Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Сe запишав на ФЕИТ и имам прашање дали 200 евра е семестар или година?
 
Сe запишав на ФЕИТ и имам прашање дали 200 евра е семестар или година?

Во државна квота 200 годишно, во приватна 400

Се плаќаат на 2 пати. По 100/200 евра на почеток на семестар
 
Некој да ми каже како одат студиите на факултетот за чиста Историја и факултетот за Информатика, тешки ли се?
 
Пошто јас не сум имал искуство, другарче мое остана 1ва година не положи ниту еден предмет од оправдани причини (вонреден студент), дали може да запише втора година? Имал некој искуство со ова?
 
Знае некој да каже збор два за екоинженеринг и екоменаџмент на шумарски? Дали вреди да се студира тоа и слично.
 
Некој да ми каже како одат студиите на факултетот за чиста Историја и факултетот за Информатика, тешки ли се?

ФИНКИ не е воопшто лесен. Ќе треба убаво да се посветиш на книгата.
Организацијата им е лоша (факултетот без зграда нели).

Но, верувај низ се што ќе поминеш на крај ќе ти се исплати.
Покрај се го ставам на прво место од факултетиве наши, поради можностите што ти се нудат по завршување
 
Пошто јас не сум имал искуство, другарче мое остана 1ва година не положи ниту еден предмет од оправдани причини (вонреден студент), дали може да запише втора година? Имал некој искуство со ова?

Зависи дали се фаќаат услови. Кај мене на пример не можеш да запишеш 4 семестар ако од 2 немаш 18 кредити.Мислам дека на повеќето факултети треба да имаш 50 посто барем положено за да продолжиш ама не знам дали тоа е и за вонредни.Нека праша студентски најдобро.
 
Зошто кога одам да променам лозинка на iknow, го пишам емаилот за да ми прати порака за промена ми вика дека емаилот не постои во системот и сега имам проблем со акаунтот неможам да се најавам, а со старата лозинка не ми дава.
 
Здраво,сакам да прашам дали некој имал искуство со Creative hub,бизнис центар за неформално образование,некоја информација во врска со курсевите и академиите кои ги организираат
 
Ме интересира зошто има толкав наплив на матурнанти кои се запишуваат на ФЕИТ и ФИНКИ? Дали мислат дека како „електраши“ и „програмери“ лесно се заработуваат пари или пак е нешто друго во прашање? ФЕИТ ми беше како прва опција за запишување на факултет, но морав да се откажам од тоа, иако макотрпно целото мое средно образование се насочував кон учење на оваа област, затоа што некои од хемиско или пак економско мислат дека ако се запишат на електро ќе пливаат во пари. И верувајте, не сум единствен.
 
Затоа ќе се исчистат пола до нова година и до следна година или на крај коа ќе видиш колку малку ќе стигнат до 4та. Инаку ако толку сакаш ФЕИТ пробај префрли се после прв семестар или во втора година ваљда има некакви шанси не се откажувај ако сакаш тоа.
 
Дали има некој кој студира во Германија на форумов? Ми требаат одговори на неколку прашања поврзани со студентска виза. Го/ја молам нека ме исконтактира во приватна порака. Благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom