Ова е дното дефинитивно. Знам се плаќа по некој 200-300 денари годишно за одржување , што ајде да кажеме логично до некаде , али ова? Местење коски поради неплаќање давачки?
Нема смајли опција на форумот што може да ми ја долови фацата. Штета што нема медиум што може да раструби за тоа , само владините перат мозоци со покачување на минималната плата за 250 денари и сцени со издувни гасови од автомобили како демек криви за загадувањето , а железара испушта вагинален сок од девици.
Ни треба ваков човек дефинитивно ...
Па го имаш во некаква верзија на власт. Исти алатки користат.
Ваков ни треба нас, доста ни е од апаши:
Најсиромашниот претседател во светот
Претседателот на Уругвај, Хозе Мухика, кој важи за најскромен претседател во светот, од својата плата која изнесува 12,500 долари, за себе задржува само 1,250 долари.
Мухика поголемиот дел од совјата плата го дава во добротворни цели и тоа му го донесе прекарот “најсиромашен претседател во светот“.
Овој 77-годишен атеист за себе задржува само 1,250 долари додека остатокот од парите го префрла на сметките на организациите што им помагаат на малите претпријатија и на невладини организации што работат на изградба на станбени објекти за сиромашните.
“Задоволен сум со овој износ оти во Уругвај многу луѓе живеат со многу малку“, рекол Мухика кој и својата сопруга ја замолил да го стори истото.
Мухика живее на фарма во Монтевидео, а негов најголем удар на државниот буџет било купувањето на “буба“ во вредност од 1,945 долари.
Мухика ја користи претседателската палата само за состаноци и средби со државници, но во текот на зимските денови таму престојуваат бездомници.
Тој се истакнува и по ефикансата борба против корупцијата. Уругвај има најмала стапка на корупција во Јужна Америка. Мухика може да се пофали и дека неговата земја е трета по развиеност на континетот и една од ретките држави кои успеале да избегнат рецесија и да задржат позитивна стапка на растот.
Мухика не единствен претседател кој ја донирал својата плата во добротворни цели, тоа го правеле и Џон Фицџералд Кенеди и Херберт Хувер.
-------------------------
Туку и 200/300 за одржување им се многу оти гробовите никој не ги одржува, туку ние самите. Колку пати се случило и гробна плоча да искршат и се лом да направат па никому ништо. Оти они не ги одржуваат е прашањето и што подразбираат под поимот оддржување на гроб ме интересира.