Неделникот на Геро ја започна анти-Македонската кампања

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Во печат е мојата најнова книга „Научи да пишуваш“.

Да пишуваш учи

против сопствениот си род и пород,
и мајчиното млеко што те задоило,
и првослушнатиот збор ти мајчин
првоизговорената дума на јазикот
Научи да се вовлекувач
тоа да те повлече
залет да ти даде
и да не заприш дотогаш
додека и последниот Букефалец
од лицето Фиромско го снема
Науши да пишуваш како и јас што учев
и пишувај пишувај и само пишувај
за да и во тебе навлезе некаков орган
оти поарно е да ти влезе
отколку во гаките на оние што плаќаат да им стои
и традицијата да им мрее
Научи да пишуваш против Македонија
и се што е Македонско
научи се да пишуеш
научи СЕГА




 
A kako go narekuvas covekot sto si go zrtvuva sopstveniot narod za sopstveni,sebicni celi ?

Па тоа е тоа, според тебе, Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански се обична себична багра кои се бореле за свои себични интереси....и кои непотребно го жртвувале својот народ.... Ако е таква твојата дефиниција, тогаш да, тој што го повикува својот народ да се одбрани и избори против непријателите во било која форма е себичен.
 
Па тоа е тоа, според тебе, Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански се обична себична багра кои се бореле за свои себични интереси....и кои непотребно го жртвувале својот народ.... Ако е таква твојата дефиниција, тогаш да, тој што го повикува својот народ да се одбрани и избори против непријателите во било која форма е себичен.

Abe .. so ti e na tebe,vremevo e segasno,neli sega ke povikuvavte na linc za predavnicite.. Bog da sacuva,kako go vrtite muabetov ,da mu e strav na covek da pise nesto ,od skopje do mars ke stignete kolku isprevtruvate se i sesto
 
Abe .. so ti e na tebe,vremevo e segasno,neli sega ke povikuvavte na linc za predavnicite.. Bog da sacuva,kako go vrtite muabetov ,da mu e strav na covek da pise nesto ,od skopje do mars ke stignete kolku isprevtruvate se i sesto

Така е, немаш што да одговориш. Крај на твојата проникливост. Да повикувам на линч, доколку државата не превземе нешто.

Гледам се буниш, ама не те видов да се буниш, кога ДУИ повикува на оружје кога све нешто не и е по ќејф. Сите имаат право да се бунат, само Македонците не, според тебе.

ЛИЦЕМЕРИЕ.
 
Така е, немаш што да одговориш. Крај на твојата проникливост. Да повикувам на линч, доколку државата не превземе нешто.

Гледам се буниш, ама не те видов да се буниш, кога ДУИ повикува на оружје кога све нешто не и е по ќејф. Сите имаат право да се бунат, само Македонците не, според тебе.

ЛИЦЕМЕРИЕ.

hehehehehe,sta reci , znaev deka toa ke go kazes.. site imate ista terminologija. i site pocnuvate kao so nekoja vrsta na dijalog, ednas dva pati repliciranje-normalno so izvrtuvanje ,i tretiot pat sledi "nema sto da odgovoris" a u meguvreme ti na nikoe prasanje ne odgovori ovde , ne samo na mene.. kolku od koj sekoj ke proceni,nali? lincuvacu :uvo:
 
Abe .. so ti e na tebe,vremevo e segasno,neli sega ke povikuvavte na linc za predavnicite.. Bog da sacuva,kako go vrtite muabetov ,da mu e strav na covek da pise nesto ,od skopje do mars ke stignete kolku isprevtruvate se i sesto
Сегашно време и сегашни предавници и нивни подржувачи. Модерни Таќуовци. 5 колона.

јас разбирам да не ти се свиѓа власт и да ја критизираш, ама не можам да разберам нагонска одбивност кон сопствената држава заради што политичкиот противник е на власт.

п.с. ајс вомен оди изебисе ќе те опушти тоа )))))
 
Сегашно време и сегашни предавници и нивни подржувачи. Модерни Таќуовци. 5 колона.

