Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Не секогаш треба да се разбере дека УМС-Унија на млади сили буквално се однесува на деца. Под млади сили може и да се разбере и полнолетни младинци со навршени 18 години, но со недоволно политичко искуство, па ова да им биде како усовршување, пред да завземат позиции во партијата. Така што мислам дека работата е сосема коректна. Манипулацијата со децата е факт, но во сите партии. Едно време, незнам дали сеуште функционира СДСММ се обидуваше да создава свои надежни кадри (лично мој другар беше претседател на тој огранок кај мене во општината), но од сето тоа не испадна ништо, освен се разбира еден од ѕидовите на нашата куќа беше испишан со пароли СДСММ итн. што морам да признам дека многу ме иритираше, заради тоа што ми го уништија ѕидот. Оттука мислам дека плукањето и насочувањето на и така негативната енергија овде, заради различни партиски гледања не држи место. Ова е само еден јубилеј на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој очигледно многу партии го немаат. На крајот на краиштата џабе ќе ни биде плукањето, кога мерило на политичката сила се изборите. Така што оние противниците нека ја сочуваат енергијата за избори, а тука би требало да покажат една политичка култура, барем кога се работи за прослава на политички противник културно да им се честита. За да се надеваат дека еден ден кога тие ќе слават некаков јубилеј ќе им биде возвратено со исто така џентламентска честитка. Мислам дека на тоа треба сите да работиме.