Па.... морам да признаам, на почетокот (до пред 2-3 години) како да живеев живот за некои други луѓе. Туѓото мислење и туѓите ставови ми значеа повеќе од се. Но времето си минува, ние созреваме, минуваме низ еден куп лошо и трошка арно во животот, и кога на крај ќе сумираме, излегува дека вистина е само она што вистински сме го проживеале, без лажење на себе си, без маски пред другите, со чисти емоции и „те сакам!“ од срце.
Мене стравот од осуда ме тераше да живеам двоен живот. Ама има еден поголем страв од него. Тоа е стравот дека ќе се разбудиш едно утро, со еден куп години на старите плеќи и ќе сфатиш дека додека ти си живеел за други, другите уживале во животот. Е тогаш... ќе си плачиш, ќе си кукаш... ама касно ќе биде... :star: