Често жените доаѓаат до овој заклучок. Не би требало барем не според мене. Да не дојде до забуна зборам за поголемиот дел, чест на исклучоци:smir:
Во последните неколку години судовите кои жените ги донесуваат за мажите се загрижувачко негативни. Основната идеја се состои во тоа дека мажите денес се во лоша "состојба". Мажите се сметаат за помалку извонредни, помалку посакувани и помалку интересни од жените. Верувам дека за многу од овие критички судови постојат реални причини, но исто така верувам дека предрасудите за мажите се чиста женска самоодбрана, како што машкиот шовинизам е пред се одбранбен систем.
Пред се, мажите лично за себе не веруваат дека толку многу се заостанати, здодевни и закржлавени како што многу жени мислат. Дури и да е тоа вистина ( а што се однесува до мене не е ), да се соочиме со тоа убедување, што значи дека на мажите автоматски им ја укинуваме можноста нешто самоиницијативно да направат - што и да е - ново и позитивно.
Поголемиот дел од мажите се задоволни од себе, а освен тоа воопшто не се жалат на жените. Бидејќи им се допаѓаат измените што ги забележуваат кај нив - ако порано требало жената да ќути и да слуша, сега мажите сакаат да имаат муабет со својата партнерка, да можат взаемно да се разбираат и договараат. Додека многу од жените немилосрдно се жалат на големиот недостиг од мажи, напротив мажите токму заради тоа се чувствуваат извонредно бидејќи се "на цена".
Преголемата критичност презирот кон мажите не води никаде, а секако не водат до мажите. Поголемиот дел од мажите е прекрасен во некои работи, а полн со маани во други работи ( што е сосема нормално ). Исто така честа појава која сум ја заприметила е тоа дека подолемиот дел од жените ( пак ќе кажам секогаш има исклучоци ) го гледа најдоброто кај пријателката, а најлошото кај мажите, што значи постојат двојни стандарди. Жената може да премине преку мааните на своите пријателки, но истите такви несовршености па дури и многу помали, стануваат со тек на време недопусливи и неприфатливи кога ќе се забележат кај маж.
Значи зависи од кој аспект гледаме на работите. Повеќето од жените тврдат дека мажите имаат потесен круг на интереси, додека мажите го имаат истото мислење за повеќето жени - дека не се воопшто заинтересирани за теми кои нив најчесто ги интересираат. Жените кои креваат раце од негативните преубедувања обично имаат поинтересни и поисполнети односи со мажите.
Ако сакате да го разберете спротивниот пол, барајте го она најдоброто, а ако го очекувате најлошото големи се можностите тоа и да го добиете. Со лице од спротивниот пол треба да се разговара со иста заинтересираност и опуштеност како што тоа се прави со пријателите. Одмерувањето или категоризацијата не им дозволува на луѓето да го откријат новото, зачудувачкото и интересното за нив. Ако некому пријдеме со ставот "ајде покажи се", самите запаѓаме во неволја.
Луѓето кои се ставени на тест, независно дали се мажи или жени често кога треба, не ги покажуваат своите најдобри страни. Тие се повкочанети, здодевни или неприродни. Затоа спонатноста е убава работа, затоа што со погоре наведените однесувања само ќе се одбие личноста од спротивниот пол.
Начинот на кој жената се однесува кон мажот, често влијае и врз впечатокот кој тој ќе и го остави.
Ако ги зауздаме малку нашиот цинизам и песимизам, обесхрабрувачкиот термин " недостиг на мажи или жени " може да ни се види како претерување :smir: