Сообраќајни прекршоци и казни

Mozebi ne e adekvatno mesto za moeto prasanje,kade mozam da gi najdam testovite za C kategorija,ili ako moze link od web stranata na ministerstvoto .fala odnapred .

Ова ти се прашањата за сите категории. Треба да ги учиш оние кај кои во категорија стои Ц
 
Позз батиња, како сте?
Само да ве прашам нешто набрзински да не барам низ постови, извинете за ова...
Ми пишаа казна сеа за 0.99 промили алкохол, 250 евра казна, не ги потпишав документациите, исто ми е одзедоа возачката до 12 часот денес да си е подигнам од полиција.. Е сеа, дали можи да ми пишат негативни поени во книшката, како што знам за таа казна е 40 негативни и да не е платам или треба во рок од 8 дена да платам пола казна?
П.С џандарите беа напикани во една улица што никогаш не стоеле таму и намерно не одев по главна накај дома за да не се начекаме.

Фала ви многу и уште еднаш извинете
 
Колку што знам за ова нема негативни поени, ќе треба да си ја платиш казната и очекувај после некој период да ти стигне покана за на суд за одземање на дозволата од 3 до 6 месеца.

Sent from my Note 3 [SM-N9005] using Tapatalk
 
Пред малце ова го прочитав и затоа така помислив...

Што се однесува до алкохолот измени има во однос на професионалните возачи и тоа до 0,5 промили алкохол во крвта глобата е 200 евра или 40 негативни бодови, од 0,51 до 1 промил 250 евра или 40 поени, од 1,01 до 1,50 глоба 300 евра или 50 поени, од 1,51 до 2 промили алкохол во крвта глобата е 350 евра или 55 поени, а над 2 промили 400 евра или 60 казнени поени. За сите овие е предвидена и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.
 
Дечки, може сите закони (казни), со цена (поени)...? Сите у едно собрани?

... убаво е да се знаат.
 
Народе, ме интересира, кои права ги имаме ние како управители на возилото додека сме запрени од сообраќаен полицаец, колку време смеат да не заддржуваат, дали смеат да се легитимираат, дали ако на место каде е 60км/ч ми пишуваат казна мене за пребрзо возење од 97 :) а уште 50 возила поминуваат во тој момент со 200км/ч треба да се регулира. Како треба да е облечен полицаецот, бидејќи овој што ме мене сопре ќе го згазев за малку на сред пат со светилка ми засвети у очи и 3-јца беме во возилото сите помисливме дека е скутер во спротивен правец па почнав да свирам. И не носеше осветлен зелен елек. Некои права за нас обичните смртници неприпадници на привелигиранта фела?
Дечково е овој https://www.facebook.com/fatlum.ramadani.7?fref=ts
некој свеж. И дали ако имам итна состојба, во возило, конкретно пријателот ми беше опериран со скината тетива, па бев на преглед во Ск, да ја проценат раната, арно ама почна да му отечува ногата многу и морав да стасам побргу до Штип да може да ја исправи ногата етц. Пробав да објаснам ова се, и двајцата ме гледаат и ми рекоа дечко нас тоа не не интересира, па другар ми едвај излезе од возилото да им покаже рана, документација цела состојба и овие му викаат ај влези си во колата не не замарај. Ма баш она ги боли.
Исто вака еден роднина го сопреа во ск накај болница одеше со кичмата проблеми јаки болки на булевар многу брзо возеа одма кога видоа џандариве што се дешава со ротационо до државна болница пред нив
 
Здраво прееска ме сопре полиција , сум возела 21 над дозволеното. Му реков на сообраќаецот ако може да поминам само со опомена, тој се согласи и ми даде да потпишам предупредување. Ме интересира случајно да не ми стигне нешто по пошта т.е некоја казна.

Мене ме сопреа во Штип,пред 7-8 месеци,немав а-тест на стаклата,ми беа затемнети..И се потпишав и јас како тебе,убаво го прочитав листот пишуваше предупредување,или опомена,едно од тие две беше..И еве до сега не ми стигнало ништо скраја да е..Не пишуваше наплата за глоба..
 
Пред неполна недела дена на суд ми изрекоа забрана за управување возило во рок од 3месеци(0.90 промили алкохол..уште не ми е стигнато барањето за одземање на возачката). Е сеа некни правам сообраќајка со двајца другари сите пијани(1.32промили , нема повреден никој , само штета на колата и на општината 2-3 стуба и едно дрво скршени). Знам дека имам казна 300 евра за тоа што сум возел пијан, уште 300 за сообраќајката. Она што сакам да прашам е дали првичната забрана од 3 месеци ќе повлече дополнителна казна и забрана и колку би било тоа.
 
Се надевам доживотно ќе ти ја земат дозволата..
 
Каде има информација за тоа на која сметка треба да ги уплатам парите за казната и дали ќе ми стигне одлука за одземање на возачката на 3 месеци зошто кога го направив прекршокот ми ја одземаа вечерта и утредента ја подигнав.
 
Na brat mi go doprele cajkanite,i namesto kazna mu pisale 15 kazneni poeni za kaciga.Prasuvam policaec i toj mi vika ne moze kazneni poeni za kaciga,ne postoelo takvo nesto.:icon_mrgr:
Kakvi dibeci ima znaci.

Prvite 8 dena ako se plati kaznata,pola cena ili nema vrska ?

Inace skuter(mojot e 49kubici) ako vozis bez vozacka 500 bona ,a ako nemas osiguruvanje 300 evra.Ne se saglam.
 
И што е најтрагично ако удриш некоја кола со моторче,не одговараш ништо..Се води како точак..Тоа ти е пред се за тебе осигурувањето,ако паднеш.
 
И што е најтрагично ако удриш некоја кола со моторче,не одговараш ништо..Се води како точак..Тоа ти е пред се за тебе осигурувањето,ако паднеш.
Супер информација,не сум знаел за ова.Иначе знаеш за казната дали е пола ако се плати во првите 8 дена или цела треба да се плати ?
 
Супер информација,не сум знаел за ова.Иначе знаеш за казната дали е пола ако се плати во првите 8 дена или цела треба да се плати ?

Ебате казната,1200 денара..Плати си ја во рок од 8 дена и готово.Од двете зла,бирај го помалото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom