Фан Клуб РК "Прилеп 2010"

  • Креатор на темата Креатор на темата Bops
  • Време на започнување Време на започнување
a koj rakovodi so klubot? pocnuvate da vlozvate vo rakometot ?
Glaven sponzor e Lokalnata samouprava, pretsedatel e privaten biznismen, a trener Orde Ilioski, ex reprezentativec. Lanskiot budzet gi pokri site trosoci, od patiki do hrana, a za godinava lokalnata najavuva zgolemuvanje na budzetot so cel da se privlecat poiskusni rakometari i da im se isplakja redovna plata. Na toa dodaj go i sponzorstvoto od nekoi firmi i se dobiva solidna suma na pari za eden klub od prva liga.
 
Има бе некое потенцијално играчиште или слабо ? Да се избациме и ние еднаш со некој репрезентативец, не само од Битола и Струга да има. :(

Ти одговорив, ама некако мислењето не се прикачило на темава.
Има солиден потенцијал во екипата, само треба многу работа и посветеност за да се стигне до репрезентација.Двајца играчи беа на поширок список на кадетска репрезентација пред 2 години, а фактот дека и двајцата играат со лева рака е доста значаен.Скоро на секоја позиција има по еден потенцијален солиден играч, а зошто да не и репрезентативец.

Инаку официјално е потврдено дека оваа сезона се оди на влез во Супер Лига.Засега двајца искусни ракометари дефинитивно се враќаат од странство, а се преговара и со уште неколку други.
 
^ тачно!
досега во клубот се вратија стојаноски дарко од германија и филип ангелески од грција. то ти се 2 нови бекови, среден и лев, искусни играчи со кои квалитетот на тимот ќе се зголеми. се чека уште 1 до 2 нови и сезоната можи да почни!
 
За играчите нема збор, навистина се квалитетни, ама......
Не знам зошто најпрво се донесоја играчи на позиции кои се покриени.Среден игра Локвенец а лев бек Бозароски кои се всушност единствени постари играчи во тимот, а засега нема најави за носење на крило или десен бек.Ама сепак, повеќе од добредојдени се искуството и квалитет на Стојаноски и Ангелески.

Останува да видиме кои други играчи ќе се донесат, засега се водат преговори со пикер, а има и најава за голман. Тука извисуваат крилните позиции кои ќе останат единствени на кои ќе има само младинци.

Собирот на екипата е утре на Могилата, каде и ќе се извршат кондиционите подготовки, а потоа најверојатно ќе се тренира во новата сала во Р.Р.Ричко.

Поопширни информации, утре после првиот собир :D.
 
ако дојдиш до квалитетни информации, сподели :)
 
Добро бе шо прајте со тој ракометот...?
Овај Џорџ фрла пари за џабе во женската екипа,наместо тие пари да ги префрли во машката екипа....барем таму вадевте добри деца....
Изгледа ептен по женските е Џорџ..:D:drk:
Барем овај вашиот градоначалник е курназ(за разлика од нашиот):tapp: ,нека се ангажира малце да му ебам мајката....резил ви е спортот....
Ко можи еден куп спонзори да најди за пивофест можи и за спортот...
Резил е да немате ниту еден клуб во прва лига....(од машките клубови)....
Овие Витаминка тешка пара фрлаат во репрезентација,реклами на Спорт Клуб,гледам и на Турново станале спонзори а за Прилеп ништо...:facepalm:
Изгледа тој Симон директорот е некој тежок каскатија...:D
Овие Златен Даб шо чекат?нека фрлат некоја банка....барем спортојте во сала не се толку скапи за одржавање....
 
Ќе ти одговорам чекор по чекор :D

За моменталната ситуација има погоре, ама ако. Засега сме во Прва лига, лани завршивме на петто место, годинава амбициите се некое место погоре и ако е можно влез во Супер лига. Првиот собир е закажан за утре ( уствари веќе денеска). Засега имаме 2 нови засилувања, Стојаноски и Ангеловски, кои се приклучуваат на досегашните носители на екипата Локвенец и Бозароски (ако се сеќаваш кога го имаш гледано Златен Даб со Пелистер, мора да ги познаваш играчиве). До почетокот на сезоната се планира да се доведат барем уште голман и пикер. Составот освен споменатите е претежно младински, деца излезени од школите на Тутунски, Златен Даб и РК Филип.

За Џорџ.... еве вест од пред 3 години кога клубот престана да се натпреварува . Прикаската со Џорџ е уствари многу интересна, ама не и е местото овде, така да слободно пиши ми ПП ќе ти раскажам надолго и нашироко :D.

За Мацко...тој е уствари главниот во клубот :D. Лани, кај него се водеја преговорите за повторно активирање на клубот и се согласи Локалната да е главен спонзор. Лани целиот буџет беше обезбеден од Марјанчо, годинава вети дека сумата која ќе се префрли на сметката на клубот ќе биде нешто поголема. Колку, останува да видиме.

За Симон...чим вие Битолчани сте разбрале дека е циција, изгледа има вистина :icon_lol:.
Тутунски кога престана да биди спонзор околу 2007-8 негде и се преселивме во Прва Лига, клубот го превзеде Прилепска Пивара и го преименува во Златен Даб. Пари имаше, клубот експресно се врати во Супер Лига....ама Пивара се откажа од спонзорството. Официјалната причина беа слабите резултати во лигата, ама како и сегде така и кај нас, имаше можеби не којзнае колкави, ама сепак доволни превари и мучки за Пивара да си се повлечи и да не сака да се меша повеќе.
Симон, ваљда поучен од искуството на Пивара со ракометот, не сака да ризикува и да инвестира. Плус, до лани Витаминка беше спонзор на 11 Октомври, ама се откажа поради истата причина- слаби резултати и го превзеде Турново и репрезентацијата.
Засега како спонзор од приватниот сектор единствено фигурира Конфекција Кули, ама чим Марјанчо е тука не треба да се грижиме за спонзори. Ако се влези во Супер Лига, тогаш друга приказна ќе биде. Сигурно Витаминка, Микросам, некој ќе пројави интерес за спонзорство, ќе се исплаќаат високи плати и ќе се донесат играчи одстрана, ама од Пиварата мислам дека во догледно време нема ништо да види ракометот во Прилеп.
 
olaf

Денеска од страна на стручниот штаб се потврди дека цел е пласман на врвот на табелата.
Лигата годинава ќе има поголем број на екипи, што значи дека ќе има минимум едно коло повеќе од ланската сезона. Датумот за првите утакмици сеуште не е одреден, ама ќе биде или 14ти или 21ви септември.

Тоа нас како клуб ни остава мал период за подготовки, ама со оглед на тоа дека никој не замина од екипата, а дојдоја двајца искусни и уиграни играчи временската рамка би требало да биде доволна.
Пикер нема да се носи, потрагата за таков играч е 99% завршена, останува уште доколку е тоа можно во наредните неколку дена да се договори еден голман. Екипата брои околу 19тина играчи, од кои еден или двајца е можно да се преселат во кадетската екипа, која годинава истотака ќе се натпреварува во соодветната лига. Првиот тренинг е утре, а на Могила ќе се тренира отприлика до крајот на август. Од септември дефинитивно се селиме во новата сала во Индустриското училиште и нашата екипа ќе биде првата која ќе стапне на подот во новата сала:D.
Исто така предвидено е да се изиграат две до три пријателски утакмици, најверојатно со екипите од градовите околу нас како РК Битола, Борец, Охрид или Струга.

Засега толку :)
 
а кој ќе биди пикер? оти велиш потрагата е завршена, а играч нема да се носи?
 
а кој ќе биди пикер? оти велиш потрагата е завршена, а играч нема да се носи?

Епа потрагата е завршена, затоа што единствениот кандидат кој можеше да потпише за нас, се откажа. Се работи за Ѓорѓиоски, играч на Тинекс, излезен од школата на Тутунски. Не се постигнал договор меѓу него и клубот.
Оттаму, нов пикер нема да има, бидејќи нема други играчи кои би дошле да играат за клубот, па така за позицијата на пикер ќе конкурираат двајца младинци, кои лани исто така беа дел од екипата, односно имаат зад себе цела сезона со сениорско искуство.
 
Иако никаде не беше најавено, денеска на екипата и се приклучи Менде Петкоски, кој минатата сезона ја помина во Зомимак М (y)
 
дај пиши шо има старо ново во клубот? :)

Па некоја конкретна новост нема засега.
Се тренира 6 пати неделно во новата сала, се увежбуваат одбраната и нападот.
За наредната недела се планира одигрување на една до две пријателски утакмици, најверојатно во среда и сабота, а стартот на првенството се очекува да биде на 21ви септември.
Точни информации, од понеделник натаму :)
 
olaf
Првиот пријателски меч ќе се одигра в четврток во 19 часот, на домашен терен во салата од средното индустриско против екипата на РК Битола.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom