Фан Клуб РК "Прилеп 2010"

  • Креатор на темата Креатор на темата Bops
  • Време на започнување Време на започнување
olaf
Првиот пријателски меч ќе се одигра в четврток во 19 часот, на домашен терен во салата од средното индустриско против екипата на РК Битола.
ај ако можиш пиши шо напрајвте вчера на пријателската :)
состав, стрелци и така нешто
позз
 
Убедлива победа со негде 8-9 голови разлика. Точен резултат не можам да ти кажам, нема семафор во салата, а немаше ни ливчиња со резултат на записничка.
Единствено Ангеловски не настапи поради некои лични обврски, а сите млади играчи добија шанса. Вака од око, најдобри стрелци беа Стојаноски и Бозароски, Петкоски постигна неколку голови од контри.
Се на се, добар настап како за прва пријателска, ако се суди според овој меч, во првенствените натпревари против РК Битола не би требало да имаме големи потешкотии.
 
РК Прилеп 27 - 21 Рк Битола

Доста грешки имаше и од едните и од другите, но сепак ова е прва утакмица и почеток на сезона така да очекувана беше непотполната уиграност на двете екипи. Пресуди квалитетот кој го поседуваме. Резултатот од почеток беше во наша полза, водството се движеше од 2 до максимални 9 голови разлика. Во листата на стрелци се запишаа доста играчи, а најдобар стрелец мислам дека беше крилото Петкоски.

Наредниот викенд играме во Гостивар, против екипата на Јехона.
 
ајде со среќа нека е. да се множат, па в година и ние да имаме тим во супер лига. прилеп го заслужува тоа.
 
Утакмицата со Јехона се игра на домашен терен, в сабота од 18:30. Гостите, најверојатно поради финансиски причини, решија да допатуваат во Прилеп.
Ова значи дека заедно со утрешниот не очекуваат 4 врзани натпревари на домашен терен (y)
 
па пиши како ќе заврши. нема да можам да дојдам :(
 
РК Прилеп 37 - 15 Јехона

Рутинирана и очекувана победа. До 8ма минута негде имавме водство 7-0, па се изврши целосна замена на првата постава, и до крајот се играше со младинците.

Нареден викенд исто така играме на домашен терен, против екипата на Работнички.
 
честито! да не дојде некој голман?
 
честито! да не дојде некој голман?

Е тоа заборавив да пишам. На минатата утакмица со Битола како прв голман настапи Соколоски-тренерот на голманите, а денеска не беше во составот. Најверојатно ќе се активира по потреба, кога ќе се очекува да е тесна утакмицата.
 
е па добро е де. за во супер лига ќе ни треба нов голман, засега немора.
 
Точно. Ако влезиме во Супер Лига, очекувам или Дупјачанец или Трајкоски од Радовиш да се вратат во Прилеп.
 
дупјачанец во радовиш е?
дај пиши кој маме од прилепчаниве надвор од пп или од мак?
шо стана со цветкоски, десниот бек, лукиќ? тренче знам дека е во пролет, мислам, другите?
пошто несум во прилеп за време на викенд, неможам да идам на утакмица :(
се надевам со работнички дека ќе можам. кога се игра?
 
Дупјачанец е Косово, годинава мислам дека го смени тимот, а Трајкоски е во Радовиш. Цветкоски е исто во Косово, лани играа заедно со Дупјачанец, годинава не знам дали и тој направи трансфер.
Лукиќ не игра повеќе колку што имам информации и моментално живее во Богданци. Трената уште од лани е во Зомимак, а Пеце Ѓорѓиоски игра во Тинекс. Когој замина на работа на Блискиот Исток, и засега нема најава дека повторно ќе игра. Мислам дека тие се тие.

Со Работнички најверојатно во сабота во 19:00. Среда-четврток ќе се знае дефинитивно терминот.
 
Прилеп 20 - 19 Работнички

На полувреме имавме водство од 13-8, а во второ полувреме само 7 постигнати гола :вонзем:. Во второ полувреме паднавме, нивниот голман се разбрани и се вратија Скопјани на гол негатива, но до крај остана така. 3 бодчиња в џеб :D.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom