- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Црквата на плоштадот ќе ја гради МПЦ наместо Министерството за култура
Македонската православна црква е новиот градител на црквата на плоштадот Македонија. Власта соочена со кршење на Уставот и на секуларниот карактер на државата се откажа Министерството за култура да биде градител на Свети Константин и Елена. Секретарот на скопската епархија Коста Станоевски телефонски потврди дека МПЦ ќе биде инвеститор.
И покрај тоа што секретарот на епархијата најави дека за Алфа телевизија во камера ќе ги објасни и другите детали за изградбата на Свети Константин и Елена на договореното место за изјава не се појави со образоложение дека има многу работа. МПЦ уште нема добиено градежна дозвола - побарале сопственост на земјиштето од транспорт и врски каде ќе градат и очекуваат државата да им го даде местото оти возобновувале црква што постоела од порано.
Според законот за градба без да добијат сопственост на земјиштето не може да им биде издадено одобрение за градба од Центар. Станоевски тврди дека МПЦ од 2001 година бара да се гради црква на плоштадот и дека е нормално тие да бидат финансиери заедно со други спонзори. Пресвртот на имињата на инвеститорите од власта во МПЦ се случи по неколкуте преставки до Уставниот суд.
Власта се стопира претпазлива да не падне проектот пред Уставниот суд и ретерира. Инаку Алфа телевизија пред еден месец објави документ според кој Министерството за култура е градител на црквата – во него пишува дека советниците на Центар го ослободуваат Министерството од пари за комуналии при изградба на верскиот објект. Се отвора дилемата дали е законска промената на инвеститорот од култура во МПЦ и дали документите од старата процедура важат за новиот инвеститор?
Од МПЦ велат дека се работи на идеен проект – што е чудно оти на конкурсот на стариот инвеститор - култура веќе се избра проектот на Искра Атанасова и Владимир Лековски според кој требаше да се гради црквата. Најавата е дека за еден месец ќе почне градбата – нема проценка колку ќе чини објектот, но МПЦ очекува високи спонзорства што ќе помогнат во брзото изведување на Свети Константин и Елена.
Извор:
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=1&eventId=8114