Од 1. јануари во ЕУ без визи

  • Креатор на темата Креатор на темата Piters
  • Време на започнување Време на започнување

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Локација
Sydney
Веб-сајт
www.forexfactory.com
Убава тема уште поубава вест, постирана на А1 од Горазд Чомовски

Нема простор за сомневања дека македонските граѓани од 1. јануари ќе патуваат без визи во земјите членки од ЕУ.
Пораките кои се испраќаат од Брисел се крајно позитивни за земјава и според тие сигнали, шансите процесот за визното олеснување да се пролонгира се минимални или скоро никакви, оценуваат од македонското Министерство за надворешни работи.
Фактот што македонското досие е целосно чисто и нема никакви проблематични точки, говори дека Европската комисија без двоумење треба да донесе одлука за укинување на визите.
Но, и покрај овие еуфорични најави, сепак во Брисел има одредена претпазливост.
Претседателот на Советот за евроинтеграции во разговор за А1 не се сомнева во сработено на Владата околу поглавјата коишто се важни за Европската комисија да донесе позитивна одлука.
Но, предупредува дека со самото тоа што има одредено противење кај неколку влијателни европски држави, треба да се биде крајно претпазлив

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109549

Ајде да ги видам сите форумџии со поморанџести или сини партиски очила, да ја коментираат ова (уште една) ТЕНДЕНЦИОЗНА вест од А1..

поздрав...
 
Ај честито на изјавата.

Останува да дочекаме до 1. Јануари. Ако до тогаш Грција не направи некакви спики (а гарант ќе се обиде нешто да кочи), браво за нас. :helou:
 
Алал нека е..
Али сега кој сака да оди за мк му треба виза..
А тоа е работата на Европската унија..така наредиле..некни или вчера баш читав на точка..така пишаше:nesvest:
 
Убава тема уште поубава вест, постирана на А1 од Горазд Чомовски

Ајде да ги видам сите форумџии со поморанџести или сини партиски очила, да ја коментираат ова (уште една) ТЕНДЕНЦИОЗНА вест од А1..

поздрав...
ништо ново...за ова боцевски , владат па и дел од еу представници зборуваат цел месец....само сега требаше да се уфрли од а1 дека шекеринска се согласила па да биде топ вест.

јас онака како портокалев )))
 
брао шефе.. срце ми е на место сеа...:salut:

поздрав..

П.С. јас онака, само како ловец на тенденциозни вести од непријателската пропагандна машинерија на Велија и соросоидите... нели :helou:
 
nema nikakva formalna odluka uste
 
Јас знам дека нема.. само ги чекам момците со портокалави наочари да го коментираат Тенденциозниот Наслов на А1.. како дел од пропагандната машинерија на А1, Велија и Соросоидите...

НЕШТО ГИ НЕМА.....:nesum:​

инаку за честитки,, сепак е напредок.. секое приближување напред...
уште една потврда дека НИЕ сме им потребни повеќе на ЕУ отколку тие Нам..
 
Како прле пред магаре си, а во случајов и како загар, само чекаш коска да ти фрлат...
 
Како прле пред магаре си, а во случајов и како загар, само чекаш коска да ти фрлат...

да не ти смета.. ?? да не те боли??

коментирај.

потврди или остави... - ако не, слободно НАПУШТИ ја темава...:salut:
 
Убава тема уште поубава вест, постирана на А1 од Горазд Чомовски

Ајде да ги видам сите форумџии со поморанџести или сини партиски очила, да ја коментираат ова (уште една) ТЕНДЕНЦИОЗНА вест од А1..

поздрав...
Јас сеуште сум скептик.
Верувам дека нема да има визна либерализација, па кој сака, и како сака, нека ја лиферува веста.
Ако има визна либерализација, значи, нема Македонија...ќе има некоја Северна, Демократска, Ебиветер...whatever Македонија...
Или, сето ова е припрема на теренот за самоукинување...
 
за жал многу си блиско до реалноста..

како вакаат попарени од жешко млеко, ние дуваме на јогурт сега..
многу воспитни попивме од нив последниве 15тина години.. и реално да се очекува скептицизам..
Јас пак имам и друга теорија, дека ние им требаме повеќе (им се уклапаме во мозаикот) отколку обратното, по наша заслуга или дека тие не сакаат.. (стратешки им требаме)

Токму и тука го гледам нашиот главен адут во борбата со ИМЕТО.. Единствено цврсто, и без да потклекнеме на притисокот.. Тие ќе пробаат све.. и на крај ќе мора да видат дека нема преговори, нема референдум.. има само цврста воља..

Ако не сакаат какви сме ОК.. ако не ПРИЈАТНО.. :salut:
 
И шо ќар кога да не ебат кусур неаме да вратиме од што сме шворц?
 
Дур не поминам словенска или унгарска граница без виза не вервам...
 
Ајде да ги видам сите форумџии со поморанџести или сини партиски очила, да ја коментираат ова (уште една) ТЕНДЕНЦИОЗНА вест од А1..

поздрав...

Ај да не ти го накршам филмот, ама веста е апла тенденциозна, како и сите извртени наслови на А1.

Никаде нема потврда туку само претпоставки(шпекулации) базирани на очекувања, иако во реалноста сосема другачије важат критериумите за нас.

Одамна е признаено нашето исполнување на критериумите за визно олеснување, меѓутоа е нагласено дека тоа ќе биде исклучиво ПОЛИТИЧКА одлука.

Доколку не добиеме визно олеснување, А1 треба да бидат виновни за нереално проктирање на очекувањата меѓу народот и притоа во случај на негативна оценка, разочараноста на граѓаните ќе биде уште поголема.

Истиот став со мене го дели и СДСМ, кој му ја даде оваа забелешка на Боцевски.
 
И шо ќар кога да не ебат кусур неаме да вратиме од што сме шворц?

тогаш ние ќе им ги е*еме нивните госпоѓи, за што ќе бидеме богато Наградени....
(како батлери, шетачи на кучиња, персонални тренери, пул бојс - базенџии, аеробик мастери, енерџи хилери, итн.. цела една индустрија)

Значи сеа сите во нова индустриска гранка..

Жиголо Индусти....

Ај да не ти го накршам филмот, ама веста е апла тенденциозна, како и сите извртени наслови на А1.

Никаде нема потврда туку само претпоставки(шпекулации) базирани на очекувања, иако во реалноста сосема другачије важат критериумите за нас.

Одамна е признаено нашето исполнување на критериумите за визно олеснување, меѓутоа е нагласено дека тоа ќе биде исклучиво ПОЛИТИЧКА одлука.

Доколку не добиеме визно олеснување, А1 треба да бидат виновни за нереално проктирање на очекувањата меѓу народот и притоа во случај на негативна оценка, разочараноста на граѓаните ќе биде уште поголема.

Истиот став со мене го дели и СДСМ, кој му ја даде оваа забелешка на Боцевски.

нема што да ми го накршиш филмот брат.. тоа и ми е поентата.. насловот е апла тенденциозен. - невидов никаде потврда, се е на шпекулации. знам дека денес треба да има некакво гласање во ЕУ на оваа тема и тоа баш во комитетот за надворешни работи.. очекував некоја одлука.. ама ништо.. јас сум исто така зачуден зашто ова е постирано од А1.

овој пат Тенденциозниот наслов оди на рака на Боцевски.. ама реалноста е друга.. затоа и го поставив како тема.. да ги видам двете страни..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom