Црквата на плоштадот ќе ја гради МПЦ наместо Министерството за култура

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Црквата на плоштадот ќе ја гради МПЦ наместо Министерството за култура

Македонската православна црква е новиот градител на црквата на плоштадот Македонија. Власта соочена со кршење на Уставот и на секуларниот карактер на државата се откажа Министерството за култура да биде градител на Свети Константин и Елена. Секретарот на скопската епархија Коста Станоевски телефонски потврди дека МПЦ ќе биде инвеститор.

И покрај тоа што секретарот на епархијата најави дека за Алфа телевизија во камера ќе ги објасни и другите детали за изградбата на Свети Константин и Елена на договореното место за изјава не се појави со образоложение дека има многу работа. МПЦ уште нема добиено градежна дозвола - побарале сопственост на земјиштето од транспорт и врски каде ќе градат и очекуваат државата да им го даде местото оти возобновувале црква што постоела од порано.

Според законот за градба без да добијат сопственост на земјиштето не може да им биде издадено одобрение за градба од Центар. Станоевски тврди дека МПЦ од 2001 година бара да се гради црква на плоштадот и дека е нормално тие да бидат финансиери заедно со други спонзори. Пресвртот на имињата на инвеститорите од власта во МПЦ се случи по неколкуте преставки до Уставниот суд.

Власта се стопира претпазлива да не падне проектот пред Уставниот суд и ретерира. Инаку Алфа телевизија пред еден месец објави документ според кој Министерството за култура е градител на црквата – во него пишува дека советниците на Центар го ослободуваат Министерството од пари за комуналии при изградба на верскиот објект. Се отвора дилемата дали е законска промената на инвеститорот од култура во МПЦ и дали документите од старата процедура важат за новиот инвеститор?

Од МПЦ велат дека се работи на идеен проект – што е чудно оти на конкурсот на стариот инвеститор - култура веќе се избра проектот на Искра Атанасова и Владимир Лековски според кој требаше да се гради црквата. Најавата е дека за еден месец ќе почне градбата – нема проценка колку ќе чини објектот, но МПЦ очекува високи спонзорства што ќе помогнат во брзото изведување на Свети Константин и Елена.

Извор:
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=1&eventId=8114
 
Со оваа црква само ќе се зголеми урбаната катастрофа хаосот и разделеноста меѓу луѓево
 
Поддршка за црквата без разлика кој и да ја гради.
 
Значи параспур.
Промена на "инвеститор" ама останува ист проект.
Земјиштето не е на МПЦ, ама ќе се гради, не е важно како ќе се добие сопственост на тоа земјиште.

Ај нека ни е на здравје и џамија на плоштад на земјиштето на ИВЗ.
 
Епа ако се постави и џамија тоа ќе биде само поради црквата. Па и будистички храм можеби е добро да се изгради веќе отиде работава во политички препукувања и треба да се стави крај на хаосот.
 
Значи параспур.
Промена на "инвеститор" ама останува ист проект.
Земјиштето не е на МПЦ, ама ќе се гради, не е важно како ќе се добие сопственост на тоа земјиште.

Ај нека ни е на здравје и џамија на плоштад на земјиштето на ИВЗ.
За да се изгради џамија на тоа место мислам дека треба да помини на совет од општина Центар, не сум видовит ама искрено мислам дека нема да помини :smir:.
 
За да се изгради џамија на тоа место мислам дека треба да помини на совет од општина Центар, не сум видовит ама искрено мислам дека нема да помини :smir:.

Ќе помине бе мило, не се секирај. Како што поминало на совет да земјиште во сопственост на Град Скопје, од државен карактер да се даде на поклон на МПЦ, тогаш ќе помине и џамија на земјиште кое веќе е сопственост на ИВЗ.
Јебига, не сакам ни едно ни друго на таа локација да видам, сакам Скопје убаво да ми биде. Ама па тоа ти е, кога на Совет на Град Скопје нема веќе ниеден Скопјанин...така ни треба.
Крај краева, кога тогаш Трета Светска Војна не ни бега, па можеби откако ќе не срамни некоја нуклеарка, ќе почнеме да градиме така како што треба, а не така како што некој платил..

Како и да е, со среќа:pipi::smir:
 
Верскиве лопови место да градат објекти, нека ги дадат парите за хуманитарни пројекти...
 
Ќе помине бе мило, не се секирај. Како што поминало на совет да земјиште во сопственост на Град Скопје, од државен карактер да се даде на поклон на МПЦ, тогаш ќе помине и џамија на земјиште кое веќе е сопственост на ИВЗ.
А чекај нели и даваат на ИВЗ хартии од вредност за денационализација, и затоа ИВЗ се жали во второстепена комисија, јас мислам дека е така, и ако е така тогаш земјиштето не е на ИВЗ, ако не е поправи ме.
 
Не биди толку сигурен , пиле.
Но биди сигурен дека ке се преиспитат решенијата за сите џамии-дивоградби од 2001 па навака.
И на крај - булдожерот , се знае.:helou:
 
Ако се праиме на тошо, може до сабајле да се правиме паметни.
На ИВЗ да, и се даваат хартии на вредност.
ИВЗ не ги прифаќа, затоа и ќе ја добие жалбата, а овој потег само е плус за ИВЗ. Верска нетолеранција, каде што државата на едни им дава поклон земјиште на сред плоштад, на другите им одзима земјиште национализирано поради "државни потреби".
Што сакаш кажи, ама тоа така изгледа, и секој може тоа како така да го пласира, без разлика дали е така или не, што најмалку ме интересира во моментов.

МПЦ добива на поклон земјиште. На ИВЗ не му се дава нивното национализирано земјиште. Верска нетолеранција. Жалби малби...и ете ти џамија на плоштад. Можеби, после година две, кога ќе се изгради џамијата, па тие што не се согласуваат ќе ја проголтаат реалноста, можеби тогаш ќе увидат дека овој потег е само победа на ИВЗ :)
Едните добиваат црвка, другите добиваат џамија, власта пред народот ќе каже јебига, добија жалба, добија земјиште. И на крај сите среќни задоволни.
Искрено, мене ова лично ми иде во прилог. Ќе почнат цените во центар да опаѓаат, па ќе се шириме и на плоштад после:pipi::smir:

Не биди толку сигурен , пиле.
Но биди сигурен дека ке се преиспитат решенијата за сите џамии-дивоградби од 2001 па навака.
И на крај - булдожерот , се знае.:helou:

Добро бе Џони, терај инает, имај надеж. Разбирам јас, надежта последна умира.

Се гледаме после џума во Ања на кафе или пиво, како ти годе.
 
jas sum poise za jamija na plostad poso ima i makedonci muslimani i bosnjaci i turci i site drugi i bar nacionalno nema da se delat.
 
Добро бе Џони, терај инает, имај надеж. Разбирам јас, надежта последна умира.

Се гледаме после џума во Ања на кафе или пиво, како ти годе.

Па знам дека разбираш, паметен дечко си ти, ја ке те частам кафе, пиво ти бирај:helou:
 
А да поднесиме иницијатива за изградба на Џедаи Храм на плоштад... Ке има џамија, ке има црква, ова ке недостига. Ако погледните во списокот на религии на пописот од 2004 ке забележите дека освен христијани и муслимани на листата има и џедаи. Греота се луѓето да им ускратиме такво право.

+ ако се изгради такво чудо гарант ке биде 1000 пати попосетуван од црквата и џамијата заедно :baeh:
 
Да, и Дарк Ведар да го ставиме на икона:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom