Студентски протест: Образованието не е бизнис!

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
На канал 5 вестите...на прашање од страна на новинарите кон еден муфљуз студент и една мочла студентка зошто не се приклучите на вашите колеги на протестот?....идиотиве одговорија...паа знаете многу е топло денес...нема временски услови за протест. ПУ! Мочам и плукам на ваквата група на студенти. Мивки у душа. Мивки бидете..мивки ке умрете!!!
па фала богу треба на кеј да ја ТЕРААТ ШЕМАТА::::::::
 
зошто не се изјасни првиот пат?:pipi:
само го плесна мислењето со линкот и коментарот ?или заборави да прочиташ што има напишано под фотографијата ?

Ај погледни што пишува во мојот прв пост!
Забележете една интересна фотка на... па линкот.... и тоа е се!
 
Ај погледни што пишува во мојот прв пост!
Забележете една интересна фотка на... па линкот.... и тоа е се!
реков двеста пати имплицираше дека протестот е организиран од некоја партија или во најмала мера се вмешани партиски членови
следниот пат пиши дали го осудуваш или не
а не само интересна фотка која може да се свати дека е пишано со иронија
 
Незнам само овие од електро што мајка бараат на протест...

Ќе видат што ќе ги снајде одгодина. Условите за запишување во бројчана валутна смисла ќе останат исти, ама се друго ќе стане срање. Лошата политика, нелогичните закони и недоволното внимание на ова поле ќе ги убијат техничките факултети особено ИИ на ПМФ и ФЕИТ. Лошо е што доста малку народ е свесен за ова.
 
Мое мислење зошто не излегуваат студентите на протести - кур ги боли... како за тоа, така и за се друго... повеќето студенти не се ни свесни што се случува околу нив... освен озборувањата кој со кого, и журките во B2... не знаат да погледнат подалеку...

За школарина... зошто да се замараат, мама и тато за што работат...
Плус истите тие мама и тато им викаат на студентите:
- Немој си излегол, ќе те натепаат, виде шо им направија на тие од архитектура...
- Нема да те пуштаат на испит, ќе се влечкаш со години по факултет...
- Гледај да си ги поминеш некако тие три години па ќе земиш партиска книшка па ќе се вработиш...

Ќути трај... тоа е мотото на македонците... и кога ептен ќе ти згусти кукај во твојот затворен круг...

Доволно е да ви кажам дека вчера слушнав две студентки како прашуваат кој е Самоил Малчевски :nesvest:

Со ваква младина...
 
Прво местенка со протести на плоштад (избери: СДСМ или ВМРО), сега местенка со протести на факултет (избери: ВМРО или СДСМ).
Значи утре да одиш да протестираш против глобално затоплување, ќе се појави некој партиски сељак да усере!
 
Кој и да е организатор на овие протести јас го подржувам. Што е битно дали се СДС или ВМРО ако им е ставот правилен? Или толку сме закрвени во партииве?
 
Сранко се враќа навистина се враќа:smir:
очекувано беше да има протести било на студенти,стечајци.... се знаеше дека ќе се штрајкува:helou:
а протестов го поддржувам иначе ама да не е ПАРТИСКИ =) вака како што беше сега не поддржуам
 
Уште понова вест!!!

ДПМНЕ промени еден од симболите на партијата. Од денес па натаму знамето на ДПМНЕ ке биде жолта петокрака со црвена ружа на плава основа. За прв пат новото знаме беше промовирано на денешните студенски протести во Скопје :nenene:
A зошто во Македонија се пласира мислење дека никој протест не смее да биде подржан од страна на некоја политичка партија ?

Зошто на пример не се дискутира за тоа дали одреден протест или штрајк е оправдан или не, туку веднаш му се наметнува политичка позадина ?
 
A зошто во Македонија се пласира мислење дека никој протест не смее да биде подржан од страна на некоја политичка партија ?
Секоја политичка/граганска организација може да подржи протес, тоа не е спорно. Само тоа треба јавно да се направи и со извештај да се потврди подршката, а не да се демантира. Тоа денес го направија ДПА и ЕРД за протестите во Тетово, но СДСМ се огради. Зошто јавно несака СДСМ да ја искаже својата подршка на денешните протести, а пушта свои активисти на истиот?!?!

Зошто на пример не се дискутира за тоа дали одреден протест или штрајк е оправдан или не, туку веднаш му се наметнува политичка позадина ?
Наполно се согласувам, само немој да заборавиш дека ти залепи партиска етикета во твојот пост, а мојот пост беше да укаже токму на тоа дека е погрешно и иронично се да се политизира.
 
Секоја политичка/граганска организација може да подржи протес, тоа не е спорно. Само тоа треба јавно да се направи и со извештај да се потврди подршката, а не да се демантира. Тоа денес го направија ДПА и ЕРД за протестите во Тетово, но СДСМ се огради. Зошто јавно несака СДСМ да ја искаже својата подршка на денешните протести, а пушта свои активисти на истиот?!?!
СДСМ само одговори на нападот од страна на ДПМНЕ кој вели дека протестите се организирани од страна на опозицијата.

Нели е малку дегутантно после се што ќе се случи во државава, ДПМНЕ прстот да го вперува веднаш кон опозицијата ?
 
СД
Нели е малку дегутантно после се што ќе се случи во државава, ДПМНЕ прстот да го вперува веднаш кон опозицијата ?

Па нели е симптоматично нивното “учество“ во секои можни протести?

И зошто би ти пречело на тебе лично нивното спомнување?

Веењето партиски знамиња на студентски протести само штета им носи на студентите.
 
Додека политиката меша прсти во нечии протести, штрајкови, барања и слично, народот нема да виде никаков аир од истите. А во Македонија токму тоа се случува. Протестот на бранителите на пример иако непартиски мотивиран сепак не доби на тежина и не доведе до исполнување на очекувањата на засегнатите.
 
Па нели е симптоматично нивното “учество“ во секои можни протести?
Дали во Полска е симптоматична подршката на опозицијата кон одредени протести ?
И зошто би ти пречело на тебе лично нивното спомнување?
Ми пречи универзалниот одговор од страна на власта - за се е виновна опозицијата.
Уствари власта и после три години владеење се однесува како да е опозиција.
Веењето партиски знамиња на студентски протести само штета им носи на студентите.
Не мислиш дека е можно некој намерно да подметнал партиски знамиња ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom