Игор Џамбазов

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran_Makedon
  • Време на започнување Време на започнување
упс :)
Побарав али не ми излезе ништо така да бриши или спој ги
Пребарувај на GOOGLE пр: Игор Џамбазов форум Кајгана така е подобро :D

Иначе на сите ни е познат и по улогата на Трајче, и како добар музичар :)

Го обожавам секогаш здраво се смеам кога ќе го видам, постојано насмеан, весел и расположен за забава, вистински шоумен.
 
Порано го почитував, но со Идол комплетно го сменив мислењето за него. Прво затоа што се правеше дека се знае, зашто се курчеше на буквално деца, и последно зашто секоја прилика ја користеше да се самопромовира колку он видел во животот итн. Многу некако самобендисано ми делуваше. А и искрено излитен ми е веќе.
 
а не дека нема видено премногу ... :)
Туку незнам дали ви текнува кога водеше Тркало на среќата, секој пат кога ќе дојдеше некој од некое градче, селце, прашуваше дали го знае „петко,станко„ и да го поздрави :)
 
Според мене Игор Џамбазов и Тони Михајловски го делат првото место за најдобри шоумени во државава. Од ништо луѓето прават нешто, а и немам со кој/а водител/ка да ги споредам.
Ми се допаѓа искреноста кај Џамбазов, сите естрадни уметници, ТВ и радио водители може само да учат од него. Тој не се срами да каже се за секого и за себе. Секогаш јавно зборувал за се, целиот свој живот го има откриено, додека сите останати "ѕвезди" глумеле лудило. Јавно зборувал за своите пороци, а убаво знаеме дека пола естрада шмрка/се пијанчи/ се коцка....само немаат муда да излезат и јавно да признаат.
Ми се допаѓа и самокритичноста, а и тоа шо ги критикува останатите (пошо сите јадат гомна дека им е добредојдена критика за да можат да станат подобри во тоа што го работат, а ко ќе им кажеш у фаца плачат и одма не чиниш за нив :tapp:)
Додека нашите "ѕвезди" се китат со туѓи перја и живеат лажен живот на светци, чоеков сам се бори за се. Браво за него.
"Ѕвездите" наши треба да се гордеат ако една легенда како Игор ги спомне, па макар и искритикува.
 
а не дека нема видено премногу ... :)
Туку незнам дали ви текнува кога водеше Тркало на среќата, секој пат кога ќе дојдеше некој од некое градче, селце, прашуваше дали го знае „петко,станко„ и да го поздрави :)
Ако си му ги читал книгите ќе приметиш колку само личности од типот на Петко, Станко, Велко, Марко има запознаено бегајќи и криејќи се од оние на кои им должел а го бркале. Во една од книгите опишува колку само роднини од лозата на дедо му Петре има пронајдено низ централна и источна Македонија. Така да тие прашања дали го познаваш тој или оној не се измислени само колку да се најде во муабет:)
 
Si hefe тоа го кажувам и јас, прошетан човек е :)
 
Џамбазов - синоним за хумор. Беше и остана вистински шоумен во државата, и покрај се што помина во животот, после банкротот, успеа да се дигне и пак е она што беше порано. секоја чест!
 
Пошто немам веќе каде на друго место да прашам, дали некој го има делото „Рапсодија за Скопје“ од Александар Џамбазов?
Уопште, има ли снимка од ова?
 
добро луѓе не ви се смачи да го слушате како брчи на тркало на среќата секој ден....истото-истото и пак истото.Од шо ме нервирате ќе почнам да гелдам Џадар збира
 
Дали на некој случајно му се наоѓа дискографија или има линкче од некој торент да прати во ПП?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom