- Член од
- 27 јуни 2020
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 7.437
- Возраст
- 38
Волтер, Франк Шејфер, Џордан Питерсон и ред други укажуваат дека концептот за бог може да биде корисен од социолошки и етички аспект. Инсистирањето дека религиските наративи и концепти се тотално безвредни или штетни е арогантно. Дури религијата да има само некаков плацебо ефект за оние кои ја практицираат, доволно е. Многу модерни типчиња го обичаат исказот “Не сум религиозен, ама сум спиритуален.” Од научна перспектива, и спиритуалното и религиското искуство се еднакво небитни и научно невалидни. Од лична перспектива, меѓутоа, и двете искуства имаат вредност и смисла за многу луѓе. И тоа ми изгледа ок.
Инсистирањата на милитантните атеисти дека 100% нема бог или она на религиозните милитанти дека 100% има, се во суштина арогантни.
Се е тоа супер, ама има едне малечок проблем кој "милитантните атеисти" го потенцираат и кој оневозможува ваков опуштен пристап спрема постоењето или непостоењето на Бог. Иако западните демократии се номинално и де јуре секуларни, религијата и понатаму игра голема улога во тие општества. Во САД на пример, теоретска шанса нема да стане претседетел политичар кој во предизборна кампања отворено ќе каже дека е атеист. Религиозните и ден денес се помногубројни од атеистите, и нивната приглупа религиозност посредно и непосредно и понатаму игра улога во одредувањето на животот и на атеистите. Не мора ниту да одиме во некоја висока политика, минарињата и камбаните се доволен доказ колку се религиозните напорни.
Кога не би било вака, верувај дека ниту еден атеист не би се грижел ни најмалку за тоа која будала верува во каков и да е замислен пријател. Затоа и "длабокумните" анализи на религиозните митови на Џордан Питерсон заслужуваат да бидат наречени со вистинско име, а тоа е давање лажна вредност на бапски глупости на пустински камилари.
Што се однесува до плацибо ефектот и позитивните влијанија на религиозните верувања во областа на моралот, да го прафразирам (по сеќавање) Расти Кол.
Ако за да го истуркаме денот ни е потребна приказна која ги нарушува сите природни закони за кои знаеме, што тоа зборува за нас? И ако единствената работа која некој го спречува да направи нешто ужасно е стравот од неговото замислено другарче, тогаш јас сакам тој некој да знам кој е.