Како по обичај и овој пат да не случајно ја нарушиме традицијата ни се случи празнично зголемување на цените на прехрамбените производи, само без паника овие цени имаат рок на важност само додека траат празниците.......
......ајт честито празници
Велигден ги крена цените на месото и земјоделските производи
Домати по цена и до 120 денари, килограм краставици 100 денари, Велигденските празници ја кренаа цената на земјоделските производи. Пазарите, месарниците и маркетите се преполни, за празникот се се’ купува и ретко кој штеди. Ќарот кај трговците, а граѓаните се жалат скапо е ама мора да се купи.
- За 20 проценти сите производи се зголемени, сиромаштија е ама мора да се купи, трговците само ни ги празнат џебовите.
Трговците се задоволни од работата, велат бројот на купувачи поради празниците е зголемен но и тие признаваат дека цените се превисоки за македонска плата.
- Скапо е ама поради оранжериите, тие ни ја креваат цената и ние мора поскапо да ги продаваме производите, вака е за секој празник.
- Па има работа, не се жалиме, се чувствува зголемен промет.
Јагнешкото месо годинава достигна рекордно висока цена. Се продава од 300 денари по килограм па нагоре.
- Свинското е од 240 денари па нагоре јагнешкото над 300 денари, скапо е а пензиите се мали.
- Сега си купив само чајна, јагнешко само малку.
Но високите цени не ги предомислија граѓаните. Голем дел од нив Велигден ќе го дочекаат со полни трпези. Но ако се земе во предвид просечната плата од околу 18 илјади денари и ако се подмират трошоците за храна и сметки од околу 13 илјади денари, граѓаните ќе имаат на располагање уште околу осумдесет евра.
http://www.time.mk/story_2daa83a765_article_9410115162.html