Владата ќе дели ваучери за струја за најсиромашните

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
А

Ајсшутер

Гостин
Од средината на идната година на 50-60 илјади социјално загрозени семејства Владата ќе им ги покрива трошоците за потрошената струја




Премиерот Никола Груевски вчера на прес-конференција соопшти дека Владата подготвува законско решение со кое ќе се овозможи од средината на идната година таа да ги покрива енергетските трошоци на социјално најзагрозените семејства. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, таа бројка се движи меѓу 50 и 60 илјади социјално загрозени семејства.

На завчерашната седница Владата го донела акциониот план за намалување на т.н. енергетска сиромаштија, со кој се предвидува дел трошоци за различни видови енергенси, особено за електрична енергија за најсиромашните семејства, да се покриваат од буџетски средства. Според Груевски, за таа намена при креирањето на буџетот за 2010 година ќе бидат одвоени од 250 до 450 милиони денари.

- Со оваа мера Владата ќе субвенционира дел од трошоците на најсиромашните граѓани на Македонија. Оваа мера ќе обезбеди секој месец директна финансиска поддршка за најсиромашните граѓани, кои се соочуваат со секојдневни егзистенцијални мери и неможност да ги плаќаат сé поголемите трошоци за енергија - истакна Груевски.

Тој нагласи дека ова законско решение нема да важи ретроактивно, односно оние што имаат стари сметки ќе мора да си ги платат. Детали за начинот на распределбата не беа соопштени, бидејќи некои работи сé уште не биле прецизирани. Сепак, законот ќе треба да се подготви и да биде усвоен од страна на Собранието до крајот на годината, заедно со буџетот за 2010 година, кога ќе се обелоденат и другите детали во врска со овој закон.

- Се разгледува опцијата овој закон да се применува со издавање т.н. ваучери на најранливите и најсиромашните категории граѓани, кои ќе ги потрошат за плаќање трошоци поврзани со набавка на енергија - вели претседателот на Владата.

Груевски очекува оваа мера да профункционира кон средината на идната година, а не е одредено до кога ќе трае.

Премиерот истакна дека оваа мера е продолжение на неколку други мери за помош на најсиромашните, како што беа и условените парични трансфери, со кои им се помага на семејствата со сред
 
Од средината на идната година на 50-60 илјади социјално загрозени семејства Владата ќе им ги покрива трошоците за потрошената струја.

ќе-идно време од глаголот лажам

Аман од ќе,аман.
 
Премиерот Никола Груевски вчера на прес-конференција соопшти дека Владата подготвува законско решение со кое ќе се овозможи од средината на идната година таа да ги покрива енергетските трошоци на социјално најзагрозените семејства. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, таа бројка се движи меѓу 50 и 60 илјади социјално загрозени семејства.
Го имаат ли негде прецизирано до кое количество на потрошена електрична енергија ќе им биде платено?
Инаку можностите за злоупотреба се.........
 
Го имаат ли негде прецизирано до кое количество на потрошена електрична енергија ќе им биде платено?
Инаку можностите за злоупотреба се.........

Воне а за делов што ќе кажеш„таа бројка се движи меѓу 50 и 60 илјади социјално загрозени семејства. “ по 4 члена =120 000 социјално загрозени лица од 2 милиони народ колку посто се на раб на егзистенција?На ова додади ги и останатите семејства кои живеат со 10 000 денари месечно и ќе ја добиеш просечната плата во Македонија.
Не е залудна бројката од 30% сиромашно население,но овие 30% немаат ни струја да платат,замисли колку има што само за струја имаат и за леб месечно.
Страшни цифри за Македонија,како не им е срам да најавуваат проекти од 2010 година кој можеби ќе се остварат,можеби!
 
120 000 социјално загрозени лица

Па според заводот за вработување (упс....за евиденција на невработените и делење сини картони) ќе да се бар дупло....секое полнолетно лице а не е студент кое е издржувано лице е социјално загрозено....
...се прашувам има ли негде евиденција колку работоспособни лица чекаат тањир со јадење од постарите пензионирани членови на семејството....

Не е залудна бројката од 30% сиромашно население

И оваа бројка ќе да е истресена од ракав.......пласиране е бројка а нигде не се спомнати критериумите како е дојдена до неа.....
 
социјално загрозени лица од тетовскиот регион:vozbud:

Хехехе,ќе испадне дека треба да им платиме на ЕВН повеќе пари одколку што дале за да ни ја купат дистрибуција.:jaj:
 
Имаше една тема за активирање на активисти и медиуми на терен-од оваа есен. Дали со вакви изјави и (наводни) планови го започнуваат карванот на љубовта низ Македонија?

Инаку, кој е критериум за социјално загрозено лице, официјална невработеност или имот, приход...?
 
Една од мерките за да се повлече меѓународната тужба на ЕВН...

Ова е дел од наплатата кој е најпроблематичен и скоро извесно ненаплатен во иднина. Владата се обврзува да го покрива...

Им посакувам уште поголеми мозочни екскурзии во иднина...
 
Знае ли некој во колкав износ ќе биде помошта и кои семејства ќе бидат опфатени, дали сите оние семејства кои што земаат социјална помош?
 
Знае ли некој во колкав износ ќе биде помошта и кои семејства ќе бидат опфатени, дали сите оние семејства кои што земаат социјална помош?
Ne znam.
Toa sto znam e deka ke rabotam, za da zarabotam pari za power, i nema da smetam mnogu na ovie vetuvanja. No vo sekoj slucaj, ke bidam prv sto ke gi prifati.

Хехехе,ќе испадне дека треба да им платиме на ЕВН повеќе пари одколку што дале за да ни ја купат дистрибуција.:jaj:
Mepso e na vladata...
Ostavija evn i teraj ponatamu so nuklearkata.
 
Ne znam.
Toa sto znam e deka ke rabotam, za da zarabotam pari za power, i nema da smetam mnogu na ovie vetuvanja. No vo sekoj slucaj, ke bidam prv sto ke gi prifati.
Mepso e na vladata...
Ostavija evn i teraj ponatamu so nuklearkata.

Како да ја оставам бе кога за цена на струјата од 4 евроценти на светскиот пазар моментално,ЕВН ни наплаќа и по 12 евроценти од киловат/час.Особено не ја оставам кога знам дека во ноќните шпицови цената на струјата паѓа и по 1-2 евроценти за киловат/час,ама ЕВН нам ни наплаќа пак по 12 евроценти,значи и по 10 пати поскапа струја одколку насекаде во светот.Или мислиш дека сме сите будали па не го знаеме тоа?:toe:
 
Една од мерките за да се повлече меѓународната тужба на ЕВН...

Ова е дел од наплатата кој е најпроблематичен и скоро извесно ненаплатен во иднина. Владата се обврзува да го покрива...

Им посакувам уште поголеми мозочни екскурзии во иднина...

А јас се прашувам од каде им текна ваква идеја,они на населението да му платат струја.Значи нема ништо без позадина,гол популизам,гол!
 
Еј ова Гwујовистиве на чело со фирерскиов пастир...навистина решиле ДЕФИНИТИВНО да и еб. матер на Mакедонија...и тоа баш сега кога грциве ЌЕ НЕ ПРИЗНААТ....:vozbud:
 
И сос продавници ќе отвара со 30% поефтини цени на одредени производи за сиромашните.Како сос продавница ќе биде тинекс.Може ли да обезбедат и жигови за на чело?Да не се трошат на електронски картички..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom