Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Актуарска математика ?
Ја има како предмет во ФТУ-Охрид насока Осигурување, какво е оваа математика ? :)

Оваа математика се употребува во пресметките за осигурување. Од финансиската се разликува во тоа што во пресметките важност игра и староста на лицето на пр., како и некои други компоненти.
 
Сакам да се запишам на факултет за странски јазици само што незнам каде Скопје или Битола. Нормално Скопје би било многу поарно но дали има голема конкуренција пошо ја сум со среден успех по сите предмети освен англиски и македонски. Ако има некој овде што студира таму или битола го молам да ми каже дали конкуренцијата е голема и дали вреди да се запишам скопје?
студирањето во битола ти е промашена инвестиција, со многу неквалитетно образование ке се здобиеш, мој совет е да пробаш во скопје.
 
Од прилика кога се уписите за постдипломски студии?
 
Од прилика кога се уписите за постдипломски студии?
на Скопскиот Универзитет од 12 до 22 септември,за другите универзитети конкурсот не е објавен
 
Абе кога се уписиве за нас матурантиве за на факултет? Јас сум слепа, не е објавено шо е работава.?:icon_lol:
 
Да ми каже некој што документи ми требаат за упис на факултет? да си вадам посовреме :)
 
Да ми каже некој што документи ми требаат за упис на факултет? да си вадам посовреме :)

Извод од матична книга на родени ( не постар од 6 месеци ), државјанство, сведителствата од сите 4 години средно и дипломата... тоа.
 
Дечки да ве прашам едно питање.
Како да пресметам колку бодови имам со се матурата и предметите за да се запишам на факс...
 
Со 98.9 поени ќе ме примаат ли во втор уписен на ФИНКИ?
--- надополнето: Aug 8, 2011 9:23 PM ---
Дечки да ве прашам едно питање.
Како да пресметам колку бодови имам со се матурата и предметите за да се запишам на факс...
1. Основeн критериум за селекција на кандидатите за запишување на прв циклус студии е успехот постигнат во средното образование. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени.

а) На студиските програми каде селекцијата се врши само според успехот од средното образование, кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа: општиот успех по сите предмети учествува со 60%, а успехот постигнат на државната матура учествува со 40%.

а.1 На студиските програми на кои селекцијата ќе се врши само според успехот од средното образование, бодирањето се врши на следниов начин: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.

а.2 Бодирањето на успехот постигнат на државната матура се врши на следниов начин: Оценките од екстерните предмети се множат со коефициент 2. Вака добиениот производ се корегира со перцентилниот ранг на кандидатот за секој предмет поединнечно. По оваа основа можат да се добијат најмногу 20 поени за двата екстерни предмети.

Оценките од секој од интерните предмети кои се полагаат на државната матура се множат со коефициент 1,6. Вака добиените производи се собираат. По оваа основа можат да се добијат најмногу 16 поени. Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени. Вкупниот успех од државната матура може да донесе најмногу 40 поени.

За кандидатите кои средното образование го завршиле во претходните учебни години (пред учебната 2007/08 година ) и не полагале државна матура, освен пресметувањето на бодовите од точка 5.а.1, се пресметуваат и најмногу 40 поени од предметите кои се значајни за студиската програма, и тоа: збирот од оценките од секој од двата предмета значајни за студиската програма (Прилог 2) се дели со бројот на оценките (независно во колку години предметот се слушал во средното образование) и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата предмета.

б) На студиските програми со посебни специфичности селекцијата на кандидатите ќе се врши според успехот од средното образование и со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите. Кандидатите се рангираат со собирање на бодовите добиени по двата основа.

· На факултетите од областа на уметностите кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа: успехот од средното образование учествува со 40%, а успехот постигнат со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите учествува со 60%.

Пресметка на бодовите од успехот во средното образование се врши на следниов начин:
o На факултетите од областа на уметностите бодовите од успехот од средното образование за кандидатите кои полагале државна матура се добиваат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2 од Конкурсот. За кандидатите со завршена училишна матура вкупниот добиен збир на оцени од предметите полагани на училишната матура се множи со коефициент 0,4. По оваа основа може да се добијат најмногу 40 поени.

Пресметка на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите
· На факултетите од областа на уметностите вреднувањето на успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши со бодување од 0 до 60 поени. Проверката има елиминаторен карактер. Не се ранги­раат канди­датите што не добиле најмалку 10 поени. Начинот на бодувањето на знаењата и умеењата и начинот на пресметката на поените се утврдуваат со посебни упатства кои се составен дел од Конкурсот.

· На Архитектонскиот факултет кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа: успехот од средното образование учествува со 60%, а успехот постигнат со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите учествува со 40%.

Пресметка на бодовите од успехот во средното образование се врши на следниов начин:
· бодовите од успехот од средното образование се добиваат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2 од Конкурсот. Вкупниот добиен збир по овој основ се множи со коефициент 0,6. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.

Пресметка на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите
· вреднувањето на успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши со бодување од 0 до 40 поени. Проверката има елиминаторен карактер. Не се ранги­раат канди­датите што не добиле најмалку 10 поени.
· На Педагошкиот факултет и на Природно-математичкиот факултет (наставни студиски програми) се врши претселекција на кандидатите, т.е. проверка на психофизичката способност на кандидатите за студирање, која не се бодира. Кандидатите се рангираат согласно точките 5.а.1 и 5.а.2 од Конкурсот.
 
Дали некој знај нешто за паралелно студирање на два факлутети дали е можно на двата како редовен студент?? ,оти јас познавам личност што е запишана на два како редовен студент, ама незнам мене ми проблем со сведителствата на првиот фак што сум запишана не ми ги дават оргиналите, ако знај некој за вакво нешто нека пиши
 
Да не е некој запишан на Безбедност и финансиска контрола? Сакам да се запишам во Охрид, но сакам да знам нешто повеке информации за тој смер...
 
Кога веќе си запишан во квота со кофинансирање, не може после ако покажеш добри резултати да влезеш во државна?
 
На што да се запишам? Архитектура или финки?
 
На што да се запишам? Архитектура или финки?
41606_255228704441_5228317_n.jpg


Тоа брате треба ти сам да си одлучиш, што повеќе те привлекува, што мислиш дека ќе ти биде поинтересно за учење, со кој од тие два полесно ќе најдеш работа и други фактори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom