Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Последен поздрав, великану секогаш ќе бидеш со нас, никој никогаш нема да те замени ти ја започна музиката и милиони срца чукаа за неа!
 
Се што би напишала би било веќе нешто излитено.
Затоа само ќе напишам почивај во мир Кралу.
 
Луѓе, дај кажете нешто за погребот ?:nesum:
Кој знае кога ќе биде. :toe:Сега прочитав дека неговата фамилија сакала нова аутопсија бидејќи не била задоволна од наодите на првата.
Има да се одложува ова сигурно уште неколку дена. :(
 
"Before you judge me, try hard to love me" - Michael Jackson

почивај во мир великану :(:(
 
Луѓе, дај кажете нешто за погребот ?:nesum:

Ќе се оджи во Лос Анџелес, а целата полиција е мобилизирана бидејќи знаат дека ќе биде навалица од народ како никогаш до сега + може да има несакани сцени.

Јас не знам дали разбирате под каков притисок беше човеков последниве 3-4 години?! Не беше истиот од 2005та наваму, целосно ранет во душата и повторно смогна сили да планира најголем концерт досега во историјата. Тоа може само голем уметник и човек.

Мајкл се обиде да го слисти целата медиумска машина (ама баш машина која меле се’ пред себе), сојузната полиција која вршеше истрага, и суд кој го теретеше за најчуствителното прашање (за дете), а сите “најблиски’’ го напуптија, го ограбија и го оставија да плива во долгови. Последново посебно се однесува на главната менаџерка, ако ми е дозволено да ја идентификувам дека беше Гркинка, која му дигна 10 милиони и избега во Атина.

Било кое друго срце би прснало многу порано.


Нека почива во мир и Бог да го прости.
 

Телефонското јавување е, засега, од неидентификувано лице кое било во домот на популарниот пејач, и во разговорот со службеникот во 911, тоа бара помош за машко лице, чие име не сака да го соопшти, туку само вели дека е на возраст од 50 години. Потоа јавувачот ја кажува адресата Лос Анџелес Калифорнија 90077 и панично вели дека лицето за кое се јавува е во безсвесна состојба и дека не дише.

Непознатото лице бара помош, односно инструкции за тоа како да му дадат вештачко дишење. На прашање на службеникот од 911, дали во куќата е сам или има уште некој со него, машкиот глас одговара дека со него е нивниот личен доктор.

Потоа службеникот му вели дека докторот е покомпетентен од него и дека сигурно ќе му помогне и дека екипа на брза помош веќе е во непосредна близина на нивната куќа.

Сега не ми е јасно малку, докторот бил дома кај него во моментот или ?
 
Сега новинариве има да прават приказни, приказни, уште малку да профитираат на сметка на Џексон. И ѕвездиве се прават како којзнае колку жалат по него, а кога му беше најтешко и кога неправедно го обвинуваа сите му свртија грб.
Ајде нека го остават нека си почива на мир!
 
Сега не ми е јасно малку, докторот бил дома кај него во моментот или ?

Дома цело време, личен доктор.
Под испитување е за тоа какви лекарства му давал.
 
И да сме го сакале, и да не сме го сакале не може да се остане рамнодушен на делото кое го остави зад него. Вистински великан.
 
Ептен ми е жал,пораснав со неговите песни,
верувам дека низ нив ќе живее вечно.
Почивај во мир!!!
Само не ми е јасно како некои имаат смелост да зборат лошо за него,двајца без тројца да им дојдат на погреб.
Една од најдобрите
 
Луѓе, дај кажете нешто за погребот ?:nesum:

На вести чув дека погребот ке бил во среда или четврток.

Ме нервира тоа што веќе се степаа за богатството (или долговите) на Џеко. По се изгледа и неговите родители само трчаат по богатството, како и сите други.
Горко и тешко на децата, се надевам дека имаат свои trust fonds и ке бидат обезбедени.
 
Еве еден краток филм од Волт Дизни, од Френцис Копола и Џорџ Лукас. Главна улога Мајкл Џексон.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom