Рангирање според Законот за високо образование. Кој греши?!

اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Забележувам неправилно толкување на ЗВО, немарливост на универзитетите, грешка или кој како сака така прави.

-Според членот подоле, дали означува според вас дека да речеме ученик што завршил пред воведувањето државна матура ќе биде дискриминиран и не може да биде рангиран според поените, туку прво ќе бидат рангирани студентите со државна матура, и после доколку има место ќе бидат рангирани студентите што завршиле средно образование кога не постоеше државна матури, и студентите што завршиле оваа година но не положиле државна матура.

На еден универзитет се случува токму тоа, прво се рангирани (според поените) студентите со државна матура, и после, доколку има место се рангирани другите (тие што завршиле порано високо образование пример 2000 год.)
На правен факултет на пример во Скопје, се рангирание СИТЕ според поените, без зависност кога имаат завршено средно образование и дали имаат или немат полагано матура.

КОЈ ГРЕШИ?

Услови и начин на запишување на студии
Член 108

На прв циклус универзитетски и стручни студии може да се запише
лице кое положило државна матура или меѓународна матура.
Ако на конкурсот за запишување студенти на прв циклус
универзитетски и стручни студии во првиот уписен рок не се јави доволен број кандидати кои ги исполнуваат условите од ставот 1 на овој член, право на упис на прв циклус студии можат да имаат и лицата кои
положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно
траење.

Доколку јас го толкувам според законот, вели дека ученик што завршил во 2000 год. на пример нема да биде примен според поените, туку ако има место, на крајот.
Дали овде не настанува повреда како на пример дискриминација (затоа што не се криви учениците во 2000 год. што не полагале матура) а се третираат дискриминирачки во однос на оние што завршиле 2009 година.

И може ли да се покрене судска процедура на некој суд во Европа за дискриминација?
 
Хм, јас мислам дека не се рангираат така пријавените, по правилото(кое е глупо). Бар лани кога се упишуваше брат ми најгоре беа луѓе со по 100 поени (а толку можеш да имаш само ако НЕ си полагал матура, а ги имаш сите 5ки у средно).

Значи автоматски тие имаа предност и те како, без замарање со матура, што од една страна не е во ред, но од друга страна, тој пропуст беше главно застапен лани кога имаше поише луѓе што решиле да си земат 1 година пауза, а оваа година, конкретно во мојата листа(Фармација) има само една со 100 поени, значи сигурно од пред 2 години. Така што, веќе наредните години ќе има исто по еден-два-тројца што ќе бидат со тие изванредни и вонконкуренциски 100 поени.

Реков, правилово е глупо зошто ретко кога ИМА место, така што не е фер. Нека ги третираат еднакво со другиве, и така нивната бројка е мала/незначителна.
 
Можеш и ако си полагал матура... Треба сите петки од матура и сите петки на свидетелства :)
 
Можеш и ако си полагал матура... Треба сите петки од матура и сите петки на свидетелства :)

Не биди наивен. Постои ПЕРЦЕНТИЛЕН РАНГ, процент што покажува од колку си подобар. Дури и најдобриот од матурата има 99,9999 зошто бил боље од 99,999% матуранти.
 
Не биди наивен. Постои ПЕРЦЕНТИЛЕН РАНГ, процент што покажува од колку си подобар. Дури и најдобриот од матурата има 99,9999 зошто бил боље од 99,999% матуранти.

Да, али перцентилен ранг ти ги дава бодовите од матура. А оценките бодовите од успехот. И така Добиваш една целинаааа...:helou:
 
Да, али перцентилен ранг ти ги дава бодовите од матура. А оценките бодовите од успехот. И така Добиваш една целинаааа...:helou:

Перцентилен ранг и бодови е различна ствар. И не знам што сакаш да кажеш на крај, место да си признаеш дека си згрешил.
 
Перцентилен ранг и бодови е различна ствар. И не знам што сакаш да кажеш на крај, место да си признаеш дека си згрешил.

Не сум и убаво знам што е перцентилен ранк и бодови... Затоа и ти направив разлика. Значи ако има перцентилен ранк 99,999 значи ги имаш сите бодови!
 
Не сум и убаво знам што е перцентилен ранк и бодови... Затоа и ти направив разлика. Значи ако има перцентилен ранк 99,999 значи ги имаш сите бодови!

Ама пак севкупно поените од матура + средно ќе ти бидат 99,999, а не 100.
 
Не сум и убаво знам што е перцентилен ранк и бодови... Затоа и ти направив разлика. Значи ако има перцентилен ранк 99,999 значи ги имаш сите бодови!

Да имаш 100 поени од државна матура треба учениците од ЦЕЛА Македонија да се послаби од тебе на екстерните тестови. 99,999 < 100 така да пак тој што не полагал матура е пред тебе. И 99,999 не значи дека ги имаш сите бодови освоено на тестовите туку дека другите 99,999% се послаби од тебе. Јасно?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom