Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку има некој тука што завршил средно графичко или факултет за графика уште подобро нека ме контактира на ПМ. Итно ми треба еден учебник во одредена област по можност да е достапен на интернет. Фала многу, срцки сте
 
Дали некој знае што е и каде се полага Тест на личноста за наставници?
 
Можеби некои од вас се веќе заморени од ова прашање а можеби и не но сепак ќе прашам...кој факултет е подобар ФЕИТ студиска програма КТИ или ФИНКИ студиска програма КНИ ?
 
Можеби некои од вас се веќе заморени од ова прашање а можеби и не но сепак ќе прашам...кој факултет е подобар ФЕИТ студиска програма КТИ или ФИНКИ студиска програма КНИ ?
Јас сум студент на ФИНКИ на КНИ, прва година, можам да ти кажам што, како се учи на ФИНКИ, ама за тој смер на ФЕИТ ќе треба да си прашаш некој друг :D
 
Здраво нов сум на форумот(би рекол) и сакам да прашам нешто.
Значи 3 година сум во гимназија и наредната година завршувам е сега оценките ми се двојки-тројки(шарени) многу не учам во средно поради тоа што според мене не вреде да се учи, па за понатаму би сакал да одам на факултет е значи сега прашањето е дали оценките во средното образование влијаат на запишувањето на факултет.
Би сакал да се запишам на ''Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје'' и поради тоа што не сум искусен со овие работи би сакал малку совети доколку е можно како на пример дали ќе можам да се запишам на тој универзитет со овој успех.
 
Имам неколку прашања поврзани со полагањето матура, па нека одговори некој ако може :)

-знам дека Македонски јазик и литература е задолжителен, а како втор се бира еден од јазиците (англиски,германски,француски) + математика. Е сега јас како втор предмет ако одберам на пример англиски, дали ќе можам да го одберам математика како еден од другите два предмети (интерни мислам дека се викаат)?

-не знам колку е точно, но дали влијае тоа колку години во средно сум го изучувал предметот за да можам да го изберам како интерен предмет за матура? филозофија што учам само во 4та можно е да го одберам него?

-доколку некој има искуство со полагање хемија да сподели искуство, затоа што немам некој голем избор кои 2 предмети да ги изберам како интерни, хемијата некако ми оди па по default би полагал хемија, а сум немал оценка пониска од 5 и по некоја 4-ка. Дали матурата е лесна/тешка..?
 
Ja planiram da se zapisam na Biznis i Logistika vo Skopje , znae nekoj neso poveke okolu fax-ov, tezok , lesen, kakvi se predmetite, profesorite ... ??? :)
 
Дечки дали за да се полага еден предмет пред комисија, мора да се оди на сите испити (3) и на колоквиум?
 
дали некој случајно знае дали може да ми ги признаат предметите положени на универзитетот Гоце Делчев - насока туризам, во Франција? ја прашав асистентката во факултетот, ми рече дека нема да ми било ништо признаено.
 
Има ли некој имформација, во врска со магистратурата, бранењето на истата, колку мимимум време треба да помине пред да се брани (после последниот положен испит)?
 
Дечки најпрвин здраво ,би сакала да ве прашам за мислење .Матурантка сум но во дилема за мојот избор на факултет.Се двоумам помеѓу 4 факултета Феит КТИ или КСИАР,Финки ИКИ или професионалните студии по информатика ,Машински производна информатика или ПМФ -Гео-информациски системи ,проблемот што имам волку голем избор е моето средно училиште медицина и мојата раскината врска со Математика уште во 2 година .Го сакам компјутерите електониката ,математиката послабо .Затоа доколку се одлучам за Финки голема е можноста да добијам корпа бидејки голема е конкуренцијата како прво,ако се одлучам за Феит таму има мн помала конкуренција но математиката е проблемот мн ми кажуваат од искуство дека не положиле уште во 1 година а не па нешто повеќе ,а пак на ПМФ би влегла бидејки има мал број на студенти а и немам ограничување за екстерните и интерните предмети ,Машински ми е последна опција ,во најлош можен случај..Сакам совет ,ваше мислење каде се најголемите шанси да бидам примена Феит или Финки во 1 уписен рок со несоодветни екстерни и интерни предмети т.с. по еден несоодветен .
 
Дали со УГД т.е Гоце Делчев Штип факултетот,дали преку него може да се оди на WORK and Travel ко шо може преку УКИМ да се оди летото приемер за Америка??
 
Да прашам нешто во врска со полагање во средно школо.
Ме оставија Математика и Хемија на полагање па ако може некој со вакво искуство да ми објасни како оди процесот на ваквите работи.
Дали е тешко, како треба и што треба.
Кога се започнува и слично. Немам никакви информации утре ќе треба да си проверам во школото.
 
Дали со УГД т.е Гоце Делчев Штип факултетот,дали преку него може да се оди на WORK and Travel ко шо може преку УКИМ да се оди летото приемер за Америка??

Може, како не. Еден куп студенти одат секое лето за САД, а последниве 2 години многу души одат и во Германија.
 
Da prasam nesto. Otprilika po kolku mashki se zapisuvaat vo medicina za medicinska sestra sekoja godina? Ima li, otprilika, poveke od 10 mashki sekoja godina vo ovoj smer?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom