До каде е работата со тужбата на ЕВН во Вашингтон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Нигде никаков напис од ЕВН или од владата.

Дали има некаква спогодба, договор итн.?

Статус кво?
 
Кога и одредени министри од “Македонскава влада“ јавно изјавуваат дека Македонија е крива за тоа што е тужена во Вашингтон,можеш и сам да заклучиш до каде е работата со тужбата и да го насетиш нејзиниот епилог.:toe:
 
Проблемот (твој) е што јас знам дека Македонија не е крива, и дека сосема валидно бара ЕВН-Австрија да го испочитува договорот за инвестицирање во Македонија од 96 милиони евра и додатно да плати пенали затоа што не го сторила тоа, а имала таква обврска.

Впрочем, затоа ЕСМ и’ беше продаден, за да се подобри услугата и квалитетот. Наодот на ревизорската куќа Ernst and Young беше дека купувачот на ЕСМ, т.е. ЕВН-Австрија, не вложила ниту едно евро првите 2 години (а има обврска да вложи 67 милиони).

Тоа што ЕВН во тужбата измешала односи со влада и со приватен субјект (ЕЛЕМ) за да ја замагли работата, е проблем на ЕВН, па допрва останува да се види дали воопшто судот е надлежен за некои аспекти на тужбата.

Мене не ме интересираат шпекулации, туку факти па кога ја отворав темава се надевав дека некој поофицијален ник ќе поднапише нешто тука. И уште се надевам.

Затоа те молам немој да разводнуваш со политичка предумисла, со оглед на тоа што е битна за граѓаните на Македонија, а и за мене лично.
 
Проблемот не е само мој,уствари најмалку е мој,зошто јас знам дека Македонија е ограбена со срамната продажба на делот дистрибуција за помалку од 200 милиони евра,кога само обврските на граѓаните и фирмите кон тогашното ЕСМ(а сега ЕВН)“тежат“ повеќе од 200 милиони евра.Значи ако твоето прашање го разгледуваме само од економски и правни аспекти самиот факт дека некој им продава на Австријците нешто што само во капитал (од долгови на граѓаните и фирмите) кон себе има повеќе од 200 милиони евра пари,без да се направи реална проценка по броила како насекаде во Европа,со што вредноста ќе беше најмалку три пати поголема или окулу 600 милиони евра,говори дека е направена криминална продажба.Тоа очигледно ти не го знаеш или не сакаш намерно да го знаеш.
Македонската влада требаше да покрене општа тужба против сите оние кој ја потпишаа таквата срамна купопродажба,која се коси со сите разумни норми на економијата и правото во светот.Всушност да им продадеш 200 милиони евра по цена од 180 милиони,само по себе е криминал,без при тоа да ги земеме во обзир сите трафостаници или приклучоци кој вредат уште најмалку 200 милиони,а да не зборуваме за правото на МОНОПОЛ кое исто така им е продадено на Австријците и кое вреди неспоредливо повеќе одколку овие сите работи кој се видливи,проценливи и опипливи.
Главниот преговарач во продажбата сега е министер во оваа влада па дури и се дрзна во јавноста да се стави на страната од ЕВН,со што всушност им даде поттик на Австријците да покренат тужба во Вашингтон,против државава односно владата на оваа земја а неговото име е Фатмир Бесими.Не сакам на твоето прашање да наметнувам политичка конотација,но фактите мора да ги согледаш за да разбереш сам,па сигурно не очекуваш на овој форум да ти се јави тогашниот премиер Бучко или самиот Фатмир Бесими,(наместо досега да бидат во затвор за таквиот криминален чин и злоупотреба на функција) да ти разјаснат колку се “невини“ при самиот чин на таквата криминална купопродажба,кој беше обвиткан со тајни анекси,како да се работи за продажба на сопствена нива,а не на еден државен субјект од огромно финансијско и економско значење за граѓаните на оваа земја.Еве читај малку ебаго:

Министерот Бесими неодамна и јавно изјави дека долгот меѓу двете фирми е затворен и регулиран со анекс договор.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109904

http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/12791.html

http://www.time.mk/story_6bf887f2e0_article_2c2a25700e.html

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=8235
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom