Xbox360 гејмери

  • Креатор на темата Креатор на темата darjanmk
  • Време на започнување Време на започнување
Инф за сите кои планираат да си купат xbox360.Да не купуваат од белиот модел бидејќи е со фабричка грешка,и се расипува за месец-два од како ќе го земете и потоа нема никакви шанси да се направи.
Не сите. Мoјoв еве гo 6 гoдини терa.
 
Не сите. Мoјoв еве гo 6 гoдини терa.
мојов се расипа пред некој некој ден,и кога го однесов ми кажаа дека му нема надеж.А ти се има расипано до сега?
Инаку кај човек што го однесов ми кажа,и да го направиме тој пак ќе се расипел за два-три дена...ќе идам овие денови кај дечкото и ќе си ги барам парите или ќе му кажам да ми даде друг,само месец дена го имам ми кажа имаш од мене за xbo-ksot гаранција од 5 години,и оп после еден месец се расипа.
 
Последно уредено:

Најчест проблем кај конзолите за кои велат дека доколку ги поправат, сепак проблемот ќе се појави повторно после 2 или 3 дена, е оксидирање на калајните пинови кои го поврзуваат процесорот со матичната плоча на конзолата.

Доколку ова е проблемот со кој се соочува конзолата, а потенцијалните сервисери ти велат дека и после поправка сепак проблемот ќе се појави повторно после 2 или 3 дена, очигледно тие нема да го извадат процесорот и да ги сменат калајните пинови, туку само ќе го загрејат процесорот со воздушно лемило за да се подобри контактот помеѓу процесорот, пиновите и матичната плоча, па така конзолата ќе проработи, но после краток временски период повторно ќе се расипе.

Процесот на загревање на процесорот со воздушно лемило се нарекува reflow и може да заврши работа само привремено, бидејќи дефектот не е сервисиран и повторно ќе се појави. Само прашање на време е кога ќе се појави, може да се појави за 2 или 3 дена, може да се појави за 2 или 3 недели, а може да се појави и за 2 или 3 месеци, зависи од тоа колку се подобрил контактот помеѓу процесорот, пиновите и матичната плоча со загревањето.

Процесот на менување на калајните пинови се нарекува reballing и доколку е правилно изведен, трајно го отстранува дефектот. Но опремата за reballing не е баш евтина и малкумина се зафаќаат за сервисирање на такви дефекти.

Знам дека К2 Лап Топ во Аеродром вршат reballing, но од лично искуство не сум задоволен од квалитетот на нивната услуга, бидејќи очигледно не го отстранија дефектот на графичка картица која им ја однесов за сервисирање, а која после месец дена повторно се расипа, што значи дека не го извеле правилно процесот на менување на калајните пинови.

Најголеми корисници на reballing услугите се казината, бидејќи коцкарските автомати редовно се соочуваат со ваков дефект бидејќи работат 24/7, па затоа ти препорачувам да отидеш до некое казино и да ги прашаш вработените кого би го препорачале за reballing на конзолата.

Еве како се изведува reballing постапката - забрзано на Xbox 360 и детално на PS3 Slim.

Исто така, бидејќи користиш постара Xbox 360 конзола, не би било лошо да и го смениш кулерот со поголем кулер за подобро ладење на конзолата, како што е прикажано на наредниот видео клип.

Последно уредено:
Инф за сите кои планираат да си купат xbox360.Да не купуваат од белиот модел бидејќи е со фабричка грешка,и се расипува за месец-два од како ќе го земете и потоа нема никакви шанси да се направи.
Јас купив од белиот модел,го имам 7-8 месеци и сеуште не ми се распиал,супер се си игра...:D
 
i jas imam bel ne se rasipal do sega

Јас купив од белиот модел,го имам 7-8 месеци и сеуште не ми се распиал,супер се си игра...:D

@stiv_milanezot што повеќе од доволно говори дека не сите стари Xbox 360 конзоли се расипуваат така брзо и лесно како што некои мислат.

Однеси ја конзолата кај некој добар сервисер што врши reballing, нека ги сменат калајните пинови на процесорот, нека стават поголем и појак кулер за ладење и сигурно и на тебе ќе ти трае конзолата со години без дефект.
 
Ја имам Џаспер (едно 6 години) и неам никакви проблеми никад (да чукнам у дрво). Нормално, игрите прво ги учитувам на хард и од таму ги играм, али факт е дека не ни играм нешто многу-многу.
 
Ја имам Џаспер (едно 6 години) и неам никакви проблеми никад (да чукнам у дрво). Нормално, игрите прво ги учитувам на хард и од таму ги играм, али факт е дека не ни играм нешто многу-многу.

Jasperot ne se rasipuva od rrod
 
Ја имам 360ка Pro(од белите старите) ми го донесоа од америка пред 4 год...да чукнам во дрво немам проблеми никакви со него....иначе како што ми рекоа Фалкон е мојот со таква плоча бил
 
Дечки итно ми е, некој да не продава ФИФА 15, (и некоја игра со коли) за Xbox 360.
Оригинал само да се.
 
Сакам да шитнам Xbox 360 Slim со 320GB HDD, цена да предложите пошо не знам како идат на старо? Не е чипуван, со 2 оригинал игри би го дал (Хало 3 и Bioshock Infinite) :)
 
Вака да прашам имам 360слим све е чипована и до денес работеше без грешка ама пак ја видов дек излезе томб рајдер новата и ја спуштив да режам ја ставам на икбоксов ја читата све ја инталирам и све се напрај одам да ја пуштам и ми излезе за апдејт ја упдејтирам играва се рес нормално и одпочеток ја пуштат и нанеднаш се поремети не ми ја читат,редам друга игра оргинал и све шо имав ши ми беа убај,и нив не ги читат,слушам само ко ќе стам игра кј шо се слушат дек неубо го читат цд,дали го ебав иксбоксов со цд пиратски игри или пак сум баниран пошо уште томб раидер не е официјално излезена а ја имат пиратерија 3 - 4 дена порано?
 
Дали може fat xbox 360(од белите) да се чипува J-tag ? барав на интернет нешто.али пак не сватив дали може :D.Btw препорачајте игрици слични на Far cry и Tom clancy.
 
Дечки, земав xbox360 slim и сакам да го чипувам, дали ќе ми треба хард диск за да ги играм игрите, и дали кје можам да ги апдејтувам...
И уште една работа, дали смеам да го апдејтувам xbox-от кога ќе побара апдејт?
 
Aко сакаш да ги имаш на хард диск игрите тогаш купи хард диск,a има некои игри на 2 цедиња што бараат хард диск(не е скап,види може во idc shop има)ама немора.Како мислиш да ги апдејтуваш игрите ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom