Нашиот личен идентитет на форумов. Јавен или анонимен?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
И јас одбрав јавен идентитет поради тоа што знам дека сакам да знам за сите членови од кај се и што се, па некз знаат тие и за мене. И јас како членот погоре јадам понекогаш со устатата, добро малце повеќе и провоцирам но за ништо немам намера, само сакам малце да се позафркавам. Немам страв од тоа што го сите ми знаат слики , име , локација и мсн. Сакам пријателства со форумџии и верувам ќе ги има во иднина.
 
Полутаен! ама не затоа што се кријам, туку затоа што имам живот, фамилија (маж, деца). Инвестирам во надежни пријателства. се останато е вишок.
 
Веројатно спаѓам во анонимците, ама не затоа што нешто кријам, туку затоа што јас така сакам, поради икс причини. Ако некој сака подобро да ме запознае, има ПП, па ќе размениме подетални податоци. И јас кога со некој сакам би сакала да стапам во контакт, би претпочитала на тој начин.
Искрена сум во постовите, а и кога би имала јавен профил, пак би била истата. Не сметам дека некој е повеќе или помалку искрен, во зависност од тоа дали му се објавени личните податоци или не.
Секој сам одбира и одлучува што ќе објави, а што ќе сокрие.
 
Мислам дека е јавен.Немам што да кријам,не сум направила нешто лошо па да ме оцрнуваат или пак по нешто да ме препознаваат па да бидам анонимна
 
на некој начин ме нервира ко че видам имињава на корисниците да се некој од филмој или од кај знам првите зборој шо му текнале... ако вејче се зачленуваш и сакаш да коментираш,да прајш кажисиго идентитето,можи че те изеј некој или че те пријава вполиција хаха
то се вика кукавичлук.. да не ги познај некој дека се тие или сл...:pop:
 
Еве и мојот е јавен освен никот што ми е стаен.Сликата на аватарот што ја имам тоа сум јас,годините исто така се реални,а никот ми овој затоа што сегде го користам тој ник.
Не се срамам или не се чувам во тајност,доколку има некоја собиранка да се организира би отишол.Не е ништо страшно доколку ги изнесам мојте податоци во јавност.
 
на некој начин ме нервира ко че видам имињава на корисниците да се некој од филмој или од кај знам првите зборој шо му текнале... ако вејче се зачленуваш и сакаш да коментираш,да прајш кажисиго идентитето,можи че те изеј некој или че те пријава вполиција хаха
то се вика кукавичлук.. да не ги познај некој дека се тие или сл...:pop:
Не. Туку тоа се вика памет. А ти го немаш.:toe:
 
Анонимен ако некој сака да ме упознае постои пп па после мсн и фејсбук и тако даље
 
Па немам многу откриено за својот идентитет од причина што на интернет не треба да се оставаат своите лични податоци. Но не се кријам и би дошла на собиранки до сега не сум била на ниедна зашто сум нов член и сега чекам собиранка па да одам ако нешто друго немам за завршување тој ден:helou:
 
На форумов би сакала повеќе анонимна да останам од причина што пишувам некои работи што не ги знаат ни луѓето што се околу мене.:toe:
 
Да личев на Ештон Качер сигурно ќе имав слики на профил, вака вас ве оставам да си имагинирате колку тоа сум јас грдо и одвратно копиле кое глуми дека е ХаЦе. Име/презиме мислам дека немам нигде пишано у вези со информациите имам пишано само дека сум proud capital city boy. И собиранки посетуeм само за да им праам лице на тамо-присутните и да помислат дека сум уствари еден фин, културен момак кој секој петок стануе у бус на госпожите у климакс. :icon_cool
 
Анонимен, ќе не можам да го испразнам сандачето од ПП пратени од моите обожавателките ако се обелодени вистинскиот

П.С Не сум Тоше ниту Драган Мијалковски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom