продавница, банка не секој чека сите некаде се брзаат.
Сите тие правила се напишани, но ги знаеме поголемиот број од нив, но самите ние не сакаме да ја почитуваме таа култура на живеење кај нас. Се се брзаме, хитно ни е, зашто така да се однесуваме па срамота пред другарите ...
 
бон тон единствено во автобус станувам да седнат постари луѓе, бремени жени и некои со мали деца гледам се туткаат пак ај нека седнат.
 
Да како не секогаш се однесувам убаво спрема повозраснитее луге..Кога е за станување на пример во автобус станувам:toe:Нема никаков проблем..
 
Се трудам колку што можам повеќе да почитувам бон-тон каде и да се наоѓам..Моите секогаш беа многу строги со мене во тој поглед и гледам дека се` тоа се исплатеше.
Во споредба со поголемиот дел од моите врсници,знам да бидам далеку покултурна и не ми претставува тешкотија да поздравам некој,да станам од моето место поради некој.Признавам,не сум вака добра секогаш има денови кога и мене ми се седи,кога не ми е до зборење со никој,ама ретки се.:smir:
 
Дали можат некаде да се најдат на нет сите правила за однесување? Има ли нешто како eBook за БонТон?
 
Дали можат некаде да се најдат на нет сите правила за однесување? Има ли нешто како eBook за БонТон?

Иам барано, неам најдено..
Ако најдеш, остави ми линкче на профил :)
 
Bon Ton.Pravila na bon tonot i kolku e pocituvan vo makedonija.Me zacudi koga slusnav deka pri pozdravuvanje kulturno e prvi postarite lica da im pustat raka na pomladite. :D
 
Јас па Воп Топ прочитав :pos:

И прв пат слушам дека постарите лица пуштаат први рака. Всушност и не сум забележал.. мислам дека паралелно пуштаме рака. Ама и не е само поздравуањето бон тон. Самиот пристап при поздравуањето, начинот на обраќање, погледот... Исто и начинот на изразување пред други луѓе (посебно луѓе кои се постари, почитувани, не ни се познати или допрва треба да ги запознаеме), начинот на кој го користиме приборот за јадење пред други луѓе и бла бла. Ретко кој денес на некој му се обраќа со господине, госпоѓо или госпоѓице... Освен мајките на малите деца кога ќе направат некоја беља :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom