Документарци

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно склопено документарно (барем за мене)

Baraka

Еднакво добро дело, позади кое стојат истите луѓе како и за Барака. Можеби и го имаш гледано, препорачувам на останатите..
Samsara 2011
Trailer
 
Излезе на торенти контроверзниот документарец на HBO - Going Clear посветен на Скиентологијата, одличен е (y)
 
Jodorowsky's Dune го гледав вчера и слободно можам да кажам дека е еден од најдобрите документарци лејтли..
Харизматичната нарација на Алејандро е тоа што го краси документарецот. Исто така мислам дека секој што ја сака филмската уметност нема да остане рамнодушен на Ремек Делото Dune што никогаш не беше снимено поради Холивуд и нивните бизарни правила за тоа време. Несомнено филмот ќе ја сменеше целата филмска индустрија и целиот тој Сај фај жанр би бил многу побогат и поразличен после истиот филм.
Исто така фасциниран бев од Алејандро и неговата страст за филмовите и the art in general и начинот на кој си ја создавал екипата која што е навистина е специјална и врие од најголеми таленти за тоа време.. Да не откривам повеќе за тие што не се запознаени со приказната.
Ако на некој не му е гледан слободно нека си го симне нема да зажали...
 
Напредокот на Кина низ годините, како може земја со комунистички систем на управување да има капиталистичка економија без да се распадне и нејзиниот однос со западот е добро анилизиран во документарната серија: China: Triumph and Turmoil
 
Listen to me Marlon

MV5BMjEyNDQyMTc2NF5BMl5BanBnXkFtZTgwMjMzMTAwNjE@._V1_SY1000_CR0,0,666,1000_AL_.jpg


Документарните филмови за филмските ѕвезди често знаат да бидат досадни, посебно ако се состојат само од хлавоспеви. Но, овој докуметарец за, според мислење на доста филмски критичари, еден од најдобрите, ако не и најдобар актер воопшто, е посебен затоа што нараторот е самиот Марлон Брандо. Марлон збори за Марлон бидејќи документарецот е направен од приватни аудио снимки веројатно како последица на психоанализата што си ја правел актерот сам на себе. Режисерот го одбрал насловот кога во снимките слушнал како Марлон Брандо си вика на себеси - Listen to me Marlon.

Приказната прво почнува со семејната трагедија, па после добива хронолошки тек, од детството, прифаќање и развивање на револуционерниот метод на глума на Константин Станиславски под менторство на Стела Адлер и понатаму...

Марлон Брандо речиси цел живот правел демистификација на се она што публиката го нарекува ѕвезда или артист (како на пример неговите ставови за Џејмс Дин, Елвис Присли, Битлси, Ролинг Соунс), а со овој документарец тоа го прави и за себе.

Бидејќи има дадено многу малку интервјуа во целата кариера (и тие што се дадени, во многу малку од нив се збори за филмовите. Омилените теми му се: домородните Американци, црнците и сите други опресирани небели малцинства во САД) документарецот дава добар увид во ликот на актерот така што сигурно ќе го заинтересира секој кој ги сака неговите филмови.
 
„Кобра“ – долгометражен документарен филм посветен на борачката легенда Шабан Трстена
Снимен е по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски, а режијата е на Игор Иванов. Во филмот се појавуваат Зоран Михајлов, борачки експерт, Насе Насев, поранешен селектор на борачката репрезентација, Ајруш Синани, тренер, Милош Вучидолов, доктор, Васил Тупурковски, поранешен претседател на МОК, Зоран Шоров, борач од Македонија, Ванчо Чифлиганец, поранешен претседател на ФБСМ, Назми Али – БК „Тефејуз“, Анатолиј Белоглазов, борач од Русија, Ахмет Ак, борач од Турција, Ферид Мухиќ, филозоф, Агим Касаполи и Антон Серечи, спортски новинари и членови на семејството Трстена.
 

Документарец за голицкање што и не е така смешно[DOUBLEPOST=1531294472][/DOUBLEPOST]
Дечко пробува да најде нов живот со тоа што краде идентитети на други луѓе[DOUBLEPOST=1531295357][/DOUBLEPOST]Документарец за човечкото однесување и како тоа се менува во зависност од ситуацијата
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom