Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995
Да, јас верувам во Господ и во светото тројство. Црквата како институција и нејзините претставницине не ги подржувам нешто нај нај. Немам ништо против атеистите и другите религии, имам широк спектар на пријатели кои што се атеисти и припадници на други религии. Дури и со многу атеисти наоѓаме заеднички вредности!
 
Една слика,милион зборови.

527730_112886552201539_86294476_n.jpg
 
Деца...не мешајте баби и жаби.....наука и религија се два различни поими...
Овој па лајк ставил....:facepalm:

Ја гледаш ли иронијата во постот што го напиша?Па на целиов подфорум темите се околу баш тоа,ако не си забележал незнам што бараш во прво место тука.Живеј си со Господ никој не ти забранува,јас повеќе би преферирал да живеам со технологија.
 
Ало франкфурт...подфорумот се вика религија...за наука има друг
 
мала дигресија можеби, меѓутоа интересно е тоа што западниве, или да речам барем мнозинските религии како христијанската, муслиманска, јудеизмот се монотеистички, веруваат во еден бог, зборат за некакво единство, „Алах е се“, „We are one in the Father“ etc (карикирам)... ама некако како да се дистанцираат од оваа идеја во толкувањето, практицирањето на религиските теологии и обреди, од тоа единство што го зборуваат.

Нешто во смисол: „Господ е се, ама Господ е таму некаде... тој си е посебен ентитет“. Хмм, мала... додуша не мала, голема контрадикција, голема нелогичност.
 
Чупе, Ле Чрч ја праи забуната, тие ја напрајле дистанцата.
Инаку, нема разлика, изворно.
Патот до возвиѓение е различен, а ист.
 
Деца...не мешајте баби и жаби.....наука и религија се два различни поими...
Овој па лајк ставил....:facepalm:
Ја гледаш ли иронијата во постот што го напиша?Па на целиов подфорум темите се околу баш тоа,ако не си забележал незнам што бараш во прво место тука.Живеј си со Господ никој не ти забранува,јас повеќе би преферирал да живеам со технологија.

Во голема заблуда сте и обајцата.Јас би ви го поставил прашањето-ако постои Бог,тогаш зошто постои науката?
Еве да претпоставиме дека Бог постои,иако тоа не можеме да го знаеме,дали во случај да не постоеше науката како главен двигател на човештвото и неговиот прогрес,каква ќе беше замислата на човекот за Бог?Како некое мало,кутро,дебело воајерче полно со злоба,завист и љубомора кое врши геноцид при првото негово незадоволство?Требаше ли човештвото да дозволи други институции,налик на Црквата,наместо самиот човек,да си земаат за екслузивно право за објаснување на природата на Бога?Ако беше така,уште ќе мислевме дека Сонцето се врти околу Земјата.Добро,има и такви што во 21.век го тврдат тоа,баш благодарение на влијанието на Црквата:D
Јас би рекол дека науката го дефинира Бог,можеби не може да го докаже неговото постоење или целосно да го разоткрие,но дефинитивно може нешто да не научи за неговото дејствување и неговата природа.Науката,преку откривањето и изучувањето на законите,појавите и односите кои владеат во природата,на Земјата,во Универзумот на досега најдобар можен начин ни го открива Бог и тоа што тој претставува,а што не(секако,доколку тој постои).Ниедна религија не успеала толку во тоа,иако,морам да потенцирам за да не ме сфатите погрешно,би можело да се каже дека на ова поле религијата и науката имаат заедничка цел и интерес,а тоа е пронаоѓањето на Бог.Секако,секоја со своите методи.
Затоа Гурџи,немој да и се лутиш толку на науката и ревносно да ја отфрлаш а ти Стефан преиспитај си ги уште еднаш ставовите зашто звучиш како да си ограничен во изборот(болд).
 
У тибам! КОНЕЧНО НЕКОЈ НОРМАЛЕН ДА СЕ ПОЈАВИ!
Е така де, ама џабе им објаснуваш дека науката и Бог се неодвоиви, margaritas ante porcas ти текнува?!1
 
Методот на науката - Цел на Религијата​
Само така ќе се избегне догмата и ... се надевам црквата!​

Црква како институција, не како храм божји. Оти не секој храм божји е црквена институција.
 
Црква како институција, не како храм божји. Оти не секој храм божји е црквена институција.
Да да секако, затоа реков ЦРКВА а не храм.

Секако ми е матен целиот христијански концепт за божественото и патот на просветлување преку постоење на грев и некакво си спасување од нешто(пренесувано низ мрачните коридори на црквата како институција, дали православна, дали католичка не ми менува ништо).
Не го одобруваме тоа! Грешните, на лавовите (y) Веднаш ќе бидат спасени!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom