ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62
НОВ МОДЕН ТРЕНД
Се повеќе Македонки ставаат трајна шминка
Трајната шминка се разликува од класичната тетоважа само по длабочината на внесување на боите и трае од три до пет години
Во последнава година е зголемен бројот на жените во земјава што прават трајна шминка, тврдат сопственичките на козметичките салони. Жените се решаваат за трајна шминка зашто немаат многу време за разубавување. Козметичарите ја препорачуваат ваквата шминка, но дерматолозите тврдат дека тоа на жените им носи повеќе проблеми отколку задоволство, зашто често се јавуваат инфекции опасни по здравјето на пациентката.
Трајната шминка се прави со помош на специјални игли што внесуваат микропигменти или бои на површината на кожата на очите, веѓите и усните. Боите исто како во трајните тетоважи се внесуваат со посебен апарат и тенки игли два до три милиметри под кожа. Тој што изработува трајна шминка мора да е многу прецизен, зашто се работи за многу чувствителни места. Трајната шминка се разликува од тетоважата само по длабочината на внесување на боите. Класичната тетоважа останува цел живот, а трајната шминка од три до пет години. Потоа боите бледнеат.
- Треба да се употребуваат само природни бои, кои не предизвикуваат алергии. Трајната шминка не е опасна по здравјето, но само ако се работи на здрава кожа и со стерилни игли. Нема можности од алергии или повреда на нервите, бидејќи се третира само површинскиот дел на кожата. Со трајната шминка се коригираат недостатоците на лицето и се истакнува тоа што е убаво. Најдобрите бои за трајна шминка се направени од природни материјали, еколошки. Тенките усни се зголемуваат, а бледите добиваат свежина. Веѓите се потполнуваат со тенки линии. На очните капаци треба да се работи многу внимателно. Линиите се цртаат на коренот на трепките. Очите така ќе изгледаат покрупни или со бадемест облик - објаснува таа.
Во салоните за убавина велат дека трајната шминка им е потребна на жените што имаат динамичен живот, на спортистките и на тие што се алергични на обичните шминки.
Повеќето домашни естрадни ѕвезди направиле трајна шминка, но не сакаат јавно да зборуваат за тоа. Единствено јавно неодамна призна фолк-пејачката Благица Павловска, која пред неколку месеци направила трајна шминка во Австралија. Таа вели дека направила добра работа за себе и дека сега веќе не се грижи дали ќе и се размачка карминот додека настапува.
- По третманот за трајна шминка ми треба многу помалку време за шминкање пред настапите. Сега изгледам свежо и без трошка класична шминка. Трајната шминка ја платив 600 австралиски долари, и за некоја година ќе ја обновам. Шминкањето не е болно, туку непријатно. Три дена ми беа отечени усните, но со мраз, антибиотици и со една специјална маст отокот спласна. Не се каам што ја направив, зашто со неа животот ми е олеснат - вели Благица.