јас разбирам да не ти се свиѓа власт и да ја критизираш, ама не можам да разберам нагонска одбивност кон сопствената држава заради што политичкиот противник е на власт.
Која тоа држава???
Власта е битна!!!!!
ВЛАААААСССССССТТТТТ!:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Шо сака бе овај Геровљсхшки?
 
Сегашно време и сегашни предавници и нивни подржувачи. Модерни Таќуовци. 5 колона.

јас разбирам да не ти се свиѓа власт и да ја критизираш, ама не можам да разберам нагонска одбивност кон сопствената држава заради што политичкиот противник е на власт.

п.с. ајс вомен оди изебисе ќе те опушти тоа )))))

Abe kakva nagonska odbivnost ,zborime za nvinari a ovoj povikuva na linc,svesni li ste vie sto zborite? :uvo:
 
За да се вратиме на темата една колумна од Геро

Биди Македонец, а не Македоноид!
Објавено во: Колумни и анализи | 1.02.09
(„Шпиц“, 31 јануари 2009 година)
Со деветминутен пропаганден филм на државната телевизија, неодамна официјално беа промовирани Македоноидите, производ на инженерингот на агитпроповските бригади на работ божји Никола Груевски. Кои се, всушност, Македоноидите? По што се разликуваат тие од нас, Македонците?
Вистината и заблудата за корените
Македоноидите велат дека не се дрво без корен. Напротив, тие себеси се сметаа за зачетници на белата раса. И ние, Македонците, велиме дека не сме дрво без корен. Но, додека Македоноидите својот корен го препознаваат во некои чудни знаци на камења, чие разбирање всушност е едно имагинативно и крајно сомнително декодирање, или се повикуваат директно на Гласот Божји (кој по првпат во историјата на човештвото е пуштен „во живо” токму во македонскиот етер), ние знаеме дека нашиот корен е зариен во плодна почва. Таму тој цица од соковите на нашата долговековна култура и традиција и така го храни стеблото на нашата духовна сегашност.
Објавено е дека Македоноидите годинава ќе ангажираат околу 2.500 луѓе да копаат низ Македонија, во потрага по артефакти што ќе ја потврдат нивната расистичка приказна. На потврда чека и нивната теорија дека се директни наследници на војсководецот Александар Велики. За разлика од нив, ние, Македонците, не мораме да копаме. Нашите храмови се над земја, тие се непроценливо богатство на кое му се восхитува целиот свет.
Македоноидите немаат свој јазик. Привремено го користат нашиот, македонски јазик, додека не го дешифрираат својот, антички јазик. Ние, Македонците, пак, се гордееме со својот јазик. Тој е едно од главните обележја на нашата самобитност, но истовремено и нашата најсуштествена врска со братските, словенски народи.
Македоноидите немаат своја архитектура и уметност. Тие имаат некакви ДНК-анализи, неколку загадочни знаци на камења и многу желба од сето тоа да направат една егзотична приказна. Ние, Македонците, имаме цркви и манастири, житија и живописи пред кои здивот запира, икони пред кои светот се поклонува, светски призната мисија на основоположниците на словенската писменост, инспиративни дела на нашите преродбеници, препознатливи творби на нашите модерни автори и на нашите современици.
Нашиот културен код е препознатлив во целиот свет. Не од вчера, туку со децении. Нашата македонска приказна светот ја знае. Приказната на Македоноидите допрва ја запознава. Ја запознава, се чуди, се потсмева…
Македонците не се убијци, туку творци
Македоноидите велат дека Александар Велики не е Грк, туку Македонец, а тие се негови потомци. Ние, Македонците, велиме вака: Точно, Алескандар бил антички Македонец, а не Грк. Неговата империја, сепак, била под доминантно влијание на престижната култура на античките Грци и затоа не оставила артефакти и наследство што би можеле да се сметаат за изворишта на нашата духовност. Македоноидите себеси се сметаат за генијални освојувачи, потомци на големиот војсководец. За жал, денес тие освојуваат само рејтинг-поени за својот водач. И за таа цел ја упропастуваат иднината на овој народ, создавајќи непријатели и ужасна слика за Македонија. Тој имиџ верно е отсликан во македонскиот спот на Си-ен-ен, од кој, ако му се верува на еден колумнист на угледниот „Фајненшл тајмс”, децата бегаат во прегратките на своите мајки.
Ние, Македонците, не ме ниту освојувачи ниту убијци. Нашите духовни предци се генијални творци, вредни градители, вљубеници во животот, а не во смртта. Ние светот го разбираме како поле за културен натпревар меѓу народите. Вистинската вредност по која не препознаваат другите народи не се походите на фалангите на Александар, туку пресвртниот културен поход на словенските браќа Кирил и Методиј, но и делата на Климент, на неговите ученици и на сите нивни потомци, до ден денешен.
Овде, на ова парче земја, се зачнати никулците на старословенската писменост и култура. Овде е создадено писмото што денес го употребуваат стотици милиони луѓе во светот. Ние, Македонците, сме горди на тоа богато наследство, но широкоградо го споделуваме со сите словенски народи и со целиот свет, зашто веруваме во инклузивност, а не во ексклузивност. Како дел од екумената, ние полагаме право на духовното наследство на сите познати светски цивилизации, а тоа право се остварува со љубопитно трагање по духовни инспирации, со почит, љубов и со пријателство.
Македоноидите мразат, Македонците пријателуваат
Македоноидите не ја разбираат таа филозофија. Разбирливо, тие се освојувачи, предатори. Тие наутро ги мразат Грците, напладне ја мразат Европа, навечер го мразат целиот свет. Искрено ги мразат и Албанците во Македонија. А најмногу од се, се разбира, не мразат нас, Македонците. Наспроти нив, ние, Македонците, никого не мразиме. Иако имавме многу маки и недоразбирања, покажавме дека со Албанците сакаме да живееме заедно, искрено и одговорно, а не калкулантски. Ние со Албанците сакаме да направиме договор за европска Македонија, а не договор за поделба на пленот по изборите, договор за поделба на моќта и на привилегиите, како што сакаат Македоноидите.
Со сите наши соседи, вклучувајќи ги и Грците, ние, Македонците, сакаме да градиме добрососедски односи. Проблемите сакаме да ги решиме со плодни компромиси. Сакаме да го споделиме наследството од минатото, богатството, ама и црнилата. И најмногу од се, сакаме заедно да се свртиме кон иднината, во која меѓу нас нема да има ни физички граници ни духовни меѓи. Таквата иднина на нашите деца треба да им донесе благосостојба и духовно богатство.
Македоноидите тоа не можат да го разберат. Така како што живеат со своето минато - сведено на една заводлива, но сепак мрачна приказна - така живеат и во сегашноста. Нивната земја, која ја делат со нас (претпоставувам, само привремено, додека не се осмелат да тргнат да го освојуваат светот), секој ден е посиромашна. Побогато е само чекмеџето на владата. Се зголемуваат само платите и примањата на тие што не произведуваат ништо, освен пропагандна магла и лажен оптимизам. Сите други пропаѓаат. Нивната виртуелна економија е кула од карти, која секој ден може да се распадне.
Ние, Македонците, произведуваме македонска струја, македонски челик, македонски фероникел, македонски текстил, македонско млеко, македонски јагниња, македонски домати и јаболка… И така е тоа со децении, не е од вчера. Ние сме вредни стопани и домаќини, а не ебиветровци, коцкари, растурикуќи.
Затоа не веруваме во економија во која трудот и општественото богатство се распределуваат со партиски книшки и со книговодствени апашлуци.
Македоноидите плукаат во нашиот бунар
Ние, Македонците, не веруваме во приказната „факултет во секое село”. Да, сега има повеќе ученици и студенти, но и помалку знаење од кога било досега. Тоа не е образование. Како што не е здравство здравството во кое се умира од грип и се пати од заушки. И како што не е култура културата што се сведува на промоција на кич, на проекти на корумпирани бездарници и на изградба на идиотски споменици и комични реплики. И токму како што не е спорт спортот злоупотребен за партиски промоции.
Македоноидите не знаат дека во изминатите децении оваа земја на светот веќе му подари прекрасна поезија, одлични романи, извонредна и препознатлива музика, театарски претстави што се паметат, филмови за лектира, успешни спортски приказни… Македоноидите го мразат тоа творештво. Тие плукаат во бунарот од кој пиеја нивните татковци. Тие ги величат своите нови Мефистофелеси, кои бездарно творат за нивниот фирер и за нивните скромни, турбофолкерски душички.
Македоноидите сакаат децата со сила да учат веронаука. Тие сакаат да се градат кичерски цркви наместо да се обновуваат и да се реставрираат старите светилишта. Наумиле да го забранат абортусот и од жените да направат машини за раѓање деца. Нетолерантни се кон зависниците од дрога, кон болните од СИДА, кон припадниците на сексуалните малцинства и воопшто, кон сите социјално маргинализирани групи, кои ја загрозуваат „чистотата” на нивната „раса”. И згора на се, со реклами цинично ни продаваат толеранција.
Ние, Македонците, пак, искрено ја сакаме својата црква. Тие што веруваат во Бога, веруваат искрено, со љубов и со христијански морал. Не го злоупотребуваат името Божје. Не му ги доверуваат оние работи што можат самите да ги завршат. Верниците Македонци сакаат нивните деца својата вера да ја примат со љубов, а не со меч. Тие ги почитуваат и припадниците на други конфесии, но и атеистите.
Ние, Македонците, сакаме да се раѓаат повеќе Македонци, но истовремено сакаме жените во оваа земја да имаат еднакви можности со мажите да се реализираат и во своите професии и кариери, а не само како мајки, особено не како платени мајки. Ние мислиме дека контролата на бременоста е многу подобро решение од абортусот, но не сакаме тој да се забрани.
Би можел да набројувам уште причини зошто одбивам да бидам Македоноид. Но, чинам дека и без тоа сосема е јасно дека Македоноидите многу се разликуваат од нас, Македонците. Ние сме два различни света. За жал, под влијание на жестоката пропаганда, се повеќе Македонци стануваат Македоноиди. Тоа е природно, зашто луѓето гледаат дека Македоноидите се на власт и дека шансите да се добие парче леб и скромно место во стадото се поголеми ако им се придружат.
Извесно време ќе биде вака. Јас се молам тоа време да не биде прекратко, бидејќи ние, Македонците, треба малку да пропатиме, кога веќе патиме од својата глава. Иако мислам дека империјата на Македоноидите ќе трае кратко, токму како и таа на нивниот славен и божемен предок, сепак го велам ова - дури и изборот на вечни патила наспроти приклонувањето кон нивната апсолутна власт, барем за мене, е првенствено естетски избор.
Имено, Македонците се убави луѓе. А Македоноидите се грди. Со тоа е кажано и одлучено - се.

http://geroski.mk/makedonec-ne-makedonoid/
 
Така делуваат ова бранковите платени новинарчиња негираат античко минато критикуваат преговарачки позиции се исмејуваат ...
 
Шо напрај бе Гоч,цел Шпиц си го препишал ебаго?:smir:
 
hehehehehe,sta reci , znaev deka toa ke go kazes.. site imate ista terminologija. i site pocnuvate kao so nekoja vrsta na dijalog, ednas dva pati repliciranje-normalno so izvrtuvanje ,i tretiot pat sledi "nema sto da odgovoris" a u meguvreme ti na nikoe prasanje ne odgovori ovde , ne samo na mene.. kolku od koj sekoj ke proceni,nali? lincuvacu :uvo:

Хехе, пробуваш да генерализираш, ме ставаш во некоја толпа, повторно етикетирање.... Или тоа ти е одбранбен механизам, да ги делиш луѓето на моите и твоите.... Или пак така ти е наложено да размислуваш....

Одговорив и не ми е тешко уште 100 пати да одговорам:
Ги повикувам на одговорност сите што се одговорни за пропагандата што се емитуваше на медиумите со покритие за кампања на еден весник. Доколку државата не најде начин да ги казни, тогаш го повикувам народот да ги казни...

Јас друго прашање не видов тука ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom