„Република Македонија (Вардар) - прифатливо име“

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
:vozbud::vozbud::pos2::pos2: а брегалница штип бе???

абе каков вардар...неможе тоа...

Не може Вардар заради Радика. Ја памтите приказната од прво оделение кога се скарале Вардар и Радика? ако се умешаат и Шара и Бистра шо ќе праиме??? :)


ама не е ова за заебанција.
 
Cekajte be uste ne ve prasale moze ili ne Vardarska, ke ima referendum togas ke si go kazete mislenjeto sea e rano.
 
Ова ако беше интервју јас сум авион. Оваа репортеркава ако може така да се нарече цело време му ги вадеше од контекст зборовите на човекот и не го оставаше да се доискажи. И не го даваја цело интервју туку само исечени неповрзани делови.
Иначе ставовите на советникот според мене се добри само што овде не го оставија да се искаже. И ве молам прво научете нешто после рипајте со соросоиди и слични срања
 
Прдна и си ги испосра гаќите, народски кажано.

Пред да мочнам и ја на темава, многу ми е чудна целава работа, некако не е целосна за да можам да добијам конкретен впечаток, дали дека сум оптимист дали дека се обидувам да читам меѓу редови, меѓутоа мојата логика ми вели дека ова е пресметана изјава, свесно превземајќи го ризикот за реакциите во народот, но по се' изгледа е упатена кон некој друг.

Нема компромис што ќе помине кај народот, мислам дека намерно се обидуват да изнудат жестока реакција од нас.

Останува да одговориме во најкраток можен рок.
 
4.06.2009 19:45
intervju14-06.jpg
Ристо Никовски
Република Македонија (Вардар) е име прифатливо за еден од луѓето кои го советуваат шефот на државата.
Ристо Никовски, поранешен амбасадор, сега во Кабинетот на Иванов во интервју за А1 вели дека термините „Горна“ и „Долна“ се апсолутно неприфатливи за Македонија бидејќи ќе предизвикаат разнебитување на македонскиот народ.
Имавте ригиден став дека сте апсолутно против промена на името, името на пример Северна Македонија, или против името Република Македонија (Скопје). Против географска одредница сте, која пак, за Грција е апсолутно единствено прифатлива. Се уште ли го имате овој став?
- Прво, ригиден став, не е соодветен на она за што јас се залагам. Второ, јас се залагам апсолутно за компромис, бидејќи компромис е неизбежен. Мора да води сметка за интересите на двете страни, меѓутоа пред се за нашата, бидејќи кај нас е се доведено во прашање доколку се оди на решение кое ќе значи, де факто, разнебитување на македонскиот народ.
Можеби сега е пореално да одиме со Република Македонија (Вардар) и дури сум напишал дека ние се сметаме за Вардарска Македонија, имаме песна „Ој Вардаре“ итн., меѓутоа, ако се дојде до такво решение што ќе биде пак само за надворешна употреба без да се менува Уставот, дури и да се смени Уставот со такво нешто, но без никакви други ограничувања.
Ние после да си останеме Република Македонија насекаде на конференциите, дури и да го ставиме во Уставот Република Македонија (Вардар), де факто тоа ништо не менува, ништо апсолутно, само е една додавка од географија.
Јас тоа би го прифатил, под еден единствен услов - дека тоа е само за надворешна употреба, без никакви ограничувања - Македонци, именки, заменки. Таков мандат нема никој, Северна, Горна, Долна се апсолутно неприфатливи, бидејќи тие водат кон разнебитување на македонскиот народ.
Тоа го кажавте на 18.05.2009, додека на 08.07.2008 рековте дека е понижувачко, навредливо и недостоинствено името Република Македонија (Скопје), во колумна во „Дневник“. Значи ли тоа дека ќе го советувате Претседателот за ова име со додавка - Република Македонија (Скопје) или (Вардар), како што за вас е прифатливо.
- Што ќе го советувам јас Претседателот не е најклучно, изборот е негов.
Многу е важно за транспарентноста.
- Јас мислам дека е поинтересно за јавноста да се обидеме да ја анализираме состојбата со името.
Но, многу е важно за јавноста да објасните што точно би го советувале Претседателот.
- Не можам да го советувам Претседателот нешто друго од она што го мислам, но изборот е негов, се разбира.
Во вашите колумни многу често потенциравте дека не ни треба НАТО (15.01.2008), во контекст на промена на името сте против НАТО; изјави дека без НАТО земјата нема никакви перспективи се неодговорни (29.03.2008); членството во НАТО и ЕУ нема да ни ги реши проблемите, всушност нашиот клучен интерес е ЕУ, а не НАТО, улогата на НАТО и потребата е релативизирана, и ако останеме подолго без НАТО ќе опстанеме (08.07.2008).
- Тоа се точни цитати.
Ова ли е советот за Претседателот, дека НАТО не ни е потребен, дури ни ЕУ?
- Ако целата задача членство во НАТО е разнебитување на македонскиот народ, јас сум апсолутно против тоа.
Но, вие ова го ставате во контекст на промена на името, а претходно рековте дека промената на името е неизбежна, дури имавте и решенија.
- Не, тоа не е промена на името, промена на името е Северна Македонија, промена на името е Горна Македонија. Додавката (Вардар) или (Скопје) е само едно допрецизирање.
Целото интервју со Ристо Никовски погледнете го на видеото.

link :http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110027
Prvo da vidime dali stvarno ce ima vakvo nesto...inaku super predlog...ednakvo dobar kako i RM(SK)...samo dali sme pametni da go prifatime?...se mi se cini deka GR pa ce gi namesti nasive da glumat patriotizam...
 
Тогаш како ќе го окарактеризираш ова интервју на советникот на Претседателот ?

Како.......?


Komunjar e i toj be.. skrien KRT na Crvenkovski.. i na tezga kaj Milcin..

Sega bate Grujo ce mu vrze 2 shamari.. :pos2:

P.S. Ako e toj SOVETNIK.. jas sum Ser LORD CARRINGTON... (liderot na illuminatite)

Ako si sovetnik, i ako imas agenda.. treba da se krie.. a ne kako dileja.. da se pojavuvas na TV.. sem.. ako ova ne e uste eden MONOPOLY

Igra za celu Obitelj...

Tazno.. ovoj kaj mene ne bi go posestil ni za kafekuvarsko rabotno mesto!!
 
<Република {Македонија} (Вардар[ска] - не реката, ами регионот)>
Кога веќе си играме со имиња и загради, let's have it full flava'!!
 
Аман бе...што стана со патриотизмот...Велите кај сдсм го немало, ама па овие "вашиве" се колнеа во него, а сеа, еден по еден излагаат со налудничави изјави.

Прво прецедникот рече дека "разумен компромис е разумен компромис, нема што да ви објаснувам што е тоа", после рекоа дека ќе се најде компромис, па сега Република Македонија(Вардар). Ејјј алооо!!!! Дај нека биде и Македонија (ВЕРО) барем да знаеме дека 80% од економијата е грчка. Шупци!!!
 
Идејава е... :lud: И не, не е прифатливо.

Како Вардар ќе дотечам, на раце ќе те однесам....:icon_lol:
 
Ништо,ќе мора сам да ја превземам работата во свои раце.Малку верував во Ристо Никовски со неговото долгогодишно искуство во меѓународната дипломатија и меѓународното право,пред да му стане советник на Џорџе(или пред да му ја свиткаат кичмата де),ама и тој како да одлепил,станал “склеротичен“ можеби добил нешто што не може да го одбие,како и многумина други пред него.:toe:
-Кој Вардар кој “бакрач“ бе Ристо,според тебе можеме и Република Македонија - (Црна) да се нарекуваме ебаго,географски Реката Црна е целосно наша па Грците не би имале ништо против,оти Вардар засега во еден дел им припаѓа и ним,па би можеле да ги имаме истите проблеми како сега со Македонија без (Вардар).А и секако ќе ја “зацрниме“ државава,ако и го смениме името за меѓународна употреба.Ќе не викаат Црни Македонци,иако сме побели од сите на Балканов,а твојот председател Џорџе ќе го нарекуваат “Црни Џорџе“,доколку вака го советувате.:toe:
 
Подоцна и за тоа ќе ни прават проблем....Вардар тече и во Гејлада....ќе сакаат Вардар да биде на Гејски.

П.С Република Македонија(Водно) добро звучи :pos2:
 
АБЦ, ти како да ми се пишманиш за Ристета...своевремено најгласен беше во оддавање на поддршка према Никовски... :)

И јас го поддржувам на пример сеуште Ѓорѓе, но кога станува збор за името, никој не фермам, поготово доверба не давам на ниеден политичар. Ти како поискусен направи катастрофална форумска грешка :)
 
Прдна и си ги испосра гаќите, народски кажано.

Пред да мочнам и ја на темава, многу ми е чудна целава работа, некако не е целосна за да можам да добијам конкретен впечаток, дали дека сум оптимист дали дека се обидувам да читам меѓу редови, меѓутоа мојата логика ми вели дека ова е пресметана изјава, свесно превземајќи го ризикот за реакциите во народот, но по се' изгледа е упатена кон некој друг.

Нема компромис што ќе помине кај народот, мислам дека намерно се обидуват да изнудат жестока реакција од нас.

Останува да одговориме во најкраток можен рок.

Јас се согласувам со дел од твојата констатација.. доколку тоа би било изјавено од некои од лидерите или вториот ешалон на ДПМНЕ..

Она со што си имам проблем е Недопустивоста тоа да протече јавно од еден од главните советници на Председателот.. Без разлика во која конотација.. тие (совеетниците) треба да бидат најдискретни во овие моменти..

Секоја Нивна изјава се зема како 80% за Официјалем СТАВ.. а тоа го нема никаде... Да не глумиме овде ВИСОКА ДИПЛОМАТИЈА, ова може да го изјави било кое полтронче - или портпаролче во Партијата:
но не и ПРЕДСЕДАТЕЛОТ, ПРЕМИЕРОТ, МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРЕГОВАРАЧИ, или нивните така кажани Советници..

е толку од мене..
 
А шо ако пресуши Вардар?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom