31 МАЈ Светски ден против пушењето

Јалова работа е дискусијата со пушач околу штетноста на пушењето цигари.Своевремено додека студирав пушев по две кутии цигари дневно.Во утринските часови после бељотот вистинска посластица беше некој поголем пикавец.Денес сум непушач и голем противник на пушењето.Дискусиите што ги водев на оваа тема пред и после откажувањето на цигарите се дијаметрално спротивни.Едноставно никотинот на пушачите не им дозволува да бидат објективни.Мојот совет до сите пушачи на форумот е :Оставете го пушењето , животот е многу поубав без цигарите!
 
И пак почнуваме... пушењето може да убие, животот е многу поубав без цигарите... без апсолутно никаков издржан доказ :)
 
честит празник на сите напорно-душебрижнички хипохондрици, подобри личности сте ради ради тоа што сте непушачи...не заборавајте!!! : )
 
Јас сум голем поборник против пушењето, никогаш не сум паднала во искушение да запалам цигара, исто целото мое семејство не пуши.

Медицината многу пати докажала дека пушењето е еден од позначајните индиректни причинители на многу болести, тука не можете да се противите и да ги игнорирате фактите.
Сега нема да ве убедувам да ги откажете цигарите, ваша е одлуката, сепак ќе посочам некои од Ефектите на вашето тело доколку решите да се откажете од пушењето (временски приказ)

По 20 минути вашиот крвен притисок ќе дојде во нормала.
По 8 часови нивото на CO2 во крвта ќе се намали за половина, а нивото на кислородот ќе се врати во нормала
По 48 часа вашите шанси за да добиете срцев напад ќе се зголемат. Целиот никотин ќе го напушти вашето тело. Вашиот осет за вкус и мирис ќе се врати во нормала.
По 72 часа вашите бронхијални цефчиња ќе се релаксираат и енергетските нивоа ќе се зголемат.
По 2 недели циркулацијата ќе се зголеми и ќе продолжи да расте во наредните 10 недели.
По 3-9 месеци кашлањето и шлајмовите ќе ве одминат, а капацитетот на вашите бели дробови ќе се зголеми за 10%.
По 1 година ризикот да добиете срцев напад ќе се намали за половина.
По 5 години ризикот да добиете срцев удар ќе се изедначи со оној на непушач.
По 10 години ризикот да добиете рак на белите дробови ќе се изедначи со оној на непушачите.

Од ова може да се види дека една од основните причини зошто е тешко да се откажете од пушењето е поради сите опасности кои од ден на ден полека исчезнуваат и затоа што на организмот му треба одредено време да се навикне на овие промени (затоа како викаат првите неколку денови се најтешки при откажувањето):helou:
 
Пред неколку минути ја дочитав анализата на Џо Џексон со наслов ПУШЕЊЕ, ЛАГИ И ДРЖАВАТА- ДАДИЛКА и потполно се сложувам со целиот текст...пушач сум повеќе од 20 години и барем засега сум немал здравствени проблеми кои се поврзани со пушењето...што се однесува до цела оваа антипушачка кампања која што се поагресивно се води во цел свет , сметам дека НИКОЈ нема право да ми забранува да правам нешто ( во случајов пушење на цигари ) што ми причинува задоволство бидејќи со тоа ми го нарушува основното човеково право...оти како шо е тргната работава за некоја година може да се случи да забранат и пушење на отворен простор ( не дај Боже )...прифаќам и се сложувам да е забрането пушењето во болници и училишта , но нема никаква потреба да се забрани во сите други останати простори...ако веќе на непушачите толку им пречи чадот од таканареченото “ пасивно пушење “ има други начини да се направи тоа , а не како шо се прави во цел свет ( за жал и кај нас ) со ЗАБРАНА за пушење во затворен простор...наједноставно е да се постават добри системи за вентилација и проблемот е решен...со тоа нема пушачите да бидат третирани како граѓани од втор ред ( нешто кое шо сега се случува )...има многу поголеми опасности по човековото здравје од таканеречоното пасивно пушење , кои не се воопшто санкционирани со закон ( ме мрзи сега да ги набројувам , сите ги знаеме кои се )
П.С. Незнам дали знаете дека пред тутунот да се донеси , рашири и комерцијализира низ цел свет , Индијанците во Америка го сметале тутунот за света трева и нивните врачеви го пушеле при верските обреди , со цел да стапат во контакт со духовите ( нешто слично како шо прават до ден денес и јужноамериканските Индијанци со листовите од кока )
 
Извини, да не си далечен роднина со Карлос Кастанеда? :smir:

Јас пушев 10 години и ги обожавав цигарите и вистински уживав во нив. Ги оставив пред неколку месеци, сега се нервирам со вишокот на килограми, ми се мрдна притисокот (значи сериозни здравствени проблеми по повод желба за здрав живот) и сеуште ги сонувам скоро секоја вечер...

:cry:

Ама, секоја зависност со упорноста се лечи :smir:
 
Јас палам цигара во чест на празникот. Вива ла непушачи, вива ла пушачи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom