Шуќур, заврши таа етапа излеа. Ваљда.
Ама бурен период беше, мамата. Убедливо најбурен некаде накај 13тата ми година, кога почна активно да напаѓа, кога прв пат добив и ми излезе првата бубулица, кога престанав да растам у висина (алелуја :nesvest: ) и почнав да размислувам за депилација.

Тоа беше „се во животот мора да се проба“ етапа, кога за среќа, сепак не пробав баш СЕ, зошто какви идеи имав у таа бурна креативност, кај ќе ми било крајот.

Па пропушувања, па пропијувања, па прв дечко, па бегање од часови, па завршување во станици (као случаен минувач се најдов таму, не бев виновна за обвиненијата

), па укори, па „ќе избегам од дома“ заканите низ кои секој пубертетлија поминал, па емо етапата „колку е животот тежок“, лапање мастики да не ме намирисаат дома на цигари, влегување преку прозор за да не ме фатат дека каснам и слични ситуации кои своевремено ми го загорчувале животот.
После основно малку се сталожив, или се адаптирав на ментално-физичката пубертетлиска фаза, ама пак не можам да кажам дека мирно го доживеав, зошто некаде накај 15тата се случи фазата Puberty strikes again

Па тука имаш милион изостаноци, лажни оправданија, тато на вонредна родителска, нејадење на одмори во школо за да си приуштам цигари, дремење на целодневни кафиња по МонАми, Бела, Аквариус, Филип, кај не, скитања по цела ноќ, па проработеа хормони, па почнаа муабети за сексови со другарки (уште бевме на муабети само тогаш, шо убави времиња :pos2: ), па пак по станици зошто сме изгледале сумњиво, па пијанчења по паркови (додуша, не можам да се сетам дали тоа ми беше фаза дискачи или фаза андерграунд

), па бунтовничења по дома (времето на славното Rebelde Way)...
И се во некаква невоља бев, во некоја фрка, па леле шо ќе праам, ќе ме убијат моите, па дошло петок и не те пуштаат да излезеш а ти доживуваш суицидални мисли, па дошло мај, а ти имаш уште некој кец да попраиш... Цела бев у фрки, пустата јас, кои „тешки“ проблеми сум ги имала.
После 16тата почнав gradually да се смирувам... Веќе до 18, ме пушти скрос ова лудилово, мислам.
Ех... Па како ќе имав луди спомени и бесно детство да не беше ова пубертетов.
