Сообраќајни прекршоци и казни

Ќе си бараш соочување, ќе си донесеш и сведокот, на тоа соочување прво ќе видиш дали тој всушност се сеќава како било што било во смисла, време место на настан, марка на возило кое ти си управувал, колку души сте биле во тоа возило, и што е најбитно КАДЕ ТОЈ СТОЕЛ кога те запрел и дали ГО ГЛЕДАЛ семафорот и ДАЛИ СО СВОИ ОЧИ ВИДЕЛ што свети во моментот на влегување во раскрсницата.
Фала друже за мислењето.....така и ќе направам....очекувам да ме повикаат на суд, и знам многу добро што да им одговорам и како да се бранам.....меѓутоа тешко во нашава држава се истерува правдата, криво ми е што заради некој копиљ што ми го попречува движењето јас ќе го окркам 300 евра(ако не се спасам на суд или евентуално со жалба на апелација), а тој ќе си остане неказнет......ама тоа е тоа...
 
Со тоа ќе докажеш неправилно утврдена фактичка состојба... која сама по себе повлекува и погрешна примена на материјалното право.
Се спасуваш...
 
Со тоа ќе докажеш неправилно утврдена фактичка состојба... која сама по себе повлекува и погрешна примена на материјалното право.
Се спасуваш...
:D Баш така веќе ја спремив и жалбата, за секој случај нека стои спремена баш така ја побивам по сите основи, ќе се бориме до крај па што биде нека биде:
- поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба

-поради повреда на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата

Незадоволен од ваквата пресуда на првостепениот суд, во законски предвидениот рок, поднесувам жалба и пресудата ја побивам во целост, поради следните причини:

Поради погрешно и нецелосно ја утврди фактичката состојба во врска со критичниот настан и не ги зема во предвид реалните околности, на кои јас како обвинет постојано укажував. Пресудата е донесена исклучиво врз основа на тврдењата изнесени во записникот со бр. 030045, потпишан од страна на службеното лице. При одлучувањето од страна на Основниот суд Скопје I, целосно е занемарен мојот искрен исказ, во кој најодговорно тврдам дека на ден 30.07.2014 година поминувајќи на семафор со запалено ЗЕЛЕНО светло, возејќи зад друго возило на крстосницата помеѓу булеварот Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков, кај Т.Ц “Мавровка”, движејќи се во крајната лева лента од правец на општина Чаир, со намера да го продолжам движењето кон Скопскиот Саем, во моментот кога со мојот автомобил навлегов на раскрсницата, вртејќи лево, бев приморан нагло да закочам бидејќи возачот во возилото кое беше пред мене закочи и сврте прекршочно полукружно лево, со цел да се врати повторно во лентата која води во спротивниот правец, односно кон Општина Чаир. Со оглед на фактот дека бев, речиси, на средина на раскрсницата, не бев во можност да видам дали на семафорот којшто го изминав се запалило црвено светло(како што тврди службеното лице), а бидејќи останатите возила од спротивната страна сеуште чекаа на семафорот, со цел да не предизвикам метеж, или сообраќајна незгода побрзав да ја напуштам раскрсницата, согласно член 46 ст.1 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Откако ја поминав крстосницата, после зградата на Основниот Суд Скопје, бев запрен од униформирано службено лице кое направи записник, во кој наведе дека сум поминал на семафор со запалено ЦРВЕНО светло, притоа не земајќи го во предвид фактот дека јас бев приморан да закочам на раскрсницата поради друго возило, со што изгубив драгоцено време, кое ми беше потребно за непречено движење и побрзо напуштање на крстосницата.

Поради лошо утврдената фактичка состојба Основниот суд директно го повредува и член 46 ст.1 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со што е нанесена неправедна штета врз мене како обвинет, и на терет ми е ставено прекршочно дело за кое не сум виновен.

Во член 46 ст.1 јасно и недвосмислено е предвидено правото на возачот кој со возилото навлегол во крстосницата, да ја напушти крстосницата без да чека сообраќајот да биде со светлосен знак отворен во правецот во кој е со намера да го продолжи движењето:

Член 46

(1) Возачот кој со возило влегол во крстосница на која сообраќајот е

регулиран со уреди за давање на светлосни сообраќајни знаци, може да ја

напушти крстосницата без да чека сообраќајот да биде со светлосен знак

отворен во правецот во кој е со намера да го продолжи движењето, под

услов да ги пропушти сите учесници во сообраќајот што се движат во

правецот во кој е отворен сообраќајот.

наведи го и тоа дека ОСЛ не видел и не можел да го види семафорот... заеби ти чл. 46 ст1 :)
Ќе ја направам и таа измена ;) ....секако овде има и доста поправки, ова ми е само онака набрзина, ако е потребно ќе го средам како што треба :D
 
значи во оваа дражва ако џандарот сака да те казни многу ретко можеш да се спасиш на суд, посебно во Куманово, судиите во прекршочно одделение се во најмала рака неписмени, по партиска линија запослени и во постапката место да гледаат еднакво и за двете странки за нив кажаниот збор од овластено службено лице (полицаецот) е светост, колку сакаш ти бранисе, влечи сведоци, тражи слики и шта ти ја знам, плус на сето тоа кога ке додадеш истите се неодговорни коса да ти побеле, сум имал случај со една судика од Прилеп, замисли таа од Прилеп немало каде ставиле во Куманово фак лоџик, како и да е, закажано рочиште во 9:00 ам, таа кафе пие абер нема да ги повика странките адвокатот во 9:45 ам има закажано друго рочиште и ми кажува седи тука кога ке ве повикаат влези и додека да ги прочитаат сведоците и странките јас ке дојдам само ми зврцни на телефон, влегувам јас во 10:00 бидејќи тогаш не викна госпожава го испила кафето и обвинетиот го прашува бранител ти треба? јас и кажувам најфино и најкултурно дека адвотот има од 9:45 друго рочиште и ке дојде во секој момент, таа лом ме направи прво мене како било дозволиво адвокатите да се однесуваат така ``неодговорно``, и во тоа исто време влегува адвокатот почна и него да го риба, али истиот без влакна на јазик и врати и од судењето искочи циркус, така видно навредена се налути и го одложи судењето, а странката која што ја бранеше адвокатот искочила од работа плус на сето тоа уште дваица сведоци имаше обезбедно, кои исто така биле во тоа време на работа, и тоа е само еден случај искуството што го имам со госпоѓата судија...

Па некогаш се замислам, где ја живим:confused:
 
За жал, тоа не е случај само во куманово....во цела држава е така! И СЕКОГАШ ќе биде, се додека партиската книшка е побитна од знаењето, искуството итн. Веќе со децении е иста ситуацијата! Правдина тешко се наоѓа дури и да си 100% во право....
 
значи во оваа дражва ако џандарот сака да те казни многу ретко можеш да се спасиш на суд, посебно во Куманово, судиите во прекршочно одделение се во најмала рака неписмени, по партиска линија запослени и во постапката место да гледаат еднакво и за двете странки за нив кажаниот збор од овластено службено лице (полицаецот) е светост, колку сакаш ти бранисе, влечи сведоци, тражи слики и шта ти ја знам, плус на сето тоа кога ке додадеш истите се неодговорни коса да ти побеле, сум имал случај со една судика од Прилеп, замисли таа од Прилеп немало каде ставиле во Куманово фак лоџик, како и да е, закажано рочиште во 9:00 ам, таа кафе пие абер нема да ги повика странките адвокатот во 9:45 ам има закажано друго рочиште и ми кажува седи тука кога ке ве повикаат влези и додека да ги прочитаат сведоците и странките јас ке дојдам само ми зврцни на телефон, влегувам јас во 10:00 бидејќи тогаш не викна госпожава го испила кафето и обвинетиот го прашува бранител ти треба? јас и кажувам најфино и најкултурно дека адвотот има од 9:45 друго рочиште и ке дојде во секој момент, таа лом ме направи прво мене како било дозволиво адвокатите да се однесуваат така ``неодговорно``, и во тоа исто време влегува адвокатот почна и него да го риба, али истиот без влакна на јазик и врати и од судењето искочи циркус, така видно навредена се налути и го одложи судењето, а странката која што ја бранеше адвокатот искочила од работа плус на сето тоа уште дваица сведоци имаше обезбедно, кои исто така биле во тоа време на работа, и тоа е само еден случај искуството што го имам со госпоѓата судија...

Па некогаш се замислам, где ја живим:confused:
Како ја да се читам... Од исту судику и ја га еду, а па колко е антипатична да не зборимо. Полицајац сам се заглави с’с тој што тропа глупости, овај прави се наудрена. Гледа термин к’д да ми презакаже зашто господин полицајац не могаја да дојде, вика ми ај у петак, ама нека биде порано, треба да си иду за Прилеп, ама кеф ми се направи што успеа да закажу у 14.00. До толко ништо да не функционира како што треба, бруке.
 
Последно уредено:
МВР бара помош од граѓаните за да ги „лови“ несовесните возачи

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=45105

Ова е убаво , ама не е правно подржано, па колку знам Уставен забрани снимање на раскрсници кој вози на црвено ( а во цел свет има тоа). Освен тоа треба да има и санкции за лажно пријавување. Но има една друга работа. На пример, по ЗАКОН е забрането на јавен паркинг да оставиш нерегистрирано возило, а освен тоа има и рок за враќање на таблиците ( Одјавување) на нерегистрирано возило. Но тоа слабо се почитува и спроведува, дали се работи за моќници кој имаат грб во МВР, незнам. Еве општина Аеродром изналепи известувања одпоодамна, но има уште купишта нерегистрирани коли. А за другите градови да не кажувам, еве бев во Охрид, абер да се немало од еднонасочна улица, упорно се вози спротивно, мува не ги лазе. А патем 50% од знаци ги демолираа, ама и кај што останаа не ги почитуваат.
И една друга работа, на јавните паркинзи ( незнам како е на тие кој ги држи Градски паркинг) владее терор од страна на доставни возила, камиончиња и комбиња. Удираат при маневрирање и тоа баш најпрописно паркираните возила и си одат без да остават еврозаписник, се прават на удрени. Незнам што ќе биде ако некој го затекне на дело, ќе треба да има тепање што може да заврши и со несогледливи последици.
 
Како ја да се читам... Од исту судику и ја га еду, а па колко е антипатична да не зборимо. Полицајац сам се заглави с’с тој што тропа глупости, овај прави се наудрена. Гледа термин к’д да ми презакаже зашто господин полицајац не могаја да дојде, вика ми ај у петак, ама нека биде порано, треба да си иду за Прилеп, ама кеф ми се направи што успеа да закажу у 14.00. До толко ништо да не функционира како што треба, бруке.
да да у друг случај, одложуега судење полицајац немогаја да дојде, што ме боли уво мене што полицајац неможе да дојде, ја ако не дојду случајно за мене да не га одложи, и најсмешно полицајац не дојде и вика на сведоци и на странку ок ке дадете ви изјаве ама јутре у 12 па ке дојдете :tapp:, као таа мисли дека на луѓето им е разонода да одат на суд.
Што гледа овој судски совет стварно не ми е јасно.
 
9a2ehesy.jpg
абе абе нова зона, не се наплаќаше пред 1 месец и не забележав.. Добро е што сеуште не дадоја налог за да ја кренат
 
Што кога ќе ти стигне решение од транспорт и врски за наплата на глоба, се работи за казна од закон за јавна чистота, не се ни сеќавам дали го зедов ливчето од казната. На 04.03.2012 ми пишале казна, на 24.10.2013 ми пуштиле некое писмо, кое не го имам земено од пошта, а то значело исто како да го имам земено, и денес на 15.08.2014 ми стигна решение за да уплатам 50е во рок од 15 дена.
Мислење што да правам? Пишува против ова решение може да се поднесе тужба
 
Имаш право на тужба до управен суд...
Тоа што ти пуштиле писмо било известување дека против тебе е покрената прекршочна постапка, заедно со копија од барањето за поведување прекршочна постапка против тебе, и, требало писмено да се произнесеш за наводите во тоа барање...
Но, од Х причини не си го сторил тоа и прекршочната комисија донела решение со кое те глобиле со 50 евра.
Опциите ти се следни:
1. Да си платиш 50 евра, и копија од уплатницата да испратиш до Транспорт и врски (како што пишува во решението)
2. Тужба до управен суд. Тука може да добиеш, но и да изгубиш... зависи од самиот предмет, што ќе приложиш во своја одбрана, па дали се ти е уредно доставено итн. Битно е дека додека трае постапката, наплатата на глобата се одлага.
3. Да се правиш луд и да не плаќаш. Ова е заебано, бидејќи Транспорт и врски после некое време кога ќе истече рокот за плаќање, кога ќе видат дека не си платил, предметот ќе го испратат до УЈП за присилна наплата. УЈП ќе ти блокираат сметка, или, ако си вработен, ќе достават решение за задршка на 1/3 од плата, и на крај ќе те излезе поскапо, бидејќи банките земаат околу 1000 денари манипулативни трошоци за блокада/деблокада, а УЈП 5% од вредноста на износот за присилна наплата шо на 3000 денари би било 150 денари...
Па види си самиот што ќе правиш.
 
Може ли на суд некако да поминем без казна за дувано 0.58 ?
(џандар педер) :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom