Зошто (не) читате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Да, да. Имам огромна навика да читам книги. Се случува да ме фати некој непродуктивен период од месец-два и да не фатам ништо освен она што ми е школски потребно. Меѓутоа во текот на целата година (особено преку лето) читам доста книги.
Навиката ако не се лажам, ми се појави како резултат на Доктор Офболи:) Откако ја прочитав таа книга некаде во 1 или 2 одделение ми се појави желба да читам колку е можно повеќе.
Како што исе спомна некаде поназад, ги читам книгите за да ми овозможат имагинацијата и фантазијата да ми се прошират до она ниво да можам сам да креирам посебен свет за секое дело.
Читам исто така затоа што ја сакам литературата, без разлика дали е современа, средовековна, повоена итн.
Секое дело си е убаво на свој начин, меѓутоа понекогаш има некои кои знаат да разочараат.
Најчесто читам криминалистички, меѓутоа доста често читам и класика.
Морам и овде да го спомнам Сидни Шелдон кој си ја знае работата кога се во прашање крими-делата. Иако секое следно е налик на претходнот, сепак има некој мистицизам кој те тера да ги дочитуваш книгите до крај.
Заклучно на ова, сакам да читам книги и тоа го правам доста често:)
 
Обожавам книги! Порано читав се` и сешто, се` што ќе ми дојдеше при рака. Сега со годините селектирам, веќе си имам некои одредени жанрови кои ми се навистина интересни и си терам. Сеуште читам многу, иако последниов период поради некои други работи намалив малку. Јас читам книги за да видам до каде е отиден човековиот ум. Ме интересира како размислуваат другите. Сакам да знам до каде оди нивната фантазија, нивната имагинација, нивната свест, а понекогаш и потсвест. Некои писатели книгата ја користат за да избегаат од реалноста, а некои баш напротив да се вратат во реалноста. Во последниов период се навратив на некои книги кои ми оставија преголем впечаток, книги кои на некој начин влијаеа на она што сум. Во зависност од период во кој се наоѓам и книгите што ги читам се такви.
 
Лејди Сатори,

прашањево ти е многу јако. На сликата изгледаш како страствена љубителка на никотинот. Но, да се вратам на темата. Јас читав порано како дете оти ми беше интересно. Читав бајки, обично со фантастична содржина. Денес се уште читам такви книги. Но, понекогаш само на сила, односно кога намерувам да учам странски јазик, па книгата служи како помошно средство за учење нови зборови итн. Не сум задоволен и мислам дека повеќе би требало да читам. Јас сакам да читам за релаксација и не сакам книги во кои дури на 100 страна сфаќаш за што се работи. Сакам книги кои уште од почетокот те привлекуваат.

Инаку ако ме прашуваш мене, кај нас во Македонија воопшто не се чита. Од мојата генерација повеќемина читаат. Не верувам дека сега младите многу читаат. Повеќе верувам дека гледаат картуннетворк, кика или други канали или пак играат игрици на компјутер. Дури имам чуено примери посебно од припадници на машкиот пол дека ако читаш, значи дека си автоматски бубалица и автоматски си „педер„, што воопшто не е прифатено од мнозинството. Јас тоа не го оправдувам. Мислам дека тоа е голем проблем. Но, добро:) Не знам што ќе речат другите.

Поздрав
Сикидики
 
. ...Дури имам чуено примери посебно од припадници на машкиот пол дека ако читаш, значи дека си автоматски бубалица и автоматски си „педер„, ...

Да тоа е точно, јас на пример ја терам жена ми да ми чита, а ја слушам. Неќу да сум педерска бубалица, ко некои.
 
Читам, читам, читам...Али коа треба за школо да се учи не читам зошто тоа што се учи (освен некој предмети) воопшто не ме интересираат и неможам да го читам кога не е интересно и едвај чекам да го завршам за да почнам нешто што јас сакам коа не го читам "она" моето ме фаќа мрза ми се спие од такви учебници и едноставно не читам али книги од библиотеки некој обавезно:salut:
 
Прво сам себе да се искритикувам затоа што последнива година само вд екниги имам читнато, јбг живот некад те исфрла на некои места.
А инаку имам огромна навика за читање на се и сешто, уште од мали нозе ми почна со стрипови и списанија што со текот на години прерасна во книги...кратко и јасно.
 
Читам секогаш кога имам време за тоа, ме релаксира читањето. Сум читала секакви жанрови и секоја книга на свој начин е добра, некоја повеќе, некоја помалку. Лоша навика ми е тоа што кога ќе започнам со читање, сакам да ја прочитам во еден здив, несакам развлекување иако понекогаш се случува и тоа. Неможам да ги сватам луѓето што несакаат да читаат, па има литература за секаков вкус. Денешниве деца гледаат само турски и индиски филмови, незнам навистина кое задоволство го пронаоѓаат, барем да гледаат некој асален филм на човек да не му е јад.
 
„Читам, значи постојам“.
Читам од мала. Можеби затоа што кај нас дома сите читаа. а можеби и не.
Интересно е што никако не можам да се сетам на првиот училиштен ден, ама на моето прво запишување во библиотеката се сеќавам до денес и тоа во детали.
Кога бев во средно, не се сеќавам да познавав некој што ја немаше прочитано Ана Каренина. Начитаноста беше дел од имиџот, беше во мода.
Студирав во време кога владееше голема немаштија. Кога ми праќаа пари по автобус, прво се пребројував и сметав од каде може да скратам за да си купам книга.
Бев во состојба две недели да јадам варен компир, само да можам да се частам во „Култура“ или во Антикварница кај Музичка академија.
И денес, кога патувма некаде на викенд, земам најмалку 4 книги. Не да ги прочитам, туку затоа што постојам.
 
читам бидејќи ми е убаво кога го правам тоа, ми прави задоволство.

освен поезија, читам скоро секакви книги, но најмногу сакам трилери, тие некако ми се најинтересни:

многу сакам да читам и книги кои се за унапредување на човекот, ко моќта на потсвеста, потоа книгите од андреј курпатов...

инаку најголем впечаток ми оставиле писатели ко дејл карнеги и ог мандино. сакам такви книги кои ве тераат да мислите дека имате сила да постигнете се во животот.

а всушност ние и ја имаме таа сила.
 
Па кога сакам да се одморам тогаш најмногу читам и едноставно уживам.а најмногу читам психологија, и др ама нај повеке тоа.
 
Na uciliste MRAZAM da gi citam onie knigine romanticarski i ne znam uste kakvi od pred 3-4 veka sho vo zivotot dokolku ne odberes profesija povrzana so literaturata voopsto nema da ti trebaat. Obicno citkam knigi sho mojs nesto da naucis sho ke ti koristi vo zivotot, nesto povrzano so ekonomija, otvaranje biznis, psihologija i takvi raboti..
 
Na uciliste MRAZAM da gi citam onie knigine romanticarski i ne znam uste kakvi od pred 3-4 veka sho vo zivotot dokolku ne odberes profesija povrzana so literaturata voopsto nema da ti trebaat. Obicno citkam knigi sho mojs nesto da naucis sho ke ti koristi vo zivotot, nesto povrzano so ekonomija, otvaranje biznis, psihologija i takvi raboti..
Или пак се` што површно е опфатено во истите книги кои ти се одбивни. Зашто чоек да навлегува во психолошкиот момент на Достоевски кога го има Паоло Коељо, Ог Мандино...
Then again, Достоевски како и сличните нему, не се за секого.
 
„Читам, значи постојам“.
Читам од мала. ...Кога бев во средно, .... Начитаноста беше дел од имиџот, беше во мода.
Студирав во време кога владееше голема немаштија. Кога ми праќаа пари по автобус, прво се пребројував и сметав од каде може да скратам за да си купам книга.
Бев во состојба две недели да јадам варен компир, само да можам да се частам во „Култура“ или во Антикварница кај Музичка академија.
И денес, кога патувам некаде на викенд, земам најмалку 4 книги. Не да ги прочитам, туку затоа што постојам.

Тука некаде бев и јас, затоа што „...Начитаноста беше дел од имиџот, беше во мода...“ Верувавме дека само тој што чита може да биде солиден ученик и да стане примерен граѓанин. И јас носев по 4-5 книги на патување или викенд.
Денес носам со себе само по една книга. Не поради одржување на (веќе старовремскиот) имиџ, не за да се чувствувам жива или да им покажам на другите дека читам (значи постојам;), туку за да имам другар кога сум намерно или случајно сама.
 
Или пак се` што површно е опфатено во истите книги кои ти се одбивни. Зашто чоек да навлегува во психолошкиот момент на Достоевски кога го има Паоло Коељо, Ог Мандино...
Then again, Достоевски како и сличните нему, не се за секого.
Hehe poleka, doprva mi e realizam da ucam, no vo periodite do romantizmot sosi nego, so isklucok na klasicizmot, site knigi mi se stap.
 
Сум читал порано книги многу повеќе отколку сега, сега читам само она што ми е потребно за училиште, зошто?
Па би можел да набројам неколку фактори, ко прво ја изгубив навиката, како второ веќе немам ни време изучувам странски јазици, а како трето кога имам слободно време сакам да се релаксирам на некоја игра, и тоа е тоа, обично преку летото имам вишок на време многу и читам апла.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom