Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ха, сакав да го споменам ова кога ја пишав таа реченица ама ја си велам доста е, али добро што се сети. Баш како што си еРазговараат американец германец и македонец, кој како ја троши платата и дали му е доволна.
-Американецот вели: Ја зиам 3000 долари плата, 500 кредит за колата, 500 за куќата, уште илјада за живеачка и сметки, и уште илјада долари каде ми одат, поим немам.
- Германецот вели: Ја зимам 2500 евра плата. 500 евра плаќам кирија, 200 евра давам за превоз, 300 за алиментација, илјада евра за храна и струја и вода, и другите каде ми одат, ако знам да ме убиеш.
-Македонецот вика: Ја зимам 200 евра плата. Шест илјади денари за кирија, пет илјади за комуналии, седум илјади за основни намирници, пет илјади ми одат на ручеци по ресторани, уште пет за швалерката, три илјади да им купам по нешто на децата, четири илјади еден викенд до Охрид во месецот, две илјади за кафиња преку ден, илјада и петсто за телефон, и другите пари каде ми одат... стварно не знам![]()
Ако гледаш колку е потребно само за јадење (првиот линк) ќе забележиш дека за декември кошницата е 12.500. А просек плата била 17.000. Значи ако е стварно мучка со бројкава и ако просек е ај да кажеме 10.000, како само за основна прехрана (во декември кога цените беа пониски) се троши 12.000, а каде е вода, струја, телефон, па и интернетов сигурно не е бесплатен, облека како и погорните трошоци за нормален живот (бензин, автомобил, мобилен, друга техника, исхрана во ресторани, ..ај да не се дуплирам).
Во Скопје може да е просек 15 000,но во сите останати градови не надминува над 12 000 па ако сака и на трепки нека застанат.
А, на што се темели ова тврдење?
Не знам по кој метод се пресметувало, како се решени пиковите и сл... али не видов јас некој да даде издржана анализа, или било што слично, што ќе потврди дека бројката од 19 746 денари е нереална. Само чаршиски муабети од типот “Абе, Перо зима 9000, а Станка во Тинекс зима 6000, не може да биде просекот 20 000“.![]()
Не е моја таа математика. Бараше податоци, ете ги. Тие се за декември (кошница и плата). А тоа 10.000 се од претходните страни некои размислувања од други членови -реков ај да кажеме 10.000. И не е доволно 17.000 ако треба да јадеш за минимум 12.000, за сметки дефинитивно не. Само за струја, вода и случни основни задолжителни месечни давачки е над 6-7000, зависи на што се грееш, кај живееш, колку е за комуналии...Значи... само фактите извадени:
Официјално, потрошувачка кочница е 12 500. Ок
Официјално, просечна плата е 17 000. Значи, доволно за потрошувачка кошница и сметки.
Според тебе, просечна плата е 10 000. Значи, сите изумревме од глад.
Ми делува дека си ја утнал математиката :smir:
За жал нема друга институција која прави статистички истражувања за овие податоци.
Не е моја таа математика. Бараше податоци, ете ги. Тие се за декември (кошница и плата).
По вторпат, не тврдам јас, не реков инаде дека 19 и нешто не е нормална бројка, тоа го тврдат некои членови на темава. Па ако добро прочита рековЗа жал... Во секој случај.. ова, веќе, не е чаршиски муабет за Перо и Стојанка. :smir:
Епа, според официјалните податоци за кошница и плата, може да се преживее. Тие, фамозните, 10 000 кои што ги вметна (ти или било кој друг на претходните страни) не се совпаѓаат со математиката.
Не ти ја сфаќам насоката на муабетот. Тврдиш дека и тие 17 000 се премалку за да може да се преживее еден месец, а во исто време тврдиш дека просечната плата не е 17 000, туку (паушал) 10 000. Значи, повторно, сам се наметнува заклучокот дека сите изумревме од глад.
како што некој сака да прикаже дека е просекот многу мал.ако е стварно мучка со бројкава и ако просек е ај да кажеме 10.000
По вторпат, не тврдам јас,
Според тебе се малку или многу? ти како гледаш на просекот од 19.000, како местенка на податок или статистички вообичаен показател?
Паметам многу добро, но ако сфаќаш хипотетика, претпоставки...нема везе, вака убедувајќи се меѓусебно замина цела страна.Сеа, не ме терај да враќам назат.. во споредбата 17к со 12к од декември, *ти* напиша “да речеме дека е 10 000“... Не напишав јас, ебаго! ММЕ кој прв почнал, али ако не памтиш што си зборел, врати се малце назад, потсети се.. тоа е убавината на форумот.
Ај ти извади просек во малите градови:
-Во колонијал најголема 7 000 деанри
-Во конфекција најголема 8 000,при тоа најголем процент земаат 5 000
-И најголемото достигнување во приватна фирма 10 000 ејј,ако ти дадат 15 000 тоа веќе во богаташ те сметаат (раководно место)
Кој е просекот?