Сообраќајни прекршоци и казни

Никогаш денски не сум пуштал светла,ни па ми пишале казна
мене само еднаш, пред 4 - 5 години кај ф-к Европа ме сопра, немав ни светла ни каиш...чекаше 5 минути, ваљда мислеше нешто да му понудам.. јас се изјаснив за казнени поени .. додека чекав да дојде (збореше на мобилен цело време) ги посматрав возилата...80% немаа ставено каиш, 50% немаа светла ... сега по најавата на законот гледам 80% светла користат.. а во Охрид ( бев 40 дена) не само светла и каиш што не се користат, туку масовно не се поштуваат едносмерни улици, а полиција никаде ни за лек...
 
Ме запре полиција спроти судовите, си помислив океј редовна контрола. Ми вика: Знаеш ли зошто те сопрев?
Викам не, (не носев појас али де де)
Ми вика помина на црвено!!
На почисто зелено во живот немам поминато, му се гледаше во фаца дека сака да смати нешто. Викам нема шанси тоа не е вистина, поминав на зелено сто посто сум сигурен. Океј вика јас ќе ја пишам па ти ако сакаш не ја потпишувај. Отиде до кола, искочив од кола отидов до полициската кола. Викам чекајте малце како може да си пишувате казни кои не постојат, не може никој да ме убеди дека сум поминал на црвено кога нема врска, (да поминев и на жолто ќе се карав ама барем ке имаа некоја основа да ме дупчат, али вака??) Плус тоа покрај мене запре уште една кола која возеше малце позади мене и него го обвинија дека поминал на црвено заедно со мене... се крстевме со човекот од неверување.
Пишуваше он во тефтер податоци, тоа знам си водат евиденција за што како запреле и слично. У меѓу време се напнав ги замолив да поминам со опомена и слично и јасно им напоменав дека сум правник и знам како одат овие работи, на суд нема да им помине, ќе барам доказ од камери, соочување со полицаецот и негово пријавување во Внатрешна контрола на МВР поради односот што го имаше за кој сеа ке објаснам поубаво. Ми ги дава назад документите. Му викнав на младото џандарче што седеше на сувозачко - Дајте ми да видам што напишавте.( пошто никој ништо не ми покажа и не ни знаев дали пишале казна воопшто, а законски мора да ти ја покаже и да напомене дека имам право да ја потпишам или да не ја потпишам па да продолжи спорот на суд.)
Он си кутеше, му викнав пак - Дајте ми да видам што напишавте, имам право да видам што е констатирано, кој член е употребен и се останато.
Ми се сврте и со викање и со мавтање со рака ми се обрати: Ајде бе бегај што ќе гледаш ти што пишуваме ние кој си ти ?!?!
Викам ова вака не ви проаѓа, се гледаме на суд, ќе ја известам Внатрешна контрола за вашето однесување, Народен правобранител... ги бомбардирав малце со правнички шамари и таман пред да ги побарам нивните имиња и броеви на значки ми се обрати првиот џандар што ме сопре:
Ајде бе дечко влагај у кола иди си! Не ти напишавме казна и немој да ме нервираш да не ти ја пишеме стварно!!
ВИкам во ред бе, кажете така не да ми се дерете.
Вика ајде бегај, правник бил он, правник дома! и ми одмавна со раката....

Викам ее моја чудесна земја, никакво почитување и професионалност да се немало, секоја чест на исклучоци. Сум избрал право зошто верувам во правен систем, правна легислатива и правда, и секогаш ќе настојувам правдата да види виделина без разлика на околностите и тежината на борбата.

Со оглед на односот и простаклукот што го имаа двајцата џандари не би ме чудело ако ми стигне покана за суд по некое време иако ми рекоа дека не ја пишале и не ми понудија да ја потпишам казната. Ако е така, дефинитивно идам на суд вооружан до заби. Они мислат нивна е улицата, али во суд ќе ги потсетам на нивната обврска за почитување на заклетвата која ја дале на почетокот.
 
Си ја кажа маката ама на сите е иста а причината е 90%неписмени курсисти со едвај основно и средно со сила завршени.
 
Дали како возач почетник можам да возам такси? (со лиценца и т.н.)

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Ми пишаа казнени поени пред месец дена и требаше во рок од 30 дена да отидам да ми ги внесат поените во книшката, ама јас заборавив (одмори едно друго) и сега ме интересира која е постапката ? Да одам да си ја платам, и дали исто се плаќа или е повеќе поради тоа што сум закаснил..
 
Правиш прекршок. Имаш 2 опции -
-казнени поени ( има рок до кога треба да ги пишеш и да доставиш потврда дека си ги пишал )
-плаќање парична казна. Ако казната ја платиш во рок од 7 дена, плаќаш 50% од казната. Ако воопшто не платиш, одиш на суд и плаќаш и судски трошоци

Во твојот случај, ти не само што си го пропуштил рокот за казнени поени, си го пропуштил и рокот за намалување од 50%.
Така да, ако не грешам, ќе си платиш полна казна. Плаќај со време, барем да избегнеш судски трошоци
 
Направена е грешката веќе така да ќе одам да ја платам утре, се надевам дека не е пратена до комисијата за прекршоци (така прочитав у меѓувреме) па на суд да ми земат уште повеќе.
 
Лажи ги дека си бил болен,едно-друго..Си имал смртен случај,фати ги на сожалување.Мада многу лесно можат да проверат,али што ги ебааш,пробај си ја среќата.
 
Ако може некој совет да ми даде за следнава ситуација, малку е касно ама сепак ме интересира кои ми се(биле) опциите.
Пред нецел месец татко ми доживеа сообраќајка. Возел на отворен пат со 70 км/н, а дозволено е баш 70 км/н. Пред него се движел трактор без никакви светла, а од спротива иделе возила, и татко ми нормално пуштил кратки светла, и поради тоа касно го забележал тракторот. За да избегни директен судир, преминал на другата лента. Во тој момент од другата страна наидело возило, и за да го избегни и него пробал да се врати во неговата лента, но бил порамнет со тракторот. Двете коли се судрија странично, а нашата поради ударот малку била фрлена во десно во тркалата од тракторот. За среќа немаше ни мртви, ни повредени, само материјална штета беше причинета. Дошла полиција, но бидејќи го познавале трактористов, инсистирале татко ми и возачот на другата кола да постигнат договор и осигурувањето да ја покрие штетата. Сообраќајката се случи близу едно село, и веднаш после сударот, пред да дојди полицијата, дошле некои селани и дури му ставиле и триаголник на тракторот. Полицајците не направиле никаков записник и му рекле на татко ми да не го спомнуваат тој со тракторот. Татко ми со другиот возач се договорија, во иста осигурителна компанија беа. Татко ми во европскиот пиша дека ја признава вината во однос на другата кола. И двајцата го спомнаа тракторот во краткиот опис на сообраќајката. Е сега дали е можно без записник од полиција, осигурителната компанија да го најди трактористот, зашто очигледно не беше осигуран и беше виновен за сообраќајката...... Или ќе мора сами да си ја направиме колата?
 
Во овој случај требало на лице место да се интервенира на начин што ќе се побарало полицијата да направи целосен увид, скицирање, фотографирање и да ги прибере доказите од лице местото на сообраќајката и за тоа да изготви записник. Во записникот ќе морало да се констатира реалната фактичка состојба во која спаѓал тракторот како директен виновник за настанот, ама тоа очигледно не им одговарало на полицајците па затоа ги наговориле да направат Европски извештај за штета. Тоа е првата варијанта.

Втора варијанта е дека првично проценетата штета на возилата не надминувала 750 евра, немало посериозно повредени, јасна била ситуацијата, па затоа било препорачано да се реши со Европски.

Е сеа, кога доаѓа полиција да интервенира при сообраќајни незгоди тоа некој треба да го плати. Товарот за плаќање паѓа на виновната за несреќата. Во поглед на ова прашање, според тоа што објасни, трактористот е виновен и на него би паднале сите трошоци за полиција а подоцна за поправка на возилата. Можеби ќе се поставело и прашањето за состојбата на фаровите на возилото на татко ти, неговиот вид, рефлекси и слично, ама ако е се во нормала би се исклучила одговорност на татко ти.

Записникот од полиција би бил најцврст доказ кој би можеле да го искористите во постапка за да си ја наплатите штетата од трактористот. Осигурителната компанија нема да го бара трактористот пошто односот моментално е меѓу две осигурани возила - татко ти и тој од спротивната страна. Доколку беше инволвиран трактористот во записник или Европскиот, легитимиран и заведен со сите потребни информации, осигурителната може да го тужи регресно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom