Македонија во НАТО не е закана за Русија
Битола - „НАТО не е способна да го реши меѓународниот тероризам, ниту пак светската економска криза. Евентуалната нуклеарна војна не е закана, но денес сме соочени со други проблеми. Кризата е толку силна што може да го загрози целото човештво“,
изјави вчера амбасадорот на Руската Федерација во нашата држава,
Владимир Солоцински, одговарајќи на новинарско прашање околу амбициите на Македонија за влез во НАТО и во ЕУ.
Идното зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО нема да ја промени глобалната геополитичка ситуација, ниту ќе придонесе за борба против тие предизвици. Меѓутоа, на Русија тоа не и' создава никаква закана“, рече Солоцински на средбата со новинарите во Битола. (А.Б.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6AF710EEAD28894494A32428B7544EF9
Немој само со “историски вистини“ да пукаш Славјански, бидејќи во секоја делба и пропаганди од страна на соседите Русија им помагаше и сеуште им помага.
На Париската мировна конференција, САД се залагаше за автономна Македонска држава, додека Русија беше ментор на поделбата во Букурешт.
Во 1948 Русите ги искористија Македонските војници на страната на Комунистичката Грчка партија со ветување дека ќе им помогнат да ги добијат своите права, а ги оставија на милост и немилост.
Декларативната поддшка тогаш беше само поради тие геополитички стратегии преку кои Русите сакаа влијание во Егејот, а баш ги здоболе за ситуацијата на Македонците.
Русија нафтоводите/гасоводите ги гради преку Грција, Бугарија и Србија а не преку Македонија.
Доколку може тоа да го прави во двете НАТО членки наши соседи што ги спречува кај нас?
Или имаат интерес во спроведувањето на Бугарско-Грчка политика во своја полза.
Идејата на Русија е да се врати на старите империјалистички позиции, каде сите политички противници ќе ги егзекутира во масовни гробници, плоштади и народот ќе живее во тотална сиромаштија додека Рускиот двор ќе гради златни кули.
Грција е тројански коњ на руската мечка
Според анализата, Грција и Кипар се посочени како агенти на руската политика, кои ја користат својата позиција во Европската Унија за да ги бранат руските интереси. Анализата се осврнува на агресивната руска политика кон ЕУ, со оцена дека Русија применува тактика „раздели па владеј“ и уфрлување „тројански коњи“ во ЕУ, кои потоа влијаат на разводнување на европското единство и исполнување на руските стратегиски цели.
Пријателските врски меѓу Русија и Грција и се припишуваат на се поголемата соработка во енергетската сфера, при што Грција ги поддржува нафтоводите и гасоводите блиски до интересите на Русија, како што е нафтоводот Бургас-Александропулос, кој ќе биде прв нафтовод во ЕУ под руска контрола, а ги обесхрабрува енергетските проекти што би ја заобиколиле Русија, како што е гасоводот Набуко.
Примерот со грчката закана дека ќе стави вето на приемот на Македонија во ЕУ, поради спорот со името, не е посебно посочен во анализата, иако Русија е водечки противник на проширувањето на НАТО.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1256&ArticleID=80648