А
Ајсшутер
Гостин
Од средината на идната година на 50-60 илјади социјално загрозени семејства Владата ќе им ги покрива трошоците за потрошената струја
Премиерот Никола Груевски вчера на прес-конференција соопшти дека Владата подготвува законско решение со кое ќе се овозможи од средината на идната година таа да ги покрива енергетските трошоци на социјално најзагрозените семејства. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, таа бројка се движи меѓу 50 и 60 илјади социјално загрозени семејства.
На завчерашната седница Владата го донела акциониот план за намалување на т.н. енергетска сиромаштија, со кој се предвидува дел трошоци за различни видови енергенси, особено за електрична енергија за најсиромашните семејства, да се покриваат од буџетски средства. Според Груевски, за таа намена при креирањето на буџетот за 2010 година ќе бидат одвоени од 250 до 450 милиони денари.
- Со оваа мера Владата ќе субвенционира дел од трошоците на најсиромашните граѓани на Македонија. Оваа мера ќе обезбеди секој месец директна финансиска поддршка за најсиромашните граѓани, кои се соочуваат со секојдневни егзистенцијални мери и неможност да ги плаќаат сé поголемите трошоци за енергија - истакна Груевски.
Тој нагласи дека ова законско решение нема да важи ретроактивно, односно оние што имаат стари сметки ќе мора да си ги платат. Детали за начинот на распределбата не беа соопштени, бидејќи некои работи сé уште не биле прецизирани. Сепак, законот ќе треба да се подготви и да биде усвоен од страна на Собранието до крајот на годината, заедно со буџетот за 2010 година, кога ќе се обелоденат и другите детали во врска со овој закон.
- Се разгледува опцијата овој закон да се применува со издавање т.н. ваучери на најранливите и најсиромашните категории граѓани, кои ќе ги потрошат за плаќање трошоци поврзани со набавка на енергија - вели претседателот на Владата.
Груевски очекува оваа мера да профункционира кон средината на идната година, а не е одредено до кога ќе трае.
Премиерот истакна дека оваа мера е продолжение на неколку други мери за помош на најсиромашните, како што беа и условените парични трансфери, со кои им се помага на семејствата со сред