Панко Брашнаров

  • Креатор на темата Креатор на темата Andonov Bale
  • Време на започнување Време на започнување
Срамота за нашите институции што не се сетија порано да ја завршат оваа работа и пред се да го лоцираат а потоа и да го пренесат во Македонија телото на Панко Брашнаров и да го закопаат со сите почести ко што доликува. Сепак големо браво за Канал 5 и емисијата КОД ..

Се надевам дека што порано ќе стигне телото на Панко во неговиот роден град Велес и земја Македонија ..
 
Kurir
Останува нејасно како е можно екипата на КОД да ги открие посмртните останки на овој голем македонски херој, бидејќи тоа до сега не успеала да го открие ниту една македонска институција во изминативе дваесет години од македонската независност.

абе оди утепајте се вие и сите власти и државни службенилиња пред вас. срамота,

го гледав прилогот го најдоа за две минути, односно на две врати тропнаа.ниту беше некаква мистерија ниту нешто се криеше -чиста македонска институционална НЕСПОСОБНОТ!

1. државниот архив на хрватска, каде ги најдоа документите од удба, јасно и читко под панко брашнаров си пишува кога е умрен и каде е закопан. - гробишта Мирогој Загреб

2.отидоа на Мирогој, и таму во нивните списи го најдоа точно гробот, првотогробно место и второто дислоцирано необележано гробје.

ме трогна кога новинарите за првпат по 50 години положија цвеке и му запалија свека.
 
НеобЈавено писмо на Панко Брашнаров и на Павел Шатев
ЈУ-комунистите сакаат да ја зграпчат Македонија

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8F48C1E06F38BD419B7871A16E725D5A

Тоа писмо не е потпишано од авторите и според тоа не може да се земе како валиден историски документ.
 
Добро што чекаат, дај нека го донесат во Велес веќе. Заслужува и повеќе. Човекот е Илинденец а и плус АСНОМ е отворен со неговиот говор. СТРАМОТА Е! :eek:
 
НеобЈавено писмо на Панко Брашнаров и на Павел Шатев
ЈУ-комунистите сакаат да ја зграпчат Македонија

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8F48C1E06F38BD419B7871A16E725D5A
Oд се што е напишано во текстов многу јасно може да се види дека станува збор за бугароманска пропаганда!!

потребно им е да прават „прослава“ за Илинден во Крушево, како трибина за да се исмева се што е бугарско, макар да е и историски факт, дека илинденците се чувствувале и дејствувале секогаш и насекаде како луѓе со бугарско сознание.

Каков по јасен доказ треба од ова? Плус споменувањето на Зоран Тодоровски како извор од каде ги добивале овие информации уште повеќе ги прави нештата појасни. Тодоровски е бугароман и веќе одамна дејствува како бугарска петта колона среде македонските академици аедно со Иван Катарџиев, со кого заедно само за Бугари зборуваат. :drk:
Едно е да говориш за омаловажувањето на Македонците во бивша Југославија и политичките репресии врз нив поради тоа што тие сакале Македонија да биде независна и обединета, а нешто сосем друго е да го тераш сето тоа на бугарска воденица и да ги жигосуваш кодификаторите на македонескиот литературен јазик како србомани и предавници, а македонските патриоти како луѓе кои што од некои си причини се чувствувале за Бугари, не е важно поради што, арно ама тоа било факт. Веќе видено! Запомнете го името на новинарот кој го напишаловој текст и читајте му ги следните про бугарски писанија во иднина. ;)
 
Mihajlo_Apostolski_za_Panko_Brasnar.png


Panko_Brasnar_slavje_Veles_9-nov-1944.png
 
-од многу читање глава боли викаат, така ќе да е
имав некој книги и за Панко нашиот револуционер,
за АСНОМ и некој кај тој се спомнуваше ама сега ги немам
-оваа тема многу ме интересира,покрај НОВ 1941-1944
многу има за учење и повоениот период 1945-1948
денес ја отварам и читам една книга печатена 1947 година
поточно како нова е сигурно до сега неотворена со наслов
-Димитар Влахов - ГОВОРИ и статии 1945-1947. во која баш
е опфатен овој приод после ослободувањето,т.с.осамостојувањето
на Македонија на еден нејзин дел.слободна Македонија во ФРЈ
Грција нема право на Егејска Македонија,за Пиринска Македонија
тоа се некој од темите што ги говори и пишува Влахов во време
кога половина Југославија е се уште поробена-неослободена.
-------------------------------------------------------------------------------
молам за помош од историчариве на Форумоф , да наведат
има ли вредност оваа или онаа книга (мислам историска-вистина)
поточно-или кој книги ние што не интересираат да ги читаме или
не читаме а да не бидат “зоки поки “ (како што вели Ченто)
-еве прашање Ангел Динев- треба ли да се чита
----------------------------------------------------------------------------------
нејасно ми е и ова:Видое Смилевски-не знаел македонски
сигурно живеел во Србија и таму се школувал-српски секако знаел
инаку како ќе давал наредби во НОВ кога бил на високи должности
се присеќам баш поради (ова сум го читал некаде) негови наредби
за неорганизиран-ненавремен напад на Кичево истиот не успеал со
големи жртви на наша страна кој тој ги прикривал во извештаите.
---------------------------------------------------------------------------------------
ачко - кв бравар (па и Јоже беше бравар па гледај до кај стаса)
 
-од многу читање глава боли викаат, така ќе да е
---------------------------------------------------------------------------------------
ачко - кв бравар (па и Јоже беше бравар па гледај до кај стаса)
Анчо-Ачко, нема врска кој што е по професија, а Јоже од Кумровец пред се беше многу други работи во животот а најмалку "бравар". o_O

Вреди да се чита секоја книга, дури и тие што може да се наречат "идеолошки памфлети" зашто откриваат многу работи за авторите, за времето во кои се пишувани, за други луѓе и настани што се споменати во нив, итн.
Понекогаш вреди да се прочита цела книга од 400-500 страни за да се најде во неа некој вреден податок кој е напишан во еден пасус или страна.

Еден совет, кога ги читаш и сакаш да споделиш нешто од книгите што си ги прочитал а тангираат некоја од темите што сме ги поставиле тука, или па сакаш да отвориш нова тема, цитирај нешто од нив и постави го во наводници.

Значи прецизно и без грешки препиши ги тука неколкуте реченици, или пасуси што мислиш дека имаат релевантност и стави ги во наводници, па одоздола напиши ги во овој редослед:
- името на авторот,
- па името на книгата,
- па од кого и каде е издадена,
- година на издавање,
- и број на страна од каде е цитатот
(се вака во овој редослед, со запирки помеѓу нив, и насловот на книгата во наводници)

-----------

На темата,
Еве го официјалниот записник за смртта на Панко Брашнар од Голи Оток и негов превод.

Zapisnik_za_smrtta_na_Panko_Brasnar_Goli_Otok_13-jul-1951-original.png


Zapisnik_za_smrtta_na_Panko_Brasnar_13-jul-1951-prevod-1.png


Zapisnik_za_smrtta_na_Panko_Brasnar_13-jul-1951-prevod-2png.png


Објавени се во книгата на Вера Весковиќ-Вангели "Досие Брашнаров", Магор, Скопје, 2003, стр. 206 (оригиналот), стр. 148-149 (преводот)
 
Опс, сега гледам дека Бале веќе го постирал записников и преводот извадени од истата книга на првата страна од темава...

Оставам на модераторите дали треба да се избрише овој дел од мојот пост.
 
-Благодарам на советите од Ченто и забелешките.
вие сте веќе 5-6 години со Кајгана, а јас 1-2 месеци
гледем дека некој теми недостасуваат,посебно од
најновата историја на Македонија поточно НОВ.
ЧЕНТО го заслужи враќањето во Македонија,исто како Гоце.
се надевам тоа ќе биде догодина со дочек како што заслужува.
Кога читам за некој настан а тој е исто опишан во повеќе т.с. сите
книги што ги имам сум задоволен,значи приближно било така.
-Многу простор а и така треба се дава на “бугарите“ за НОВ
-изгледа затоа што и тие имат пристап на форумов.
-Нема досега отворено (можда има) тема за контрачетите во
Македонија во НОВ,значи за нивните злодела и колежи и колку
жртви имаме од нив во цивилното(селско) население.
-Жртви од Германците (јас пишувам чисти герм..) па тие тепаа
само ако ги закачаш.Пример:Партизаните ќе дигнеа во воздух
нивна композиција (1944год)а овие за восврат-освета ќе стрелаа
од најблиското село онолку колку мислеа дека е доволно овојпат
на п.р.во Прждево и Бесвица отепаа 58 селани а можеа цело
Неготино да го отепаат, минерите неколку партизани..пуздер фатија.
-Дотека контрачетите колеа - палеа села кој се без заштита “празни“,
без некој повод само ради пљачкосување а беа створени за борба
против партизаните и финарсирани и наградувани за тоа.
-за борбата на 6 април (6-10 април 1941) малку е пишувано а овдека
воопшто а има и загинати, каде да се сместат тие жртви.
-Стрелањата во НОВ (ова највише ме боли,што се премолчува) не се
истражува е за ова ќе отворам тема,оправдани ли беа сите.
-Малку има за нив во книгите,но некој ќе наведам се по ред како
ти што напиша.Но тогаш судбината ја решавале 1-2 јца и оп те нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom