Сообраќајни прекршоци и казни

Ако може некој совет да ми даде за следнава ситуација, малку е касно ама сепак ме интересира кои ми се(биле) опциите.
Пред нецел месец татко ми доживеа сообраќајка. Возел на отворен пат со 70 км/н, а дозволено е баш 70 км/н. Пред него се движел трактор без никакви светла, а од спротива иделе возила, и татко ми нормално пуштил кратки светла, и поради тоа касно го забележал тракторот. За да избегни директен судир, преминал на другата лента. Во тој момент од другата страна наидело возило, и за да го избегни и него пробал да се врати во неговата лента, но бил порамнет со тракторот. Двете коли се судрија странично, а нашата поради ударот малку била фрлена во десно во тркалата од тракторот. За среќа немаше ни мртви, ни повредени, само материјална штета беше причинета. Дошла полиција, но бидејќи го познавале трактористов, инсистирале татко ми и возачот на другата кола да постигнат договор и осигурувањето да ја покрие штетата. Сообраќајката се случи близу едно село, и веднаш после сударот, пред да дојди полицијата, дошле некои селани и дури му ставиле и триаголник на тракторот. Полицајците не направиле никаков записник и му рекле на татко ми да не го спомнуваат тој со тракторот. Татко ми со другиот возач се договорија, во иста осигурителна компанија беа. Татко ми во европскиот пиша дека ја признава вината во однос на другата кола. И двајцата го спомнаа тракторот во краткиот опис на сообраќајката. Е сега дали е можно без записник од полиција, осигурителната компанија да го најди трактористот, зашто очигледно не беше осигуран и беше виновен за сообраќајката...... Или ќе мора сами да си ја направиме колата?
Во која ли држава живеам, не ми се верува... :toe:
 
По нашите новокомуњарски закони, нерегистрираноста на возило не е битна за вината на сообраќајката. Но не ми е јасно, тракторот ако немал светла сепак ако го осветлиш ќе го видиш. А и да има може предходно да изгорат. Како и да е, ако се направел полициски записник ќе го плател тој што ќе повикал полиција, а на тракторот веројатно ќе му напишале казна за возење нерегистриран трактор
( а што може и да ја скине ако има врски таму). Првичната несреќа е судир меѓу 2 регистрирани возила, после дошло до одбивање во тракторот. Не се надевајте дека Осигурителните компании ќе бркаат заедничка одговорност, посебно не кон неосигурено возило. Тие тужат само ако треба да намалат штета што ќе ја плаќаат. Ние имавме случај каде имаше и записник, па и лесно повреден, па осигурителната не сакаше да провери дали другото возило е осигурено, полицијата во записникот ја смува работата, а по број на таблица од другото возило добив написмено дека не бил регистриран... е сега дали тој подмачка во компанијата да не чачкат, имаше голема штета, незнам. Нам многу не ни влијаеше тоа, едино ако дојде до приватни тужби да го оспориме записникот, т.е. да се бара вина и од другото возило ( или во вашиот случај од третото возило)
Колку е вкупната штета на 2-те возила ?
...има еврокаско 300мкд што покрива до 200 евра штета, мирна глава...
 
Прв болд: Возел со кратки светла бидејќи од спротива иделе повеќе возила, кога го забележал на 10-тина метри, не можел да закочи а да не се удри во тракторот.
Не се забележува така лесно неосветлен трактор. Пред некој ден се враќав со комбе од на работа, на 500 метра пред сообраќајката, возачот на комбето ке удреше во трактор полн со сено. Никакви возила не идеа од спротива,возеше со долги а сепак не го забележа. Среќа што тогаш претекнавме едно возило, и не беше вратен во лентата, па имаше простор за маневри, инаку не знам што ќе се случеше. Од секогаш во овој регион така си возат со тракториве и никој ништо не презема упм.
Втор болд: Не знам колку е вкупната штета, ама секако е над 200 евра. Нашето возило е повеќе оштетено, другото не е толку. Кај нас треба нова врата кај возачот и крилото да се испегла. Крилото и не е многу оштетено ама вратата е уништена.
 
Treba li elekot da se ima za vozenje po magistrala/avtopat?
 
мене нешто друго не ми е јасно... се најавува одземање на возачки за возење со 50+км/ч. Од друга страна во условите за Каско осигурување, пари даваат под услов да не си возел побрзо од дозволена брзина х 1,5 ( или +50%)???
 
Здраво, ме интересира ако поминам пешачки на необележано, а не ми земат документ за идентификација, т.е само им кажам име презиме и адреса, ќе ми стигне казна дома или како? Не ми дадоа никаков лист нешто да се плати
 
Не би требало, без матичен број шо знам... ама мене така ми направија копилињата (ме идентификуваа со лична карта), прво ме пуштија да си одам демек со усна опомена, а после 2 години ми стига дома писмо да платам 2000 денари, со образложение дека не сум сакал да ми пишат казнени поени и сум одбил да потпишам записник. Глупости :D Копилето шо ја пишало казната отишло у пензија, шо ќе му прајш...
 
Здраво, дали знаете што се случува и која е процедурата ако сакаш да платиш казна а рокот за плаќање е поминат ? Ми пишаа казна и јас избрав да платам наместо казнени поени, но заборавив дека рокот за плаќање е 8 дена. Дали може да се плати и после тие 8 дена или те викаат на суд ? Некои ми викаат дека автоматски ти се запишуваат казнени поени иако си избрал да платиш а не си платил во рок од тие 8 дена. Знае некој за сигурно ?? Благодарам.
 
Za sigurno
Ke platis kazna na cel iznos, odnosno, ke nemas popust.
Mozno e, ako e pominat dolg period, kaznata da e procesirana do Sud, ke treba da si ja cuvas uplatnicata.
 
209888ec94116e243d2acffc339afad3.jpg

Sto oznacuva 9705 KG?

Sent from my SM-G800F using Tapatalk
 
209888ec94116e243d2acffc339afad3.jpg

Sto oznacuva 9705 KG?

Sent from my SM-G800F using Tapatalk

9705KG го означува бројот на возачкото досие, т.е. твоето возачко досие каде стојат твоите документи во врска возачката дозвола (потврди, барања и сл.)
0+ ти е крвната група.
 
Знам за крвната група, ме интетесираше другото. Фала :)

Sent from my SM-G800F using Tapatalk
 
Здраво, дали знаете што се случува и која е процедурата ако сакаш да платиш казна а рокот за плаќање е поминат ? Ми пишаа казна и јас избрав да платам наместо казнени поени, но заборавив дека рокот за плаќање е 8 дена. Дали може да се плати и после тие 8 дена или те викаат на суд ? Некои ми викаат дека автоматски ти се запишуваат казнени поени иако си избрал да платиш а не си платил во рок од тие 8 дена. Знае некој за сигурно ?? Благодарам.
Сигурно е вака:
Без оглед на прекршокот, дали е за прекршочна комисија или за суд, секако порамнувањето ти е во рок од 8 дена.
Порамнување во смисла да си платиш казната и да не одиш на комисија за прекршоци/суд.
Е сега, теоретски, не си платил и на деветтиот ден твојот предмет оди на комисија за прекршоци/суд.
Во пракса, минуваат повеќе од 8 дена за таа работа.
Ако си платил, имаш две опции:
1. Да испратиш фотокопија од уплатницата со пропратно писмо дека по платен налог бр. тој и тој си платил глобата до соодветната полициска станица, или
2. Ако ти дојде известување од комисија за прекршоци/суд дека е поведена прекршочна постапка против тебе, ним да им го испратиш она од точка 1 :) за да ја прекинат постапката. Бидејќи е платено.
Никако не може автоматски да се впишуваат поени, бидејќи ти лично треба да ја однесеш возачката книшка во МВР за да ти се впишат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom