Не беше наеднач од коо се запишах, ама фала Богу, дојде и тој ден на мојто деби. Тренираах фудбал у ФК Турново, според мене ного касно го направих тва, па и за тва не успејах толко колко шо посакуваах. 12ипол-13год. нее баш рана возраст да почнеш да тренираш фудбал, без разлика дали уште од 4-5 год. си почнал да рипаш со топката по улицата или на некое си игралиште, школа си е школа. Долго време го чеках мојоо деби настап, повеќе од 1год., не дека не бех добар или најслаб, едноставно на некои особи не им одговараше тва. Бех ного време малтертиран и понижуван, ама никојпат не потклекнах и не се откажах се до 17ипол год. Не дека не ми пречеше секоја утакмица да ја седам на клупата и да не осеќам как е да се игра фудбал ни по 5-10мин. ама бех јак, се трудеех да издржам колко шо можам повеќе. Се смени и тренеро, 1-2 утакмици и со него на клупа, бееме пионеере, имаме гостување у Боганци (Вардарски), как сега ми е тој ден. Патуваме у комбето, со надеж дека сега барем малко ќе поиграм, ќе осетам фудбал... имааме некои играче од нашата генерација шо беа подобри играа и за кадетите и така од минатата утакмица имаше останен дрес, а за таа утакмица јас немаах дрес, тренеро пита кој нема дрес, викам "јас немам" и ми го фрла ќесето со опрема. Се соблечуваме, гледам дресо со една непосебна а сосем случајна бројка 10ка. Пак бех резерва. И незнам дали уствари ќе флезеех да играм ако едно другарче не се повредеше некаде 15мин од почетоко на утакмицата. Се сеќавам и как си га подвија ногата и коо беше тва дете, буквално на се се сеќавам. Тренеро ме избера мене, јас да играм как десно крило. Јас посеран, незнам на дека да гледам, незнам на шо да мислам. Трема у пм, возбуден, среќен, исплашен, збунен... ного чувства у исто време. Утакмиците за пионеерто се играа по 35мин. и тие 20мин ги изиграх как мува без глава, доста нервозно, со грешки... Тренеро го гледаше тва, и на полувремето правииме маабет, ми кажа зборови и реченици шо ме смирија, и ми го смени местото на игра, сега бех заден везен (Флечер позиција). Резултато беше 0-0. Второто полувреме почнах со друг мозок. Играах, размислуваах, подаваах, креираах, трчеех. Една акција смени се, напаѓаме брзо, как полуконтра, трчам напред, ми ја дават топката шутирам гол. Незнам у кој филм сам, го славам голо со играње "Рама маргарин"

Веќе бех целосно опуштен, 1-0 за нас, деби настап-деби гол. Друга акција, тие напаѓат, крадам топка и давам долга топка на нашио шпиц, трча постигнува гол, асистенција моја. Имаах уште една асистенција, излезееме сами пред голо со еден соиграч, подадех, тој постигна гол. Јас постигнах уште еден гол шо го поништија заради офсајд, ама најинтересно беше тај "воденио" гол, моја акција излезех сам пред голо, пласирам, веќе го совладах голмано, ама топката застана у калта пред самата гол линија, оште се смеам за таа ситуација. До краајта постигнааме уште еден гол и завршииме 4-0. Тва беше мој ден, мој деби настап. Дадех гол, асистирах за 2, еден ми поништија и еден топката застана пред линијата... Тој ден, немаше посреќен од мене, се осеќаах испразнен од негативна енергија, возвишено. Коо си ојдех дома, тато не ми веруваше ни оти сам играл, не оти сам дадел гол и оти сам наместил 2 гола, оти обично коо си идаах дома од утакмица само кажуваах "не ме пуштија да флезам..." Наредните утакмици беа друга приказна, од тогај се сменија ного работи и со мене и со мојто игране на утакмици. Тва деби нема никојпат да го заборавам, а за другите мои деби утакмици ќе пишам понатам, иако и они се такви впечатливи.
