Пофалба за направеното

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Не знам дали приметувате колку ни е станато нормално да критикуваме и да наоѓаме мани.
Денес поминав по Ул.Македонија и приметив (можеби со задоцнување) преубаво уредени нови зелени површини. Толку беа вкусно уредени што не ми одлута погледот до „Куќата на Мајка Тереза“ ни толку зборените скулптури...
Исто така ми текна и дека многу малку пишуваме за убави работи, се научивме секаде да гледаме корист и позадини...
Мене лично, пофалба многу ме мотивира, за разлика од критика. Можеби треба да почнеме инаку сите да се поставиме. Јас навистина не знам дали стариот или новиот градоначалник ова го правел ама од мене: БРАВО-многу е убаво!
 
Браво за стариот градоначалник која ја прекина лошата традиција на заминување и оставање на празна каса и салдо во минус
Барем една асална работа направи
 
дајте де уште примери...ајде тука примери за добро.:smir:
 
Би дал пофалба до владата за џиновските знамиња на повеќе важни локации низ Македонија (од кои две во Охрид, на Самуиловата Тврдина и на плоштадот), навистина е убавина да се гледаат.
 
Да ги видов и тоа во Охрид и тоа во Скопје и можам со задоволство да истакнам дека ми се исполни срцето.:pipi:
 
Би дал пофалба до владата за џиновските знамиња на повеќе важни локации низ Македонија (од кои две во Охрид, на Самуиловата Тврдина и на плоштадот), навистина е убавина да се гледаат.
и ја исто.
преубаво изгледаат градовите со знамињата
 
А дали ги ставиле македонските знамиња?

Би требало според цитатов:

До крајот на април ќе бидат поставени шеснаесет џиновски знамиња, кои чинат околу 54.000 евра, а ќе се постават на повеќе локации низ Република Македонија, информира Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Според информацијата, секое од знамињата тежи по еден тон. Проектот е дел од владиниот проект за јакнење на националната свест.
 
Пофалба за новиот градоначалник на К.Вода. Ни ги асфалтира сите дупки на улицата од стара Чешма до Економско-Борис. :wub:
 
Браво за стариот градоначалник која ја прекина лошата традиција на заминување и оставање на празна каса и салдо во минус
Барем една асална работа направи
Тоа и кафаната што си ја реновира.
 
Тоа и кафаната што си ја реновира.
реков барем една асална работа направи барем што се вика остави полна каса и дел од долговите расчистени за разлика од претходните градоначалници
 
Pofalba za ..... da receme sto konecno nekomu mu tekna da otvori tema za pofalbi.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom