Ајде сега ќе раскажам една приказна за дел од мојот живот, поврзана е со темава при крај ќе го видите тоа.
Како дете многу се дружевме јас и тој, беше малку постар од мене ама тоа не ми пречеше. Се сеќавам тогаш на моите дома не им беше многу многу по мерак што се дружам со него, мислеа дека лошо влијае врз мене, не знаеја дека сум волк во јагнешка кожа

. Навечер сакавме да играме многу на флипери, денес сеуште постои таа фирма но нема флипери, туку продаваат компјутери и компјутеров ми е купен од кај нив. Кога ќе се уморевме од флиперите јадевме хот дог од бутките крши реклами (ги нема денес). Јас јадев два, а тој јадеше осум. Ништо од човек беше ама јадеше како ѕвер. Ми велеше
џабе си толкав голем гледај колку изедов јас, а колку изеде ти. Не сакаше пред мајка му на прекар да го викаме туку на име. Бевме многу блиски, правевме муабет за татковците, јас често се жалев од мојот затоа што беше тежок и авторитативен човек, додека пак неговиот бил криминалец и криминално завршил некаде низ Европа. Велеше дека ќе биде паметен, умен и нема да заврши како него.
Ни се разделија животните патишта јас едно средно тој друго средно училиште, нови луѓе нови ситуации, нови прилики, нови искуства. Се гледавме правевме по едно здраво.
Една ден се сретнавме по пат кај брза помош, застанав и разговарав со него како што немавме разговарано со години. Иако знаев го прашав што работи.
Во полиција кај лавовите ми одговори. Го гледав добро му оди светеше гардеробата на него.
А ти? Ми вели.
Ништо јас слободен уметник сум му одговорив.



Неколку години подоцна... Бум бум убиство-самоубиство. Не му отидов на погреб, ниту со свеќа затоа што тој не го заслужува тоа. Секогаш во иднина кога и да палам свеќа во црква, дури и да помислам на него свеќата не е за него туку за девојката (не ја познавав). Не сум му лут, бесен му сум, сакам да се појави овде сега пред мене за да го скршам од ќотек, затоа што како што велеше дека нема да заврши баш така заврши.
Ах





.