Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    624
Решение е нужно да се најде.
Очигледно досегашниот пристап не вроди со плод.
Кој беше тој пристап.
Едното беше стерилизација и пуштање.
Другиот игнорирање.
Оддамна нема класични шинтери со двоцевки ко во почетокот на `90 тите.
Можеби треба да се вратат, да го потсредат градов.

Да не ме земате за лошо, цел живот чувам кучиња, но кучиња по улици без газди не сакам да гледам.
Не е само да го пуштиш па да се шета, пак е тука.
Кучето е домашно животно и треба да е строго врзано со газдата, со оној кој треба да одговара за него.
Истото важи и за останатите животни, овци, крави, коњи.
Кучињата од улиците треба да исчезнат на некој начин, сега прашање е кој е најсоодветен.
Ако постои некоја критична маса која ќе ги вдоми во ред, но очигледно ја нема, така да погрубото решение ќе излезе дека е поправилно.
А вие 14 годишни девојчиња, не ги жалете кучињата, жалете го светот во кој растете кој дозволил такви нешта да се случуваат.
 
Јас имам уплаф од кучиња скитници,:vozbud: не дека сум против кучињата во глобала ама сепак страв ме фаќа кога поминува некое куче покрај мене се смрзнувам од страв, се мислам да не ми се нафрли да миоткине дел од бутов :kesa: додека си одам.
Мислам дека на кучињата не им е место на улица.
 
Колку за информација, посебно на сите оние кои сакаа да се успијат здравите кучиња скитници, денеска беа успани дел од нив во вардариште.

Овие кученца веќе ги нема. Сите беа успани и мајката и малите.
kucinja.jpg


5023_138198460960_83377435960_3378870_6143342_n.jpg



Задоволни сте сеа? Убаво ви е на душичката???

Мене ми е одвратно и од вас и од власта. :nesum:
Градоначалникот нека се запраша само малку дали има хуманост во себе. Не го ни спомнувам тоа што ова го прави спротивно на законот.
Одвратно.
 
Куче нанело повреди на 10-годишно дете

Сузана Тасева На 10-годишно дете од селото Баница вчера од куче му бил одгризан дел од увото и нанесени повреди на раката, а уште три лица во Службата за брза помош во струмичката болница побарале лекарска помош.
Според информациите од оваа служба, во септември дури 18 граѓани побарале лекарска интервенција по нанесени повреди од каснување од куче. Од нив 7 деца и 11 возрасни.
Иако станува збор за полесни повреди, најчесто на екстремитетите, состојбата е загрижувачка, велат лекарите.
Од Ветеринарната станица во Струмица информираат дека покрај кучињата скитници, напаѓаат и домашните миленичиња. Дел од нив не биле вакцинирани.
Лани, кога вакцинирањето било бесплатно, вакцинирани биле дури 8.000 кучиња и мачки, а годинава само 3.000.
Иако бројот на кучињата скитници постојано се зголемува, повеќе од 5 години во Струмица нема шинтерска служба. Летово советниците во општината расправале за овој проблем, но ништо од тоа конкретно не е реализирано.

Дали треба невини деца да страдаат и да им бидат одгризувани делови од уво, лице, нозе и раце за да бидете вие заадоволни?
 
Куче нанело повреди на 10-годишно дете


Дали треба невини деца да страдаат и да им бидат одгризувани делови од уво, лице, нозе и раце за да бидете вие заадоволни?

Не велам да шетаат по улица.
Треба да се згрижат кучињата од институции како што е Вардариште. Се тоа се прави се со текот на времето. Повеќе пари се потребни и повеќе простор. Вардариште постои само 2 години. Претходно никој ништо не правеше за скитниците.
Па тие не се виновни за својата судбина.

И зар еден проблем се решава со убиство?
Зар?
Не би рекла.

Ај сега најди натпис од весник каде луѓево скитници и питачи нападнале луѓе и ограбиле.
Па ај да земеме и нив да ги убие.
Правда бе.
И тие и тие се живи суштества.

А филозофка нели беше правничка.
А законот што вели? Доволен е само првиот член иако се е објаснето детално.
Како правник треба секогаш да го почитуваш законот. Колку за потсетување.
 
Росонерка ако мислиш дека градоначалникот не постапил според законот си постојат надлежни институции и мислам дека треба да го пријавиш, ти како правник а пред се како совесен граѓанин на оваа држава треба да знаеш како да го направиш тоа, инаку во МКД не постојат институции за згрижување на бездомници а камоли институции за згрижување на животни, многу работи треба да се направат во државава но не се прават.
 
Росонерка ако мислиш дека градоначалникот не постапил според законот си постојат надлежни институции и мислам дека треба да го пријавиш, ти како правник а пред се како совесен граѓанин на оваа држава треба да знаеш како да го направиш тоа, инаку во МКД не постојат институции за згрижување на бездомници а камоли институции за згрижување на животни, многу работи треба да се направат во државава но не се прават.

Прва работа постои стационар за бездомници Вардариште кое 100 пати е спомнато на темава ако не си знаела.
Но постои само 2 години и не може тој да постигне да ги вдоми сите бездомници кои со години се шетаат низ државава. Се тоа се прави постепено. Од денес за утре нема промени. А пред се потребни се средства.

Второ станува збор за градоначалник, кој не го почитува законот. Но има невладини кои веќе ја покренаа акцијата против градоначалникот. Сама како поединец јас ако отидам во полиција и го пријавам ништо нема да постигнам, освен што ќе ми се испогазат од смеење.

Точно дека во државава не функционираат работите како што треба. Сосема е нормално тоа.
Но бар граѓаните да имаат хуманост и да не подржуваат вакви незаконити дејствија.

И ако ти сакаш да ги убијат, јас нема да ти сменам мислење знам.
Само кажувам како е законски и кои мили животинчиња се убиени денес. И дека може да се отргнат животните од улица и да се сместат во стационари, а не да се убиваат.
Ти и понатаму подржувај си ги.
Оди помогни им ако не. Ако те прави тоа среќна. :uvo:
 
Јас не можам да ве разберам... куче е ДОМАШНО животно (волк е диво, итн...). На куче му треба сопственик, да се грижи и да биде одговорно за него. Бидејќи може да нападне (кучето е познато по тоа, бранејќи ја својата територија и својот сопственик милион случаеви има кога кучето се бори до крај). Значи тоа е домашно животно, мене не ми се чува куче. На кој му се чува, нека си земе слободно, јас ќе му ги платам вакцините/престојот во прифатилиштето, и нека го чува ко очи.
И не ми е јасно од кај ваков пристап "или си со нас, или поддржуваш убивање на кучињата бездомници". Не може да сум со вас, и да си ги приберете кучињата по дома, со каиши и глупости? Реков и на почеток, успивањето не е решение, ама ако веќе нема друго решение, секако не прифаќам да ги пуштаат по улици само затоашто росоњерка има душа бела ко летен снег (дури и месо не јаде... или јаде? ама и тоа месо е од животно... телето си шета по тоа росната ливада, доаѓа чичко со огромен нож и му вика "ела ваму теле да те колам, ќе те правам плескавица за росоњерка").

И ќе повторам, внимавајте со тоа еднаквоста помеѓу куче и човек бездомник. Ги сјебавте сите норми со размислувањево и споредбава. Ради вакви луѓе, имаме мода луѓето да не прават деца туку да чуваат некое шмизла од куче (заборавив која марка беше она малото, ситното) и се чуствуваат целосни. Заборавате дека ова чудо

250px-Sar10.jpg


е куче. Намената му е да го чува трлото овци од волкот лош. Да ти чува дом. Да ти биде верен пријател, а ти према него верен стопан.

Со размислувањево, од тоа куче направивте нешто вакво

DSC03827.jpg


(пола куче пола ништо) и уште си зимате за слобода да го споредувате со човечки живот. Срам да ви е.
 
Росонерка, полека смири живац.
Ти знаеш ли што значи хуманост?
Хуманост значи човекољубие, ако ти немаш ни трунка жал кон малото девојче што го загубило увото, и кон сите оние што носат лузни по нозе и раце направени од таквите мили кутри, невинки кучиња што хараат низ улициве на Скопје тогаш тоа не те прави тебе хумана, туку нехумана.

Викаш нормално било да не функционираат законите во државата, не е нормално тоа, епа ако се грижиш ти за кутрите душички тогаш оди во полиција и премини преку целото исмевање на полицајците, издржи до крај, биди јака оди здоми неколку кучиња и престани да се правиш праведна и хумана на зборови докажи го тоа на дело.
 
Не реков дека не ми е жал за луѓето нападнати од скитници. Напротив.
Срам ми е да отидам во полиција и да се бунам точно. Си признавам.
Се тешам со тоа што постои организација за животни кои тоа колективно ќе го направат, затоа што не сметам дека е лесно поединец да оди да тужи градоначалник. Речиси никој нема гз за тоа, па ни јас.
Јадам месо и ќе јадам. Плукајте ме и ради тоа. И ради тоа што не сум посвоила куче, поради тоа што чувам 10 мачки во двор кои ги храниме секојдневно, имам и папагал и куче кое ќе стигне за месец дена. Немам услови јас за 20 животни. Да не треба јас да отворам стационар? Не ни се сметам за претерано хумана. Не ги ни ставам животните пред луѓето.

Но жал ми е што се убиваат без никакво чуство и не се ни настојува да им се помогне. Него убиството го сметаат како решавање на проблем.
Наместо како што беше почнато да се стационираат во вардариште и да им се помогне.
Убиството не е решение, освен за болните и старите кучиња. За малите никако. А тоа е она што се прави во моментов.

Денес кучињата се убиваат. Утре недај боже што може да им текне на власта да почне да убива.

Толку од мене фала приетно.
 
Ама ние (јас барем) ти ја разбирам(е) болката многу убаво, биди си раат. И ти гарантирам дека никој не ги мрази кучињата. Но, имаме еден проблем. Како што и сама можеш да видиш на анкетата на темава, имаме 2 избора

1. Да ги успијат
2. Да ги пуштат по улици

Познавајќи ги доста добро и имајќи многу негативни искуства со нив (зошто и како, можеби ќе ти текне) дефинитивно сум против да ги пуштат по улици без контрола. Е сега, тоа што единствена втора опција е да се успијат воопшто не е наша вина. Јас не можам да го бранам твојот став "пуштете ги по темни улици и патишта само аман-заман не ги успивајте". Куче без газда е ништо.
 
Филозофка, агресивните и болните(или претерано старите) нека се успиваат, проблем е што се успиваат здрави и мирни кучиња, па и последно што прочитав, мали(само неколку месеци) кутриња се успиваат. Тоа нечини, агресивните никој не ги брани(пак се ради лугето околу нив такви....ама ај, друга тема е тоа), доколку кучето не е агресивно и е здраво, па уште и кастрирано(со кастрирање ја снемува агресијата, затоа некои сопственици ги кастрираат кучињата) нема ама баш никој да нападне.

Не е проблемот во власта, државата ни па градоначалникот. Проблемот е во ние што многу сакаме кучиња па само преку тастатура ги браниме. Треба да организираме некоја акција за да ги исполовиме и да ги однесеме на кастрирање и после пак да ги вратиме. Ама нема кој, нема како....Во вардариште ке примат ако однесете улично куче на кастрација(бесплатна е патем) и си го земете после 2-3 дена(коа ке закрепне), ама кој го прави тоа ?!?!
 
Во вардариште ке примат ако однесете улично куче на кастрација(бесплатна е патем) и си го земете после 2-3 дена(коа ке закрепне), ама кој го прави тоа ?!?!
Никој. И јас одалеку ги сожалувам децата кои гладуваат и умираат во Африка, но многу е малку скоро ич што се залагам за нив и некако можам да им помогнам. А можеме ако сите се сложат, но тоа е научна фантастика.
Ко помлада секогаш чував куче, никогаш не сум нападната од куче, но познавам многу кои имаат лошо искуство од нив. Не е вред да се бориме за еден живот, а притоа да дозволиме тој живот да нема никаков живот. Што ако кучето биде пуштено надвор? Пак ќе биде клоцано, пак ќе се пика по контењери и ќе биде полно со болести и целото измлитварено(шугаво). Ко што реков во првиот пост од темата, сум за поголемо организирање и вдомување на кутрињата, кастрирање, вакцинирање и да си чека на својот иден сопственик, од надвор нит они имаат фајда нит пак луѓето.
 
мм...ниту едното ниту другото...зошто не се оформи едно место за каде ке се вакцинираат, чистат и вдомуваат кучиња скитници?
иако ние како земја не сме направиле ништо во врска со луѓето скитници и нивно хранење и помагање, ама ете...
ако ги успијат ништо не добиваат, само замислете од тие мртви тела од кучиња...каде ке ги фрлат како прво? каде и да ги фрлат ке биде нехумано, иако се кучиња...
а пак ако ги вратат на улиците исто ке биде пат, тие пак ке бидат гладни, неиспрани, полни со болви и болесни...
не гласав за ниедно...

Тоа е поентата...
Пари се зимаат за вакви и слични проекти (и земе ни се веќе) ама недостиг на човечноста и „одење по линија на помал отпор“, чуда прави.
Да, на сите ни сметаат глутници од распуштени и болни кучиња и не може никој да ме убеди дека за решавање на проблемот требаат многу пари ама очигледно помалце требаат за да се успијат!!!!

Ќе си ги прераспредели некој средствата а кучињата ќе ги успива?!!?! СРАМОТА!!!!!
 
Решение е нужно да се најде.
Очигледно досегашниот пристап не вроди со плод.
Кој беше тој пристап.
Едното беше стерилизација и пуштање.
Другиот игнорирање.
Оддамна нема класични шинтери со двоцевки ко во почетокот на `90 тите.
Можеби треба да се вратат, да го потсредат градов.

Првиот пристап не вроди со плод бидејќи не беше изведуван како што треба. кога ќе престанеме да гледаме млади кученца на улица како улични тогаш ќе можеме да речеме дека првиот пристап вродил со плод.
Али тоа е во сиромашна земја нема пари за социјала, односно тие што се на терет на општеството и парите се итно потребни на друго место ќе мора да се рационилизира колку и ладно и бесчуствително тоа да звучи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom