Груевски и Економијата-два различни поими

  • Креатор на темата Креатор на темата blaster1
  • Време на започнување Време на започнување
И јас истото го прашав, зошто министер не дал оставка кај нас од морални и слични причини (на почеток на странава). Ама најверојатно фотеља е слатка.

Сите лица-експерти кои сега критикуваат веќе се имаат испробано во власта, правеле исти или слични грешки, нивното име се појавило во исти или слични афери...така да немаат кредибилитет од самиот народ за критика и нови проби. Затоа и прашав во една друга тема (за политиката на сдсм) дали има лица кои сеуште се недопрени од овие афери, а да можат да се справат со состојбите во државата.

А што се однесува до непартиските...мислам дека додека не се на државна функција има такви-неопределени за партија, но со некоја идеологија, но што земат функција веднаш се определуваат, дали по своја воља или не... не знам.
И истите тие секако кога ќе дојдат во таа фотелја ќе си заќутат и ќе си продолжат со тендери, проекти, управни одбори (каде земаат огромна пара) и неменување на курсот. Во врска со парите и ќутењето, еве една статија од Вест
Ќе се преполоват паушалите во јавните претпријатија 18.000 денари, 7.000 денари...затоа и (помеѓу другото) тивко си легнуваат на брашно. Два три управни одбори, некоја набавка и ете оп хонда.

Оние кои најверојатно се побуниле или мислеле поинаку...па имавме многу реконструкции на влада низ историјата на мултипартизмот.
 
Не дека мутавиве политичари во глава немаат политика, туку си тераат некоја полесна за да може да го цицаат народот. Сега во моментов нема државата кеш, па ќе се казнува, или ќе се глуми лудило правекји маски на народот. Дур ние сите само седиме над тастарура и куцаме ке не еб*т како сакаат!! Има луѓе на форумов што знаат што зборат ама да ги видам да излезат во јавност. Никој тоа нема да го стори бидејќи зависат од власта или партијата. Може не директно они ама нивните родители се запослени во државна фирма или во некое министерство.

Епа дур се сите членови на политички партии така ќе биде, ќе се игра така како што ни свират!

Јас лично би излегол на ТВ или така нешто ама немам кредибилитет, со речиси 18 години, ке ме отераат у мајчината сите. А јас не сум политичар ниту сум некој економски гение. Има луѓе на форумов кои го имаат тоа што јас го немам! Е токму тие луѓе треба да излезат и да кажат што имаат да кажат!
 
Јас лично би излегол на ТВ или така нешто ама немам кредибилитет, со речиси 18 години, ке ме отераат у мајчината сите. А јас не сум политичар ниту сум некој економски гение. Има луѓе на форумов кои го имаат тоа што јас го немам! Е токму тие луѓе треба да излезат и да кажат што имаат да кажат!

Зарем секој ден нема некој што излегува на Тв или со колумни во списанија и кажува дека не не бива и дека треба вака и вака да се направи?И што се случува со тие луѓе?Добиваат етикета на квази експерт,човек од опозиција или глупак.
Треба масовност,треба окрупнување на мислата и дебати.
 
Тука не се дебатира овде само може да те навредуваат ако дадеш критика за некој што е на власт. Тоа се должи на немање пред се интелектуална свест, немање култура во водење дебата, секој мисли дека е во право другиот го плука и т.н. Окрупнување на мислата т.е. колективно мислење, колективна свест неможе да има се додека не се конструира индивидуалната мисла и свест иако се взаемни едни со други. Тие што се на власт без разлика од која политичка партија се несакаат луѓе што мислат нив им одговараат луѓе кои извршуваат, луѓе кои работат под директива на наредбодавецот, тој што мисли кратко опстојува на високи позиции во власта.
 
Тие што се на власт без разлика од која политичка партија се несакаат луѓе што мислат нив им одговараат луѓе кои извршуваат, луѓе кои работат под директива на наредбодавецот, тој што мисли кратко опстојува на високи позиции во власта.
Е да си жив/а, здрав/а, тоа е поентата или психологијата на властодржците. "Современа демократска" диктатура. Ако мислиш поинаку, отиде "главата", а и чекмеџето нема да се полни. Зошто инаку директори па и министри ставаат вообичаено (вообичаено, но не апсолутно, има исклучоци секако) помошници, советници, секретарки... кои се убиствено понизни во крајна линија кон својот надреден (во смисол да шефе). Затоа какви и да се советничките/работните тимови на министрите, ако не овие не ги слушаат барем малку нивните совети...џабе и Гејтс да го стават советник за информатичка технологија.

Зарем секој ден нема некој што излегува на Тв или со колумни во списанија и кажува дека не не бива и дека треба вака и вака да се направи?
Има Леандра, но тие ваљда не се од таа партија или се премногу интелигентни или слободоумни па може да се загрозат местата на одредени претставници на власта:smir:. Знаеш, со глупи дворјани и понизни слуги се осеќам како најпаметниот крал во кралството така некако идеше :)
 
Женско сум :)
Така е потполно се соглосуваме.
припадноста кон одредена група е заснована на заедничи интереси и иста цел. Ако некој скршнува од концептот на групата отиде чао.
 
Абе за масивна излезеност на народот или експертите не е можно!! Или ќе ги наречат опозиција или ќе фрлат прашина во стилот на еј овој тогаш згреши и сега неможе да е во право! И тука народот(70% од гласачкото тело се ВМРО) ќе рече ејј да беее... така беше, и тука во момент губи кредибилитет. Крај на приказната за него. Секое следно излегување на ТВ ќе биде реакцијата со нова приказна!

Секој ке мудрува кога има пчели работници со тони! Ако се побуни некој ќе го снема од сцената во истиот момент, на некој чуден начин самиот решил да се повлече.:vozbud::vozbud: Смешни се сите политичари кои мислат дека знаат што е најдобро. Абе ова треба да се одлучува со конзилиум, не само 1 решил вака и вака, и сите слушаат!

Самата јавност не знае што се случува во влада! Ејј и старците кај мене у маало ЕКС СОЦИЈАЛИСТИ викаат Г(р)ујо е звер!! Тоа не е хумано!! Типот во моментов мислам дека сака да ни ја продаде државава за некое островче, или приватно плажиче у друга земја!:toe::toe: Незнам што прави Г(р)ујо со толкава харзима и со толку голема желба за диктатура!!! Еј кај и да е ќе не праи како швабите!
 
Јас сум тапа за економија ама брзо учам :), ќе треба нешто да преземам во оваа област да поднаучам и применам, срамота е вака.
Колку што разбрав оваа криза не можат да ја контролираат и средат најголемите светски умови во економијата луѓе со Нобелови награди, а па не пак Грујо топла вода сега сакате да измисли. Сега засега добро е, ова како во вицот со оптимистот кога ќе го фрлат од зграда и додека паѓа си вели во умот сега засега добро е :). Се труди бре човекот да ја оддржи стабилна економијата, и досега му успева нема девалвација :toe:.
 
Јас сум тапа за економија ама брзо учам :),
Абе (ова абе незлонамерно:smir:) и ја сум тапа (се гледа и по моите пишувања, аматер-практичар) ама доволно е да знаеш дали стомак ти кркори или имаш вишок, дали семејството ќе го закрпиш со месечни примања, дали можеш да си приуштиш да земеш кредит или не. Едноставно не од книги туку од реалниот живот. А во реалниот кај Орце (Мида) се градат станови поскапи од Токио, веќе изградените (или во градба) се продаваат за над 2000 евра квадрат. Тоа некој треба да го купи.
 
Ќе ги купи тој што веќе има а јас немам:toe: Таму ќе има портир па ќе се најавиш доле и т.н. Јас сум видела зграда исто како хотел и мислев хотел е да не ти се верува, како алиса во земјата на чудата бев. Капитализам тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom